Алаѓозовски: Јас сум министер за култура додека Собранието не изгласа поинаку


Без разлика кој и да биде следен министер, тоа ќе бидат политики на континуитет, постои реформска агенда на Владата, која е донесена консензуално, националната стратегија е донесена со учество на целата културна фела, независниот сектор, институционалниот сектор, така што ние нема да дозволиме периодот кој што претстои да значи упорување или отстапување од реформите, изјави …

Алаѓозовски: Јас сум министер за култура додека Собранието не изгласа поинаку Read More »

Наградените композитори ќе го тужат министерот Роберт Алаѓозовски


Наградените автори на Конкурсот за откуп на нови музички дела, најавија тужба поради поништувањето на конукурсот. Како што информираат тие, го добиле Решение за поништување на конкурсот од страна на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, по два претходни налози од Државниот управен инспекторат. „По добивањето на решението за поништување на објавените награди, авторите ќе поднессеме …

Наградените композитори ќе го тужат министерот Роберт Алаѓозовски Read More »

Алаѓозовски во Пловдив, се договара македонското претставување во европската културна престолнина


Министерот за култура Роберт Алаѓозовски престојува во работна посета на Пловдив, Република Бугарија, на покана на пловдивскиот градоначалник Иван Тотев и бугарското Министерството за култура. Цел на посетата на министерот Алаѓозовски е да ја договори програмата, присуството и претставувањето на Македонија во рамки на програмата на Пловдив – Европски град на културата за 2019 година. …

Алаѓозовски во Пловдив, се договара македонското претставување во европската културна престолнина Read More »

Од 1 мај почнува пријавувањето за лекторски испит по македонски јазик


Од 1 мај почнува пријавувањето за полагање на испит за добивање на лекторска лиценца по македонски јазик. Пријавувањето ќе трае до 10 мај, а полагањето на испитот ќе се одвива на крајот на мај за што, како што информираат од Министерството за култура, јавноста дополнително ќе биде известена. Заинтересираните кандидати треба најдоцна до 10 мај …

Од 1 мај почнува пријавувањето за лекторски испит по македонски јазик Read More »

Алаѓозовски: Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура


Десет проекти од Годишната програма на Министерството за култура со вкупна вредност од осум милиони и 500.000 денари се повлечени по ревизијата на Комисијата од Министерството, информираше денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски при посетата на затворот Шутка. – Во овој момент комисиите ги разгледуваат и одлучуваат по однос на приговорите. Начинот на којшто ќе …

Алаѓозовски: Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура Read More »

Колективниот договор на вработените во културата пред финализирање


Министерството за култура информира дека нацрт колективниот договор за вработените во културата е подготвен, во консултации со претставници на синдикатите и на установите во културата, и целиот процес се очекува да се финализира до крајот на годината. Нацрт – колективниот договор за култура, како што најавуваат од министерството, целосно ќе го преуреди начинот на утврдување …

Колективниот договор на вработените во културата пред финализирање Read More »

Министерство за култура: Конкурсот за откуп на класични композиции ќе биде повторен


Министерството за култура соопшти дека Конкурсот за откуп на класични композиции за 2017 година, што лани во април беше објавен во дневниот печат, се поништува поради административни пропусти во неговото спроведување и дека ќе биде повторен, а право на учество ќе имаат и апликантите од поништениот конкурс. Соопштението од Министерството за култура е одговор на …

Министерство за култура: Конкурсот за откуп на класични композиции ќе биде повторен Read More »

Објавени па повлечени резултатите од Конкурсот за откуп на нови музички дела


Сојузот на композиторите на Македонија-СОКОМ реагира што од Министерството за култура сè уште не добил одговор зошто композициите избрани на Конкурсот за откуп на нови музички дела распишан во април минатата година биле објавени, а потоа и повлечени од веб-страницата на Министерството на 18 јануари годинава. – Наспроти досегашната пракса од изминатите конкурси, да се …

Објавени па повлечени резултатите од Конкурсот за откуп на нови музички дела Read More »

МОБ три месеци не исплатила танчар од Јапонија: Повредени ми се лигаментите, а немам пари да се лекувам


Јапонскиот танчар Кенто Терашита, кој е ангажиран како надворешен соработник на Македонската опера и балет, се пожали дека три месеци не го добил својот хонорар и дека тоа му задава проблеми во нормалното живеење во земјава. Терашита преку својот фејсбук-профил се огласи барајќи помош како да се справи со ситуацијата во која се наоѓа. Посочува …

МОБ три месеци не исплатила танчар од Јапонија: Повредени ми се лигаментите, а немам пари да се лекувам Read More »

Алаѓозовски: Личните трошоци не надминуваат месечно ниту 6.000 денари


Министерот за култура Роберт Алаѓозовски вели дека трошоците кои му се припишуваат нему, изведени од алатката за транспарентност која ја промовираше Владата, се вкупни трошоци во рамките на министерството. Тој вели дека од сумата од речиси 9.000 евра за угостителски услугии не се издвоени неговите лични трошоци кои не надминуваат 6.000 денари месечно. – Расчленетите …

