Филипче: Експерти од ЕУ ќе обучуваат лекари во Македонија


Бараме партнер, универзитетска болница од ЕУ, со цел експерти, посебно за работи коишто не се изведуваат кај нас, да пратат доктори кои во Македонија ќе ги тренираат нашите лекари, вели министерот за здравство Венко Филипче во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Во таа насока веќе е разговарано со Министерството за здравство од Бугарија, а, …

Филипче: Експерти од ЕУ ќе обучуваат лекари во Македонија Read More »

Над 1.000 лица се разболеа од грип за една недела


Вкупно 1.085 граѓани заболеле од грип во последната недела од јануари, што е 70 отсто повеќе од новозаболените регистрирани една недела претходно. Тогаш беа регистрирани 637 нозаболени лица. Најмногу болни од грип има во Гостивар, објави Институтот за јавно здравје. Зад него е Тетово. Вкупниот број на заболени досега е 3.478 лица. Тоа е речиси …

Над 1.000 лица се разболеа од грип за една недела Read More »

Секаде се бара анестезиолог повеќе


Во болниците низ државата има за 30 отсто помалку анестезиолози отколку што е предвидено според систематизациите на работни места, велат лекари што работат на клиниките. На Клиниката за гинекологија работат 11, а треба да се 17 анестезиолози. Последниот бил вработен во 2004 година. Оттогаш немаат примено ни анестезиолог на специјализација. Со овој специфичен кадар кубурат …

Секаде се бара анестезиолог повеќе Read More »

Кашлицата е знак на скриени болести


Ова е време од годината кога многу луѓе кашлаат или поткашлуваат. Ако нема други симптоми на болеста, кашлицата обично поминува сама од себе за неколку дена. Но приближно во 20 отсто од случаите преминуваат во хронична кашлица. Доколку кашлате повеќе од еден месец, појдете на лекар. Вашиот организам можеби ви сигнализира дека станува збор за …

Кашлицата е знак на скриени болести Read More »

„Санте плус“ работеше и покрај забраната


Приватната болница „Санте плус“ вчера работеше и покрај тоа што завчера од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) доби забрана за работа додека не ги отстрани недостатоците што ги констатирал Инспекторатот по вонредна контрола, откако во оваа болница почина родилка од Кичево. Вчера се јавивме во болницата, од каде што ни рекоа дека работат редовно …

„Санте плус“ работеше и покрај забраната Read More »

Преку „Мој термин“ ќе се следат ретките болести и бременоста


Министерството за здравство ќе го унапредува системот „Мој термин“ за што распиша тендер од пет милиони денари. Според најавите, во системот ќе се надградат постојните, но ќе се воведат и нови функционалности. „Како еден од поголемите модули што ќе се воведе со новата надградба на системот е воспоставување софтверско решение за регистар на лица со …

Преку „Мој термин“ ќе се следат ретките болести и бременоста Read More »

За пет-шест години ќе нема кој да нѐ лекува


По околу 170 млади лекари годишно заминуваат од Македонија. Недостигот од специјалисти се чувствува во речиси сите поголеми болници и тоа ќе биде уште поголем проблем во иднина, предупредуваат претставници на лекарската фела. Според податоците на Лекарската комора на Македонија, на сите три медицински факултети во државата во една година дипломираат околу 200 студенти. До …

За пет-шест години ќе нема кој да нѐ лекува Read More »

Агенција за лекови: Доставувачите навреме да обезбедат инсулин


Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) соопшти дека имајќи ја предвид тековната состојба поврзана со достапноста, квалитетот и снабдувањето на пациентите со инсулин, единствено е одговорна за обезбедувањето на неговиот квалитет. Од Агенцијата апелираат доставувачите навремено да ги обезбедуваат потребните количини на инсулини и тие количини да бидат за подолг временски период од еден …

Агенција за лекови: Доставувачите навреме да обезбедат инсулин Read More »

Историски ден: Првпат е одобрена генска терапија, почнува од САД


Вчера во САД за првпат е одобрена генска терапија, која ќе се применува за деца и возрасни лица со некои од болестите предизвикани од мутација во точно одреден ген. „Luxturna“, како што се вика лекот, функционира така што испорачува нормална копија на генот директно во заболените клетки кои потоа произведуваат нормален протеин! Трошоците за лекување …

Историски ден: Првпат е одобрена генска терапија, почнува од САД Read More »

Симптоми на тумор кои мажите ги игнорираат


Мажите потешко од жените се одлучуваат да посетат лекар. За волја на вистината, некои мажи никогаш нема самоиницијативно да одат кај лекар  ако сопругите не ги натераат. Кога станува збор за тумор, од клучна важност е тој рано да се открие. Затоа рутинските, превентивни прегледи се од голема важност. Туморот откриен во рана фаза е …

Симптоми на тумор кои мажите ги игнорираат Read More »

