Јавните пари се трошат без контроли


Најавите дека до крајот на неделата ќе биде избран новиот главен државен ревизор нема да се остварат. Партиите и натаму не можат да дојдат до компромисно име, а за тоа време Државниот завод за ревизија (ДЗР) е целосно закочен. Ревизорите не можат да излезат во контрола на државните институции, не можат да ги извршат основните …

Јавните пари се трошат без контроли Read More »

Државните ревизори не можат да влезат во ниту една државна институција


Државните ревизори веќе не можат да влезат и да направат финансиска контрола во ниту една државна институција. Вработените во Заводот велат дека не можат да си ги вршат редовните задачи, бидејќи парламентот им ги врза рацете. Имено, Заводот за ревизија со месеци нема главен ревизор, а од почетокот на месецот му истече мандатот и на …

Државните ревизори не можат да влезат во ниту една државна институција Read More »

На Катица ќе ѝ кажат „чао“ по празникот


Како за ретко кое прашање досега, партиите и од власта и од опозицијата се сложни да ја разрешат Катица Јанева од функцијата прв човек на Специјалното јавно обвинителство. Првиот филтер вчера беше поминат за помалку од еден час, без ниту една дискусија, а конечниот ќе биде одработен веднаш после празникот на независноста. Дотогаш, партиите ќе …

На Катица ќе ѝ кажат „чао“ по празникот Read More »

ВМРО-ДПМНЕ тешко се одлепува од Груевски


Голема е веројатноста поранешниот премиер и долгогодишен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, сега азилант во Будимпешта, да остане пратеник. Без гласовите на опозицијата, која вчера се воздржа од гласање за предлогот за одземање на неговиот мандат, парламентарното мнозинство тешко ќе ги обезбеди потребните 80 гласови, и покрај шестмесечното отсуство на Груевски, кое е  евидентирано како …

ВМРО-ДПМНЕ тешко се одлепува од Груевски Read More »

Избрани новите антикорупционери


Собранието на Република Македонија денеска со 65 гласа „за“, 10 воздржани и ниту еден глас „против“ ги избра новите членови на Антикорупциската комисија. За претседател на Комисијата е избрана Билјана Ивановска која била најдобро рангирана од кандидатите кои конкурирале за тоа место, а за членови се именувани Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Билјана …

Избрани новите антикорупционери Read More »

Билјана Ивановска ќе ги предводи антикорупционерите


Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница едногласно ја утврди предлог листата за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Билјана Ивановска, Горан Трпеновски, Шемши Салаи се кандидатите за новиот состав на новата Антикорупциска комисија. За претседател на …

Билјана Ивановска ќе ги предводи антикорупционерите Read More »

Нацрт законот за Протоколот за членство во НАТО доби зелено светло од надлежната комисија во грчкиот Парламент


Како што произлегува од расправата и од ставовите на членовите на Комисијата, нацрт законот од Министерството за надворешни работи „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, е прифатен првично, во целост и од мнозинството, рече претседателот на Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања на грчкиот Парламент, Константинос Дузинас, на …

Нацрт законот за Протоколот за членство во НАТО доби зелено светло од надлежната комисија во грчкиот Парламент Read More »

Комисијата за уставни прашања усвои три амандмани на Предлог уставниот закон


Собраниската Комисија за уставни прашања на денешната седница го разгледа Предлог-уставниот закон за спроведување на амандманите од 33 до 36 на Уставот на Република Македонија и заклучи да го проследи на натамошна постапка. Во текот на денешната расправа Комисијата усвои три од предложените седум амандмани на Предлог законот. Едногласно со десет гласа „за“ беше усвоен …

Комисијата за уставни прашања усвои три амандмани на Предлог уставниот закон Read More »

Изгласани сите Предлог амандмани за измена на Уставот


Предлог-амандманите за измени на Уставот, согласно Договорот од Преспа беа поддржани денеска од пратениците во собраниската Комисија за уставни прашања. На седницата на која се расправаше за предлог-амандманите на Уставот не учествувуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ќе продолжи утре во 13 часот, а на неа на дневен ред ќе биде втората точка – предложениот …

Изгласани сите Предлог амандмани за измена на Уставот Read More »

Комисијата за уставни прашања го поддржа четвртиот амандман на Уставот


Собраниската Комисија за уставни прашања доцна попладнево со девет гласа „за“, пет „против“ и ниту еден „воздржан“ го поддржа четвртиот амандман на Уставот што произлезе од потребата за имплементација на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. Со усвојување на овој амандман Комисијата ја заврши расправата по четирите предложени нацрт-амандмани. Со нацрт-четвртиот амандман се предлага покрај …

