(Видео) Кратко, но силно невреме во Охрид – откорнати покриви


Краткотрајното, но интензивно невреме што попладнево го зафати Охрид, предизвика материјални штети. Силниот ветер откорна покрив од станбена зграда на улица „Мирче Ацев“ чии делови оштетиле повеќе куќи и автомобили во соседството. За среќа нема повредени, пишува Охридњус. Локалните жители раскажуваат дека оштетувањата на објектите се сериозни.   Невремето за кратко ги претвори охридските улици …

(Видео) Кратко, но силно невреме во Охрид – откорнати покриви Read More »

Чадеж: Охрид има потенцијал за заеднички инвестиции во туризмот


Охрид е град со многу потенцијал за развој на туризмот и дава можности за нови заеднички инвестиции во регионот, изјави претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, јави допсиникот на МИА од Белград. За време на посетата на Охрид, тој за срспките медиуми изјави дека на територијата околу Охридското Езеро има многу простор …

Чадеж: Охрид има потенцијал за заеднички инвестиции во туризмот Read More »

Мијалков ја смени адресата на живеење, сега е жител на Охрид


Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков ја променил адресата на живеење во Охрид. Мијалков на почетокот на месецов призна вина за случајот „Империја“ и треба да оди три години во затвор. Тоа значи дека тој казната би ја издржувал во затворот во Струга. „По добиеното известување од МВР на ден 19.07.2022 година, предметот со комплет …

Мијалков ја смени адресата на живеење, сега е жител на Охрид Read More »

Во Охрид се одржува „Базар на жени занаетчики“ и завршна конференција на женските бизниси


Триесет и пет жени занаетчики од Охрид, Битола и Скопје на главниот плоштад во Охрид денеска 15-ти јули со почеток од 20 часот ќе ги претстават своите дела пред туристите. Нивните ракотворби се инспирирани од македонските културни наследства од разни региони низ земјава.   – Ги покануваме сите локалци и туристи кои се во Охрид од …

Во Охрид се одржува „Базар на жени занаетчики“ и завршна конференција на женските бизниси Read More »

Некст Тајм и Лозано со заеднички концерт на Антички во Охрид


Некст Тајм и Влатко Лозаноски-Лозано  најавија заеднички концерт на 30 јули во Антички Театар-Охрид.  Охрид, како македонски туристички бисер, е најатрактивен налето за домашните и регионалните изведувачи. Лозано за кратко време на публиката и промовира две песни.  За роденденот ја промовираше „Ме нервираш“, а претходно  „После полноќ“. Со неговиот тим веќе работат на подготовки за …

Некст Тајм и Лозано со заеднички концерт на Антички во Охрид Read More »

Почнува 61. Балкански фестивал на народни песни и игри


Со целовечерен концерт на ансамблот „Танец“ вечер во Охрид почнува 61. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на центарот за култура „Григор Прличев“. Традиционално пред почетокот на концертот, учесниците на меѓународната фолклорна манифестација ќе продефилираат низ охридската чаршија. На сцената на Долни Сарај, до 11 овој месец, љубителите на фолклорот …

Почнува 61. Балкански фестивал на народни песни и игри Read More »

Чеди Осман и Ебру Шахин- славни турски кошаркар и актерка ќе се венчаат во Охрид


Кошаркарот на Кливленд Кавалирс Чеди Осман одморот го поминува со својата девојка, позната турска актерка Ебру Шахин во Македонија, која на социјалните мрежи сподели видео од забавата во Охрид. Ова и не е толку чудно бидејќи Осман своето детство го поминал на овие простори, бидејќи е роден во Охрид од татко Турчин и мајка Србинка …

Чеди Осман и Ебру Шахин- славни турски кошаркар и актерка ќе се венчаат во Охрид Read More »

Во туристичките места ќе се работи и во недела и за празници


Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија, со што се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија, Крешник Бектеши. Според министерот, со измените и дополнувањата на …

Во туристичките места ќе се работи и во недела и за празници Read More »

Порфириј од Охрид: На луѓето тука им било најважно да ја чуваат својата православна вера


Гледајќи ги светилиштата во охридско-струшкиот регион сфативме дека на луѓето тука најважно од се им било да ја чуваат својата православна христијанска вера, но не само да ја чуваат, туку и да живеат со православната вера, по евангелието, истакна денеска патријархот српски Порфириј по посетата на храмот „Св. Богородица – Перивлепта“ и Галеријата на икони …

Порфириј од Охрид: На луѓето тука им било најважно да ја чуваат својата православна вера Read More »

Во Охрид почнува Преспа форум за дијалог „Градење иднина на Западен Балкан во современата безбедносна архитектура“


Во Охрид денеска почнува дводневната меѓународна конференција Преспа форум за дијалог, во организација на Министерството за надворешни работи, чие овогодинешно издание го носи името „Градењето на иднината на западниот Балкан во современата безбедносна архитектура“. Преспа форумот за дијалог ќе ги опфати најгорливите безбедносни, политички и економски прашања со кои денес се соочуваат Европа и Западниот …