Осигурани, а пак плаќаме: Секој месечно троши по 300 денари за здравство


По 1.010 денари по домаќинство или 298 денари по лице се трошат за здравство на месечна основа, покажа анкетата спроведена за потребите на студијата „Универзалното здравствено осигурување во Република Македонија и ефектите од спроведување на проектот ‘Здравствено осигурување за сите’“ на Институтот „Фајнанс Тхинк“. Анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од 1.200 домаќинства со вкупно 4.068 …

Осигурани, а пак плаќаме: Секој месечно троши по 300 денари за здравство Read More »

Канабисот ветува и кај третманите за психоза


Една состојка во канабисот наречена канабидиол или КББ покажа ветувачки резултати во клиничките испитувања, како потенцијален нов третман за психоза, објавија научниците. Тие спровеле испитување на луѓе со психоза и откриле дека пациентите третирани со КББ имале пониски нивоа на психотични симптоми отколку оние што примале плацебо. Психозата се карактеризира со параноја и халуцинации. Студијата …

Канабисот ветува и кај третманите за психоза Read More »

Србите на пациент му вградија целосно вештачко срце


Српски лекари вградија целосно вештачко срце кај пациент и тој по операцијата се чувствува одлично. Благодарејќи на зафатот на тим лекари од Институтот „Дедиње“, пациент со изразена срцева слабост, доби драгоцено време да почека соодветен орган за трансплантација. Тоа е пациент кој без вештачко срце не би можел да ја дочека трансплантацијата Српските медиуми пренесуваат …

Србите на пациент му вградија целосно вештачко срце Read More »

Српски доктори вградија вештачко срце


Првото вештачко срце во регионот е вградено во Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“ во Србија, објавија српските медиуми. Зафатот бил извршен во саботата од тим лекари на тој Институт врз пациент на возраст од 43 години, кој имал изразена слабост на работата на срцето и со тоа добил значајно време да почека соодветен орган и …

Српски доктори вградија вештачко срце Read More »

Отворена дополнителна амбуланта на Пулмологија, зголемен бројот на пациенти од загадувањето


Расте бројот на пациенти кои поради аерозагадувањето побарале помош на Клиниката за пулмологија. Затоа, како што вели директорот Докиќ, отворена е и дополнителна амбуланта со цел да ги прими сите пациенти со приоритетни упати. Со најлоша клиничка слика се хронично болните- оние со пневмонија, бронхитис, астма, белодробни фибрози, јавува Македонската радио телевизија.   „Аерозагадувањето смета …

Отворена дополнителна амбуланта на Пулмологија, зголемен бројот на пациенти од загадувањето Read More »

Лекот за болеста Вилсон бил нарачан уште пред два месеци, нема кој да го даде на пациентите


Речеси два месеци во депоата стои лек што значи живот за пациентите со ретката болест Вилсон, но тие уште не го добиле оти немало кој да направи нарачка и кој да ја потпише. Ова го откриле претставници на здруженијата за ретки болести, кои вчера отишле во кабинетот на заменик министерот за здравство, Гоце Чакаровски, да …

Лекот за болеста Вилсон бил нарачан уште пред два месеци, нема кој да го даде на пациентите Read More »

Заев се чуди кој да биде министер, пациенти се чудат зошто немаат лекови


Кога ќе има министер за здравство за да знаеме кого да прашаме зошто шест месеци го немаме потребниот лек, велат од Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретки болести „Вилсон Македонија“, откако одговор не добиле ниту преку архивата на Министерството. Тие се едно од здруженијата кое од поодамна укажува на состојбите во здравството, …

Заев се чуди кој да биде министер, пациенти се чудат зошто немаат лекови Read More »

На еден пациент со депресија, има уште четири што не се лекуваат


На еден болен од депресија, има уште четворица што не се дијагностицирани и не се лекуваат. Оваа болест на современиот живот станува водечки проблем секаде во светот и ни Македонија не е исклучок, велат психијатрите по случајот со професорката на Земјоделски факултет која се борела со депресијата и заврши трагично. Според официјалните податоци, за пет …

На еден пациент со депресија, има уште четири што не се лекуваат Read More »

Најчести причини за болести на срцето – препознајте ги и заштитете се


Срцевите болести се најмасовниот „убиец“ на населението. Зимата и ладното време го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларните болести, кои се вистинска епидемија на денешново време. На светско ниво, околу 17 милиони пациенти годишно умираат од кардиоваскуларни болести. Во Европа, бројката е околу 6 милиони починати пациенти за една година. Кардиоваскуларни болести се последици од нездравиот начин …

Најчести причини за болести на срцето – препознајте ги и заштитете се Read More »

Нов лек за срцева слабост


Лекот „Ернесто“, кој се употребува за лекување возрасни со хронична срцева слабост, од петок ќе биде достапен за пациентите во Ирска. Тој е еден од деветте нови високотехнолошки лекови кои ќе бидат ставени на располагање на околу 20.000 возрасни лица во Ирска кои страдаат од хронична, симптоматска срцева слабост. Компанијата што го произведува лекот соопшти …

Нов лек за срцева слабост Read More »