Комисијата за уставни прашања го поддржа четвртиот амандман на Уставот Read More »

Груевски купува денови на слобода


Поранешниот премиер Никола Груевски „купи“ уште неколку дена слобода, а веројатно ќе го спаси и пратеничкиот мандат. Во судот вчера почнаа да пристигнуваат поединечните жалби на сите адвокати од тимот на Груевски на одлуката на судијата за извршување санкции, кој одби да му го одложи затворот за незаконската набавка на луксузниот „мерцедес“ од над 600 …

Груевски купува денови на слобода Read More »

Следната недела почнува расправата по ребалансот на Буџетот


Во Собранието на Република Македонија следната недела почнува расправата по ребалансот на Буџетот за 2018 година. Во понеделник е закажана седницата на матичната Комисија за финансирање и буџет. Согласно деловникот на Собранието, седницата на Комисијата трае 10 работни денови. Владата го усвои предлог ребалансот на седница на 13-ти овој месец. Според предлогот на Владата, со ребалансот …

Следната недела почнува расправата по ребалансот на Буџетот Read More »

Навреди во Собранието, прекината седница за земјоделство


Седницата на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на чиј деневен ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно медицински препарати денеска беше прекината по усвојувањето на дневниот ред по упатена нефоrмална навреда кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата на Комисијата, како што информираат од собраниските служби, нема да продолжи денеска. Повеќе …

Навреди во Собранието, прекината седница за земјоделство Read More »

Потребни се оригинални дела, а не восочни фигури во Музејот на ВМРО


Работната група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим соопшти дека не предлага затворање на музејот, туку преименување со скратување на името во: „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“. На …

Потребни се оригинални дела, а не восочни фигури во Музејот на ВМРО Read More »

Пратениците, конечно, ќе си ги скратат трошоците


За 33 отсто се намалува надоместокот за патни трошоци за пратениците од внатрешноста по бурата реакции во јавноста на секое објавување информации за високите суми што се исплаќаат од државниот буџет за оваа намена. На пример, пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ, кој лани беше прогласен за рекордер со наплатени над 12,8 илјади евра за патувањата …

Пратениците, конечно, ќе си ги скратат трошоците Read More »

Следните недели ќе се формира комисија за измени на учебниците – ќе менуваат и Македонија и Грција


Следните недели ќе биде формирана комисија, која ќе работи  на ревидирање на учебниците, при што менување ќе има и во Македонија и во Грција. Ова го истакна вечерва шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Топ тема. – Учебници ќе менуват и двете страни. Тоа ќе биде долг процес, кој почнува со едно …

Следните недели ќе се формира комисија за измени на учебниците – ќе менуваат и Македонија и Грција Read More »

Ѓорѓиев: Разговорите со историчарите од Бугарија ќе бидат долги


Во третата декада од јуни се очекува да се одржи првиот состанок на заедничката мултидисциплинарана комисија на Македонија и на Бугарија која треба да работи на отворените историски и образовни прашања меѓу двете земји, откако владите во Скопје и во Софија го потпишаа Договорот за добрососедство. Нашите и историчарите од Бугарија со тоа ќе ги …

Ѓорѓиев: Разговорите со историчарите од Бугарија ќе бидат долги Read More »

Почнува македонско-бугарската експертска дебата за историски и образовни прашања


Владите на Македонија и на Бугарија ги утврдија составот и членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и на Заедничката меѓувладина комисија, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, а се очекува деновиве во Софија експертската комисија да ја има првата средба. Како што изјави за МИА владиниот портпарол Миле Бошнаковски, Владата за …

Почнува македонско-бугарската експертска дебата за историски и образовни прашања Read More »

Мегапрослава за уште една препорака


Александра М. Митевска Не траеше долго идилата што мнозинството и опозицијата принудно ја постигнаа пред објавувањето на Извештајот на Европската комисија. Нецела седмица подоцна, истиот тој Извештај стана камен на сопнување меѓу некогашните коалициски партнери, откако претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби од ДУИ реши да организира „самит“ наместо вообичаена седница за негова …

Мегапрослава за уште една препорака Read More »

Ќосето падна, Филип и Александар се нишаат


Неизвесна е судбината на спомениците на Александар Македонски, Филип Втори, „Порта Македонија“ и споменикот на Мајка Тереза во градба. Дали и тие ќе бидат урнати, како што од вчера веќе минато е споменикот на Ќосето, допрва треба да одлучат Владата, Министерството за култура и други институции кои биле инволвирани во „Скопје 2014“. Мирослав Грчев, координатор …

Ќосето падна, Филип и Александар се нишаат Read More »