Претседателот Пендаровски одликува македонисти со Медал за заслуги (во живо)


Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ги одликува македонистите Златко Крамариќ, Зузана Тополињска, Јоуко Линдстет, Јежи Русек (постхумно), Кшиштоф Вроцлавски (постхумно) и Далибор Брозовиќ (постхумно) со Медал за заслуги за Република Северна Македонија.  

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик


Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го потпишал указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик, што во петокот го донесе Собранието на Република Северна Македонија. Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, донесениот закон ќе придонесе за подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, …

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик Read More »

Седуммина уметници ќе бидат одликувани со Орден за заслуги


Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија со почеток во 19:00 часот ќе ги одликува Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Северна Македонија. Церемонијата ќе биде директно пренесувана на Facebook страницата и на YouTube каналот на Претседателот.

Пендаровски му го врачи мандатот на Џафери за состав на техничка влада (во живо)


Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери за состав на преодната Влада која ќе функционира до изборот на новата влада која ќе се формира по парламентарните избори. По добивањето на мандатот, Џафери вети дека врз основа на законите и Уставот, преговорите за состав на преодната Влада ќе се одвиваат соодветно на …

Пендаровски му го врачи мандатот на Џафери за состав на техничка влада (во живо) Read More »

Пендаровски: М- НАВ е зрела за генерален ремонт, имавме реакција од НАТО за инцидентот


Во вечерашното интервју за „Тема на денот“ на Телевизија Сител, зборувајќи за последните случувања во М-НАВ, претседателот Стево Пендаровски потенцираше дека незадоволството на контролорите на летање трае подолго време и потсети дека нивниот синдикат реагираше и пред година – две, кога имаше обиди на данскиот конкурс да се примат неквалификувани кадри. „Се работи за дел …

Пендаровски: М- НАВ е зрела за генерален ремонт, имавме реакција од НАТО за инцидентот Read More »

Пендаровски за Божиќ: Верниците можат да придонесат кон обнова на довербата во нашата татковина


Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, господин господин Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев. -Дозволете ми да ви го честитам …

Пендаровски за Божиќ: Верниците можат да придонесат кон обнова на довербата во нашата татковина Read More »

Пендаровски: Да се сплотиме во напорите да создадеме праведно и хумано општество


Наместо да се истоштуваме во идеолошките и културни војни, да се сплотиме во напорите да создадеме праведно и хумано општество со јасни морални вертикали. На тој начин не само што ќе ја надминеме агонијата и ќе ја ублажиме кризата, туку и ќе ја вратиме надежта под македонското небо, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на …

Пендаровски: Да се сплотиме во напорите да создадеме праведно и хумано општество Read More »

Одлуката за втор мандат Пендаровски ќе ја соопшти до февруари, таа ќе зависи и од партиска поддршка


 Од личниот рејтинг и од рејтингот на потенцијалните политички поддржувачи, т.е. партиите кои би му дале поддршка, ќе зависи одлуката на претседателот на државата Стево Пендаровски дали ќе се кандидира за втор мандат за претседателските избори напролет.  Одлуката се очекува да ја соопшти на крајот на јануари или почетокот на февруари, најверојатно пред објавувањето на …

Одлуката за втор мандат Пендаровски ќе ја соопшти до февруари, таа ќе зависи и од партиска поддршка Read More »

Пендаровски ги посети транзитниот центар „Винојуг“ и припадниците на Армијата во Млаз Богданци


Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија и разговараше со претставници на институциите и организациите кои се ангажирани таму за Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија и разговараше со претставници на институциите и организациите кои се ангажирани таму за нивните тековни активности, регистрацијата на мигрантите и …

Пендаровски ги посети транзитниот центар „Винојуг“ и припадниците на Армијата во Млаз Богданци Read More »

Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието


Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието. Обраќањето на шефот на државата е согласно член 85 став 1 од Уставот, во кое ги известува пратениците за прашања од негова надлежност и е единствена точка на дневниот ред на 134. собраниска седница. Обраќањето на Пендаровски во Парламентот е последно во …

Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието Read More »

Пендаровски-Бегај: Неопходно е двете држави да продолжат со реформите


Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на која било изразено задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, при што била нагласена обостраната посветеност кон добрососедските односи. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, двајцата претседатели посочиле дека како сојузници во НАТО, двете држави …

Пендаровски-Бегај: Неопходно е двете држави да продолжат со реформите Read More »

Пендаровски оценува: Каде што не владее правото – владеат парите


  За борбата против корупцијата неопходно е етичко лидерство во самите институции, мора да се инсистира на навремени истраги и на правосилни пресуди. Апелирам до сите политички чинители конструктивно да се вклучат во овој процес, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на Шестата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската унија во  Македонија (НКЕУ-МК) на …

Пендаровски оценува: Каде што не владее правото – владеат парите Read More »

Пендаровски вчера испратил порака до кабинетот на Ердоган за екстрадицијата на Палевски


Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот ден испратил порака до кабинетот на турскиот колега Реџап Таип Ердоган, во врска со екстрадицијата на осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски.  Од кабинетот на Пендаровски не соопштуваат повеќе детали за содржината на пораката. Претседателот Пендаровски во интервју за „360 степени“ во понеделникот кажа дека размислува во следните …

Пендаровски вчера испратил порака до кабинетот на Ердоган за екстрадицијата на Палевски Read More »

ИКТ индустријата со најголем раст, неопходна е стратешка поддршка од државата


 Претседателот Стево Пендаровски денеска се обратил на приемот на Управниот одбор и на компаниите – членки на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. Пендаровски, истакнувајќи дека и годинава, според официјалните податоци, ИКТ индустријата бележи најголем раст и во однос на бројот на вработени и во однос на остварените приходи, потенцирал дека државата …

ИКТ индустријата со најголем раст, неопходна е стратешка поддршка од државата Read More »

Пендаровски: Со своето дело Св. Климент Охридски остави трајно наследство коешто изобилува со духовност и со мудрост


Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, господин господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед. -Дозволете ми да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски и …

Пендаровски: Со своето дело Св. Климент Охридски остави трајно наследство коешто изобилува со духовност и со мудрост Read More »

Ковачевски: Пендаровски влегува во профилот на потенцијалниот претседателски кандидат на СДСМ


СДСМ својот претседателски кандидат за изборите закажани на 24 април 2024 година ќе го бира преку дефинирана процедура, најдемократски. Актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски, ако го анализираме неговото работење во изминатите пет години, апсолутно влегува во профилот. Тој беше поддржан од коалиција која вклучуваше и албански партии, истакна премиерот Димитар Ковачевски, но не откри …

Ковачевски: Пендаровски влегува во профилот на потенцијалниот претседателски кандидат на СДСМ Read More »

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година


 Претседателот Стево Пендаровски на церемонија во неговиот Кабинет денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година, кое се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За „Најдобра млада научничка во општествените науки“ носителка на признанието е д-р Милка Ивановска Хаџиевска, која предава на Лунд Универзитетот во Шведска, …

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година Read More »

На самитот на ЕУ во декември нема да има добри вести за нас, смета Пендаровски


  Јасно е каков ќе биде исходот од декемврискиот самит на ЕУ, со оглед дека предусловот го имаме во европската преговарачка рамка, не можеме да го исполниме, тоа е очигледно. Во меѓувреме, за жал, поради тврдиот став на опозицијата, ништо не се промени во таа насока. И јасно дека во декемврискиот самит не може да …

На самитот на ЕУ во декември нема да има добри вести за нас, смета Пендаровски Read More »

Пендаровски – Фон дер Лајен: Измените на Уставот се од „стратешка важност“


  Претседателот Стево Пендаровски вечерва ја прими претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојува во посета на Република Северна Македонија. На средбата било посочено дека уставните измени се од „стратешка важност“. Од Кабинетот на претседатеолот Пендаровски соопштија дека на средбата беше разговарано за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во …

Пендаровски – Фон дер Лајен: Измените на Уставот се од „стратешка важност“ Read More »