Алаѓозовски: Личните трошоци не надминуваат месечно ниту 6.000 денари Read More »

Уметниците бараат нов Закон за култура


Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) побара поинтензивен ангажман од Министерството за култура за итно составување нов Закон за култура во чие креирање ќе бидат вклучени претставници на синдикати и носителите на дејност. Претседателката на синдикатот, актерката Сања Арсовска рече дека во Националната стратегија усвоена од Владата е вметнато дека новиот закон ќе биде …

Уметниците бараат нов Закон за култура Read More »

Министерството за култура ќе го раскине договорот за споменикот Мајка Тереза


Грандиозниот споменик во чест на Мајка Тереза што се гради на плоштад нема да го добие конечниот лик, скулптурална композиција со објект со тераса, фонтана, како и споменици на Мајка Тереза, милосрдни сестри и други компонентни кои на места требаше да достигнат висина и до 20 метри. Министерството за култура одлучи да не го реализира …

Министерството за култура ќе го раскине договорот за споменикот Мајка Тереза Read More »

Саемот на книгата годинава ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“


Годинешното јубилејно 30. издание на Саемот на книгата ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, велат од Министерството за култура за „Независен весник“. – Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и љубителите на книгата. Саемот за книга годинава ќе се одржи во салата Борис Трајковски, за што Министерството за …

Саемот на книгата годинава ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“ Read More »

Алаѓозовски: Разрешени се голем дел од спорните проекти во годишната програма


Најголем дел од спорните ситуации во Годишната програма за култура се разрешени со повлекување на проектите од страна на учесниците, а за дел од случаите е потребно и мислење од Антикорупциската комисија, изјави денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Скопскиот аквадукт, министерот Алаѓозовски рече дека жалбената постапка ќе …

Алаѓозовски: Разрешени се голем дел од спорните проекти во годишната програма Read More »

Алаѓозовски: Годинава се зголеми поддршката за култура на Албанците


Поддршката за културата во РМ за граѓаните од албанска националност е четирикратно зголемена во однос на сите досегашни практики. Ова како и големите проекти за обнова и изградба на тетовскиот театар и албанскиот театар, Деновите на Наим и голем број манифестации содржани во Годишната програма гарантираат дека годинава ќе има богата и квалитетна програма на …

Алаѓозовски: Годинава се зголеми поддршката за култура на Албанците Read More »

Министерство за култура: Сите информации за злоупотреби во годишната програма доставете ги до нас


Министерството за култура упати повик до јавноста за сите информации или индиции за прекршувања или злоупотреби во врска со резултатите од годишната програма за 2018 година, истите да ги достават до Министерството. „Наша недвосмислена определба е процесите на одлучување да бидат целосно транспарентни, да бидат фер и објективни, согласно начелата, критериумите и пропозициите на конкурсните …

Министерство за култура: Сите информации за злоупотреби во годишната програма доставете ги до нас Read More »

Министерство за култура: Ќе се ревидираат одлуките за најрелевантите забелешки


Сметаме дека комисиите си ја завршија добро нивната работа во процесот на одлучување, со оглед на сите ограничувачки околности, но ги прифаќаме забелешките на јавноста. Комисиите ќе ги ревидираат нивните одлуки во однос на најрелевантите укажувања. Техничките пропусти ќе бидат коригирани веднаш, а дел од другите приговори преку жалбената постапка, соопшти Министерството за култура за …

Министерство за култура: Ќе се ревидираат одлуките за најрелевантите забелешки Read More »

СОНК: Дел од одобрените проекти за култура се сомнителни


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК) денеска реагира за расределбата на средствата од буџетот на Република Македонија, преку Министерството за култура на име за проекти, на кои конкурираат организации од граѓанскиот сектор. Исто така синдикалците бараат и продолжување на преговорите за потпишување на Колективниот договор. Во соопштението, СОНК реагира на, …

СОНК: Дел од одобрените проекти за култура се сомнителни Read More »

За џезерите одвоени 185 илјади евра за пет месеци


Македонија станува џез-нација. За период од пет месеци, одвоени се вкупно 185.217 евра буџетски пари за џез-концерти, работилници и гостувања. Сумата е пресметана врз основа на последните резултати од годишната програма на Министерството за култура за 2018 година, на поддржаните проекти од областа на културата од Град Скопје и на резултатите од „Новиот културен бран“. …

За џезерите одвоени 185 илјади евра за пет месеци Read More »

Директорите на културните установи за една година ќе треба да докажат дека знаат англиски јазик


Кандидатот за директор на национална установа од областа на културата ќе може покрај другите пропишани сертификати да го поседува и уверението АПТИС како доказ за активно познавање на англискиот јазик. Тоа се предлага со измените на постојниот Закон за култура, како и од него да се избрише условот кандидатот да има психолошки тест и тест …

Директорите на културните установи за една година ќе треба да докажат дека знаат англиски јазик Read More »