Турските актери од Истанбул ја носат „Буре Барут“ на „Долни Сарај“


Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Буре Барут“ на Дејан Дуковски, во режија на Јилдирај Шахинлер што на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот ќе ја донесат актерите на Народниот театар Истанбул. „Буре Барут“ на Дејан Дуковски е претстава што е прикажана во многу европски земји и пошироко. …

Турските актери од Истанбул ја носат „Буре Барут“ на „Долни Сарај“ Read More »

Дуке Бојаџиев: Охрид е срцето на Македонија


Вкусен спој на различна музика што ја соедини публиката на фестивалот „Охридско лето“ направи синоќа Дуке Бојаџиев кој одржа концерт на Долни Сарај. Овој извонреден музичар кој настапува на најпрестижните концертни подиуми ширум светот меѓу кои и Карнеги Хол во Њујорк, е секогаш скромен и  со позитивна енергија што мошне лесно и’ ја пренесува на …

Дуке Бојаџиев: Охрид е срцето на Македонија Read More »

Концерт на Дуке Бојаџиев на „Охридско лето“


Програмата на „Охридско лето“ за денеска предвидува две содржини, и тоа како централен настан концертот на Дуке Бојаџиев на Долни Сарај, како и мултимедијалниот проект на охридскиот уметник Драган Спасески Охридски. Дуке Бојаџиев е македонски композитор, пијанист и продуцент кој од 2001 година живее и работи во Њујорк. Тој има дипломирано на Медицинскиот факултет во …

Концерт на Дуке Бојаџиев на „Охридско лето“ Read More »

Пијано дуото Гебелшеви на „Охридско лето“


На програмата на „Охридско лето“ вечер е концертот на нашите уметници на пијано – дуото Гебелшеви. Уште од периодот на почетоците на своето делување во 2001 година пијано-дуото Гелебешеви составено од Катерина Гелебешева – Костадиновска и Глигор Гелебешев се промовира како ансамбл со ретка виталност и свежина на нашата музичка сцена. Настапите на дуото Гелебешеви …

Пијано дуото Гебелшеви на „Охридско лето“ Read More »

Албанските уметници Големи и Тершана уживаа во убавините на Охрид


Охрид е магичен, посебен  град со прекрасна енергија, воодушевено коментираа албанските музичарки, кои вчера прошетаа со туристичкиот водич на „Охридско лето“. Го посетија Музејот „Куќата на Робевци“ запознавајќи се  со автентичната градска архитектура,  болничките цркви Света Богородица и Свети Никола, Долна порта, црквата Света Софија. Со голем интерес слушаа за  365 те цркви, за историјата …

Албанските уметници Големи и Тершана уживаа во убавините на Охрид Read More »

Руската пијанистка Виолета Егорова на „Охридско лето“


Дваесет и шестиот ден од годинешното 59-то издание на Фестивалот „Охридско лето“ резервиран за целовечерен солистички концерт на руската пијанистка Виолета Егорова. Родена во Краснобар, Виолета Егорова почнала да свири пијано на четиригодишна возраст, дебитирајќи со целовечерен рецитал кога имала 12 години. Образованието го почнува во Централното училиште за талентирани деца во Москва, а продолжува …

Руската пијанистка Виолета Егорова на „Охридско лето“ Read More »

Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на Антички: Празник на гитарите


Пред преполн Антички театар, во магична атмосфера, големите виртуози на гитара Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ синоќа приредија  прекрасен роденденски концерт за 59. „Охридско лето“. Публиката што ја имаше од сите генерации, уживаше во беспрекорната изведба на двајцата уметници со светско реноме, а  пеејќи ги песните што се изведуваа, ги наградуваше Стефановски и Тадиќ и …

Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на Антички: Празник на гитарите Read More »

Роденден на „Охридско лето“: Концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на Антички


Фестивалот „Охридско лето“ веќе по традиција својот роденден 4 август го одбележува со несекојдневни доживувања, нудејќи содржини малку поинакви од вообичаениот фестивалски концепт, со концерти насочени кон привлекување поширок аудиториум. Нашата најреномирана и најголема музичко-сценска манифестација овој 59-ти роденден ќе го прослави вечерва со концерт на познатите уметници на гитара Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ …

Роденден на „Охридско лето“: Концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на Антички Read More »

Инва Мула: „Охридско лето “ е фестивал што се грижи за уметниците


-Особено ми значи што сум дел од 59-тото по ред издание на фестивалот „Охридско лето“, што подразбира дека станува збор за еден сериозен фестивал којшто навистина  се грижи за уметниците и за доловувањето на уметноста. Ова денеска на прес-конференција го изјави светски познатата оперска певица, сопранот Инва Мула од Албанија која вечерва, заедно со нејзините …

Инва Мула: „Охридско лето “ е фестивал што се грижи за уметниците Read More »

Охридско лето: Вечер со Камерниот оркестар на МММ


Музичката програма на „Охридско лето“ за вечер предвидува концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски Ѓумар“, со уметниците Олег Кондратенко на виолина, неговата колешка на виолина Софија Никоска и саксофонистот Иван Трајановски. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои повеќе од 32 години и е основан како прв сегмент на …

Охридско лето: Вечер со Камерниот оркестар на МММ Read More »

Охридско лето: Концерт на гитаристката Елена Папандреу 


Фестивалската програма на „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, со вечерашниот концерт на грчката уметничка на гитара Елена Папандреу. Папандреу настапува во повеќе од 40 земји во Европа, Северна и Јужна Америка, а како една од уметниците на програмата „Нови ѕвезди“ на Асоцијацијата на концертни сали на Европа добива можност да настапува и …

