Културните работници на протест ја бараа ветената 12 отсто зголемена плата – министерката попладнево им ја овозможи


Како што најавија, вработените во културните институции и денеска повторно излегоа на протест пред Министерството за култура поради неисплата на мартовските плати на над 3.000 вработени, а обвинуваат дека нема да го добијат и зголемувањето од 12% кое им следи согласно колективниот договор. Од Синдикатот на култура велат дека иако вчера имале средба со претставници …

Културните работници на протест ја бараа ветената 12 отсто зголемена плата – министерката попладнево им ја овозможи Read More »

Советот на СОНК одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура


Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК)  на денешната вонредна седница едногласно донел одлука в понеделник, 22 април, во 11 часот да организира протест пред Министерството за култура поради неисплата на плата за март за околу три илјади вработени во културата. Одлуката на Фејсбук ја соопшти претседателот на СОНК Јаким Неделков кој …

Советот на СОНК одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура Read More »

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска ќе има вонредна седница на Советот на која ќе одлучи за натамошни чекори поради доцнењето на мартовската плата за околу три илјади вработени во дејноста култура. Претседателот на СОНК Јаким Неделков на прес-конференција рече дека веројатно ќе донесат одлука за протест, иако е период на избори, …

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура Read More »

Синдикатот за култура контра министерката: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто


Синдикатот за култура на Македонија реагираше дека вработените во институциите од културата со мартовските плати нема да добијат зголемување за 12, туку за два отсто. Од таму велат дека директорите на националните институции добиле нацрт -решение за пресметка на платите, но одредбата од Општиот колективен договор , каде на основицата за пресметка на плата следува …

Синдикатот за култура контра министерката: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто Read More »

(Во живо) Потпишување договори за капитални дотации во културата


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалниците корисници на средства од Програмата за користење капитални дотации за инвестициони проекти во единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2024 година ќе потпишат договори за избраните проекти.  Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска појаснува дека оваа година е обезбеден поголем буџет, 50 милиони денари, со кој единиците …

(Во живо) Потпишување договори за капитални дотации во културата Read More »

Влезниците за студентите во културните установи на 50 отсто


Студентски попуст од 50 отсто за влезниците во сите национални установи од областа на културата беше договорен денеска меѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која  во својот кабинет се сретна со претставници на Универзитетското студенско собрание при што беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Универзитетското студентско собрание  при Универзитетот „Св. Кирил …

Влезниците за студентите во културните установи на 50 отсто Read More »

Креативните индустрии во фокусот на Конкурсот за поддршка на проекти во културата за 2024 година


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, соопшти дека денеска точно на пладне се отвара системот за електронско пријавување на Конкурсот за поддршка на проекти од национален и јавен интерес во културата за 2024 година. Таа на денешната прес-конференција истакна дека главните приоритети за секоја дејност и област остануваат исти, а тие се, како што посочи, квалитетот, …

Креативните индустрии во фокусот на Конкурсот за поддршка на проекти во културата за 2024 година Read More »

Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД


Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство. Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, пренесе Гласот на Америка. -Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот …

Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД Read More »

(Галерија) Се вежбаше спасување од земјотрес – објектите од културата немаат дури ни сандачиња за брза помош


Поголемиот број од установите од културата не се приспособени за појави како земјотрес. Установите не располагаат со видео надзор, систем за автоматско гасње на пожар, противпожарни апарати, сандачиња за брза помош, ниту пак шеми за евакуација и знаци за насочување кон излез од објектот. Ова беше истакнато на денешниот Форум во Музејот на Град Скопје …

(Галерија) Се вежбаше спасување од земјотрес – објектите од културата немаат дури ни сандачиња за брза помош Read More »

„Денови на македонската култура“ во Белград


Манифестацијата „Денови на македонската култура“ е отворена во Белград со изложбата на слики „Очите гледаат сѐ“ на авторката Гордана Јаневска, во галеријата „Никола Радошевиќ“. На отворањето на изложбата, што ќе трае до 21 мај, пригодни говори и поздрави имаа Зорица Митровиќ, претседател на македонското друштво во Белград „Македониум“ и Синиша Новески, скулптор и уметнички директор …

„Денови на македонската култура“ во Белград Read More »

Најголем дел од домашниот буџет се троши на храна и пијалаци, најмалку на здравје, култура и образование


Домаќинствата во 2021 година најмногу од домашниот буџет – 47 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб – 255 килограми, компир – 92,2 кг и месо 58,9 кг. Домаќинствата во просек испиле 226 литри безалкохолни пијалаци и 50,9 литри алкохолни. …

Најголем дел од домашниот буџет се троши на храна и пијалаци, најмалку на здравје, култура и образование Read More »

Ќе се основаат три национални установи од областа на културата


  Владата на предлог на Министерството за култура денеска разгледа и усвои информации за потребата од основање на три национални установи од областа на културата. Ќе се основаат национални установи „Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, „Музички театар“ во Република Северна Македонија – Тетово и национална установа „Камерен оркестар на Битола“ – Битола. „Меморијален …

Ќе се основаат три национални установи од областа на културата Read More »

Битола не живее на стара слава, градот продолжува да создава култура (фото)


  БИТОЛА – Градот под Пелистер има богато културно наследство, но и актуелно творештво, каде културата е поставена високо на приоритетите на локална власт. Тоа годинава, како ретко кога досега го потврди и културното лето Бит Фест 2022, каде на културните настани, ни повеќе ни помалку што би рекле битолчани имаше посетеност како од половина …

Битола не живее на стара слава, градот продолжува да создава култура (фото) Read More »

Меѓу Турција и Македонија постојат силни културни врски


Советничката за култура и промоција на Република Турција во Скопје, Чигдем Ѓуллу, беше во проштална посета на Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. На средбата беше истакната потребата од развивање на соработката на нови области коишто се директно поврзани со културата, соопштија од Амбасадата на Република Турција во Скопје. Чигдем Ѓуллу, којашто истовремено е и уметничка, …

Меѓу Турција и Македонија постојат силни културни врски Read More »

„Култура под небото“ – културна манифестација во Паркот на Франкофонија


Од денеска до 15 јуни, на отворената сцена во Паркот на Франкофонијата ќе се одржува културната манифестацијата „Култура под небото“, кој е во организација на „Булфрогс Балет“ и „Булфрогс продукција“, а поддржан од „Халкбанк“ АД Скопје, Општина Центар и „Алфа Парф“ Милано – Македонија. Како што информираат од „Булфрогс Балет Продукција“, „Култура под небото“ е …

„Култура под небото“ – културна манифестација во Паркот на Франкофонија Read More »

Млади од 10 земји од регионот на манифестацијата „Балканот е срцето на Европа”


Со театарската претстава „Пеликанот“ од Аугуст Стриндберг,  во режија на Теодора Сиљаноска и  во изведба театарски уметници од Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, денеска, ќе отпочне годишниот настан: „Балканот е срцето на Европа” – Евроинтеграциите на Балканот меѓу реалноста и илузијата. На настанот, во организација на ACADEMIA BALKANICA EUROPEANA, со поддршка на Министерството за култура, и …

Млади од 10 земји од регионот на манифестацијата „Балканот е срцето на Европа” Read More »

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во Софија


Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, вечер со почеток од 18:30 часот концерт ќе одржи Младинскиот оркестар при Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово насловен „Музиката нема граници“. Како што соопштуваат од КИЦ од Софија, оркестарот, кој е формиран во 2020 година и функционира под уметничкото раководство на Александар Митрички, се …

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во Софија Read More »