Во Охрид почнува Преспа форум за дијалог „Градење иднина на Западен Балкан во современата безбедносна архитектура“ Read More »

Од денеска посебен режим на сообраќај на подрачјето на СВР Охрид


Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од 16 до 18 јуни 2022 година, поради реализација на самитот „Преспа форум дијалог 2022“ што се одржува во Охрид, на подрачјето на СВР Охрид се преземаат соодветни безбедносни мерки со цел зголемување на степенот на мобилност во обезбедување на делегациите. Полициската станица за …

Од денеска посебен режим на сообраќај на подрачјето на СВР Охрид Read More »

Министерот Чупи побара авиолинија Тревизо – Охрид на иницијатива на иселениците во Италија


Министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи испрати барање до Министерството за транспорт и врски за дополнителни авиолинии на релација Тревизо – Охрид откако престојуваше во Италија и имаше средби со претставници на здруженијата на нашинците во регионот на Венето.   -Нашите активни здруженија во регионот Венето изразија потреба од авиолинија Тревизо – Охрид, бидејќи во …

Министерот Чупи побара авиолинија Тревизо – Охрид на иницијатива на иселениците во Италија Read More »

Србија отвора конзулат во Охрид


Република Србија донесе одлука за отворање на конзулат во Охрид, а за почесен конзул поставен е Михајло Филев, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е објавено во Службениот гласник на Србија, српскиот конзулат во нашата држава ќе ги опфаќа со работа следните општини: Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Дебар и Центар Жупа. 

Европски самит за дигитализација на судството во Охрид


„Придобивките од 4-та индустриска револуција како механизам за враќање на довербата во правосудството” е темата на Европскиот самит за дигитализација на судството кој од денеска во наредните три дена ќе се одржи во Охрид во организација на Министерството за правда, а под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски. На самитот, како што информираа организаторите, …

Европски самит за дигитализација на судството во Охрид Read More »

УХМР: Најмногу дожд во Охрид во изминатото деноноќие


 Во Охрид е измерено најголемо количество дожд во изминатите 24 часа, односно 28 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во изминатото деноноќие, според мерењата до 8 часот, 25 литри на метар квадратен наврнат воден талог имало во Дебар, 22 во Претор, 18 во Пожаране, 17 во Штип, 14 во Маврови Анови, Крива …

УХМР: Најмногу дожд во Охрид во изминатото деноноќие Read More »

Мурал за инклузијата го краси ООУ „Григор Прличев“ во Охрид


Муралот со љубопитно девојче, насликан на површина од 21 м2 на  училиштето „Григор Прличев“ во Охрид, испраќа порака за инклузивност, прифаќање на различностите и емпатија со оние кои живеат со најразлични предизвици. Муралот е симболичен подарок за крајот на учебната година од Халкбанк АД Скопје, која продолжува да испраќа важни општествено-одговорни пораки преку јавните простори. …

Мурал за инклузијата го краси ООУ „Григор Прличев“ во Охрид Read More »

Во Охрид ќе бидат презентирани дигитални решенија за туризмот


Дигитални решенија развиени од старт-ап, микро и мали ИКТ компании, што се погодни за дигитализација на работењето на компаниите од секторот туризам на денеска ќе бидат презентирани на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид. Презентацијата е дел од Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на швајцарската агенција за развој и …

Во Охрид ќе бидат презентирани дигитални решенија за туризмот Read More »

Давеник во Охридско Езеро, рибар се лизнал од карпа


Давеник утрово е пронајден во водите на Охридското Езеро, кај карпите меѓу плажите „Горица 2“ и „Горица 3“. Според првичните информации, се работи за несреќен случај со трагични последици. Рибар од Охрид се лизнал од карпата од која рибарел. Случајот за МИА го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, посочувајќи дека полициски екипи се …

Давеник во Охридско Езеро, рибар се лизнал од карпа Read More »

Продолжениот викенд повторно го наполни Охридското крајбрежје


Продолжениот Првомајски викенд, кој годинава се поклопува со празникот Рамазан Бајрам, повторно го исполни Охридското крајбрежје. Хотелските капацитети, според првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески, се исполнети повеќе од минатиот продолжен викенд за Велигденските празници. – Има гости, мислам дека хотелите се исполнети повеќе од Велигденските празници. Очекуваме 60 до 70 …

Продолжениот викенд повторно го наполни Охридското крајбрежје Read More »

Претстојните празници ќе го наполнат Охридското крајбрежје со гости


Велигденските и Првомајските празници ќе ги наполнат туристичките центри во земјава. Исполнетоста на сместувачките капацитети во хотелите на охридско-струшката ривиера за претстојниот продолжен викенд е 40 до 50 проценти, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески. Дополнително раздвижување на двата крај езерски града ќе овозможат домашните гости, дел сместени кај приватни сместувачи, …

Претстојните празници ќе го наполнат Охридското крајбрежје со гости Read More »