Охридско лето: Концерт на гитаристката Елена Папандреу  Read More »

Претставата Бакхи на Битолскиот театар на „Охридско лето“


Драмската програма на „Охридско лето“ за вечерва ја нуди театaрска претстава Бакхи – краток преглед на распадот по Бакхи од Еврипид, во изведба на Народниот театар од Битола. Режисерот на поставката Вук Торбица за драмата ќе каже дека од преостанатите и сочувани грчки трагедии на Еврипид, Бакхи се издигнува заради неколку тематски и формални причини, …

Претставата Бакхи на Битолскиот театар на „Охридско лето“ Read More »

Овации  за концертот на Стефан Миленковиќ на „Охридско лето“: Атрактивно, летно


Долги и стоечки овации, бисови, задоволна публика и уметници кои пленија со своето музицирање и со својата скромност и внимание кон публиката. Ваква беше атмосферата синоќа во црквата „Света Софија“ на концертот на српскиот виртуоз на виолина Стефан Миленковиќ и неговиот колега, пијанистот Владимир Милошевиќ за кој се бараше карта повеќе. Дуото Миленковиќ-Милошевиќ приреди квалитетна …

Овации  за концертот на Стефан Миленковиќ на „Охридско лето“: Атрактивно, летно Read More »

„Охридско лето“ : Концерт на руските уметници Шаповалов и Вершинин


Музичката програма на годинешното издание на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на руските уметници Денис Шаповалов на виолончело и Александер Вершинин на пијано. За маестро Шаповалов познатиот Мстислав Ростропович рекол дека е брилијанен талент, на што треба да биде горд. Она што го издвојува Шаповалов од останатите надарени виолончелисти во светот е неговото комплексно продирање …

„Охридско лето“ : Концерт на руските уметници Шаповалов и Вершинин Read More »

Концерт на квартетот „Терем“ од Санкт Петербург на „Охридско лето“


Единаесеттиот ден на годинешното издание на „Охридско лето“ резервиран за концертот на рускиот „Терем“ квартет од Санкт Петербург, во состав Андреј Константинов-сопран домбра, Андреј Смирнов- бајан/ хармоника, Алексеј Барсчев –алт домбра и Владимир Кудрјавчев на контрабас. Основан во 1986 година од страна на студенти од фолклорно-инструменталниот оддел на државниот конзерваториум „Николај Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург, …

Концерт на квартетот „Терем“ од Санкт Петербург на „Охридско лето“ Read More »

Вечер на ЕУ на „Охридско лето“: Импресивен настап на финскиот пијанист Мустонен


Традиционалната вечер на фестивалот „Охридско лето“ синоќа донесе концерт на финскиот пијанист Оли Мустонен. Публиката во црквата „Света Софија“ уживаше во звуците од пијаното со кое беспрекорно владееше познатиот пијанист Мустонен преку Сонатата за пијано во А-дур од Лудвиг ван Бетовен, Шесте мазурки на Фредерик Шопен, Сонатината во фис-мол од Јан Сибелиус, Сонатата за пијано …

Вечер на ЕУ на „Охридско лето“: Импресивен настап на финскиот пијанист Мустонен Read More »

Охридско лето во знак на класичната музика и уметноста


На фестивалот Охридско лето вечерва тројна програма. Во 21 часот со црквата Св. Софија концерт ќе одржи квартетот „Асасело“: Ростислав Кожевников, виолина; Барбара Штрајл, виолина; Јустина Шлива, виола и Тееми Мјоханен, чело. Членовите на „Асасело“ кариерата ја започнуваат со победата на натпреварот „Мигрос Културпроцент“ во Цирих по што следат турнеи и интернационални концерти во Унгарија, …

Охридско лето во знак на класичната музика и уметноста Read More »

„Охридско лето“ со полски гала-гости: Аплаузи за триото „Пендерецки“ со Хајдн, Рахмањинов и Дебиси


Триото „Пендерецки“ синоќа во црквата „Света Софија“ приреди концерт за паметење во рамките на Полската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Младите уметници, талентираниот пијанист Конрад Сколарски, виртуозот на виолина Јарослав Наджицки и извонредниот виолончелист Карол Марјановски изведоа пијано-трија од Јозеф Хајдн, Сергеј Рахмањинов и Клод Дебиси,а за одбраниот репертоар и за нивниот врвен артизам беа …

„Охридско лето“ со полски гала-гости: Аплаузи за триото „Пендерецки“ со Хајдн, Рахмањинов и Дебиси Read More »

Балет „Либертанго“ со Мијалкова на „Охридско лето“ 


Програмата на „Охридско лето“ вечерва нуди две содржини и тоа модерната балетска поставка „Либертанго“ на сцената „Долни Сарај“ од 22 часот и солистички концерт на уметникот на пијано Оли Мустонен од Финска. Балетската претстава „Либертанго“ на Астор Плацола е приказна што го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на …

Балет „Либертанго“ со Мијалкова на „Охридско лето“  Read More »

Полското камерно трио „Пендерецки“ на „Охридско лето“


Шестиот ден од програмата на годинешното 59-то издание на „Охридско лето“ нуди концерт на полското трио „Пендерецки“, составено од уметниците Конрад Сколарски на пијано, Јарослав Наджицки на виолина и Карол Марјановски на виолончело. Клавирското трио „Пендерецки“ е креирано со голем ентузијазам од страна на тројца од најдобрите и најзначајни полски музичари на денешницата. Долги години …

Полското камерно трио „Пендерецки“ на „Охридско лето“ Read More »