Година на војна и малку мир


Предноста што историчарите ја имаат пред новинарите е тоа што временската отсечка им нуди перспектива што не е достапна за оние со непосредни рокови. Но, годината е пред крајот, што претставува цврст рок ако целта е да се стави во перспектива 2023 година. „Инстант историјата“ можеби е оксиморон, но вреди да се вложи труд, особено …

Година на војна и малку мир Read More »

Ќе се откријат ли корените на злосторството што ја потресе нацијата?


Кога се објави веста за исчезнатата тинејџерка Вања Ѓорчевска, целата нација се обедини во грижата за неа и се вклучи во порагата. Немаше човек што не стравуваше од нешто страшно да не се случи, ниту некој што не нудеше свои совети и повици за пронаоѓање и спасување на девојката или за нејзино појавување, ако самата  …

Ќе се откријат ли корените на злосторството што ја потресе нацијата? Read More »

Геополитичкото глупирање во подем


„Владимир Путин вели дека е религиозен и дека силно ја поддржува Руската православна црква. Ако е така, тогаш е лесно возможно секоја вечер кога ќе оди на спиење и да се помоли да го прашува Господ: ‘Зошто не си создал некои планини во Украина?’ Ако Господ создал планини во Украина, тогаш големото пространство познато како …

Геополитичкото глупирање во подем Read More »

Универзалните вредности и котелот на војната


Пред седумдесет и пет години, земјите-членки на Обединетите нации на состанокот во Париз ја усвоија Универзалната декларација за човекови права. Тоа не беше обврзувачки закон, само изјава на принцип. Но, тоа беше првата декларација што го вгради античкиот морален идеал за човечка еднаквост во новата архитектура на меѓународното право, воспоставена како одговор на геноцидниот национализам …

Универзалните вредности и котелот на војната Read More »

Народните избраници сакаат да бидат полицајци, обвинители и судии


Политичкото самоволие добива карикатурални димензии во македонското Собрание. Заштитени со епитетот народни избраници пратениците, главно од опозицијата, ја парализираат државата, ги кочат реформите, ни го губат времето, ни ги трошат парите и ги зголемуваат фрустрациите во општеството. Последните месеци, како што се подготвуваат за избори, почнаа да покажуваат амбиции да прават сѐ, само не тоа …

Народните избраници сакаат да бидат полицајци, обвинители и судии Read More »

Две Хрватски, два споменика, еден ден


Ретко се случува таков случај и околностите, т.е. недостатокот на грижа, свесност или такт од страна на една личност доведуваат до ситуација два дела од едно општество да се сретнат индиректно и метафорично во ист ден и тоа е исто толку очигледно како што беше на 7 ноември во Хрватска. Имено, додека во Подстрана кај …

Две Хрватски, два споменика, еден ден Read More »

Високите каматни стапки ќе останат


Дури и со неодамнешното делумно повлекување на долгорочните реални и номинални каматни стапки, тие остануваат далеку над ултра ниските нивоа на кои се навикнаа креаторите на политиките, и веројатно ќе останат на такви нивоа дури и кога инфлацијата се повлекува. Сега е минато време да се навратиме на широко преовладуваниот став за „бесплатен ручек“ за …

Високите каматни стапки ќе останат Read More »

Монструмите се ликвидираат кога се мали


Монструмите најлесно се ликвидираат кога се во ембрионална фаза, кога се мали. Можеш да ги згазиш како лебарка. Ако ги оставиш да пораснат тие ќе газат сѐ пред себе. Стануваат моќни злосторници добро затскриени во јавниот амбиент кој самите го создаваат како во овој редок случај, ако не и единствен, кој оневозможува јасно да се …

Монструмите се ликвидираат кога се мали Read More »

Новите корени на антисемитизмот


„Мораме да ги поделиме Евреите во две категории, ционисти и приврзаници на асимилација“, напиша Рајнхард Хајдрих, еден од архитектите на холокаустот, во 1935 година. „Ционистите исповедаат строго расен концепт и, преку емиграцијата во Палестина, тие помагаат да се изгради сопствена еврејска држава… Нашите добри желби и нашата официјална добра волја одат со нив“. Според зборовите …

Новите корени на антисемитизмот Read More »

Мицкоски е во право, не треба да се вели „никогаш“


Оној испланиран троцкистички гнев на двајцата пратеници на Левица на пултот на собранискиот спикер кога се усвојуваше новиот Деловник за работата на Собранието ги отвори широко вратите на кампањата за изборите, иако до нив има уште шест месеци. Таа врата дотогаш беше подотворена, но оттогаш двете нејзини крила се раширени, низ нив почна да дува …

Мицкоски е во право, не треба да се вели „никогаш“ Read More »

Уставни измени!? Нив ги прекрија парите за пензионерите и учениците


Ветувањата за линеарно зголемување на пензиите и за намалување на даноците, од една страна и „отпакувањето“ на новиот, деветти пакет антикризни мерки од страна на Владата каде што во преден план беа парите наменети за пензионерите, учениците и студентите, на голема врата ги исфрли на површина темите со кои партиите ќе се занимаваат во наредниот …

Уставни измени!? Нив ги прекрија парите за пензионерите и учениците Read More »

Ќе градиме фабрики за производство на минатото


Збогум Европо. Вашиот диктат за нашата иднина да бидеме во едно семејство е силен удар врз нашето достоинство и гордост. Понудата не важи. Ние остануваме да работиме во три смени во нашите најрентабилни фабрики за производство на минатото кое сакате да ни го избришете. Ќе градиме и нови фабрики за рециклирање на нашата богата историја …

Ќе градиме фабрики за производство на минатото Read More »

Зошто мејнстрим економистите погрешија со инфлацијата


Погрешната дијагноза на водечките економисти за инфлацијата во 2021-2022 година беше последната епизода во долготрајната серија неуспеси, од непредвидување на финансиската криза во 2008 година до одобрување на самоуништувачкото штедење во 2010-тите. Или мејнстрим економистите треба да ги преиспитаат нивните суштински верувања, или на професијата ѝ треба нов мејнстрим Во неговиот билтен во „Њујорк тајмс“ …

Зошто мејнстрим економистите погрешија со инфлацијата Read More »

Холандија ја потцени крајната десница – и победата на Герт Вилдерс е резултатот


Две работи веќе беа јасни неколку месеци пред денот на холандските избори: Холандија ќе има нов премиер и десетици нови парламентарци. Четириесет членови на парламентот, една четвртина од Tweede Kamer (долниот дом) и, уште повпечатливо, тројца од четворицата лидери на коалицијата предводена од конзервативците во заминување најавија заминување од националната политика. Иронично, во ова море …

Холандија ја потцени крајната десница – и победата на Герт Вилдерс е резултатот Read More »

Левица прва ја почна кампањата, во троцкистички стил


Гневот што двајцата пратеници на Левица во понеделникот го излеаја на собраниската говорница против новиот Деловник беше инструментализиран. И изгледаше однапред подготвен. Обично, гневот се раѓа како вулкан од некои непредвидени и шокантни ситуации. Но овој гнев беше во фаза на подготовка најмалку десетина дена. Затоа и не делуваше како изненадување. Она што во одредена …

Левица прва ја почна кампањата, во троцкистички стил Read More »

Економските последици на војната во Газа


Варварскиот масакр на Хамас на 1.400 Израелци на 7 октомври, и последователната воена кампања на Израел во Газа за искоренување на групата, воведе четири геополитички сценарија кои се однесуваат на глобалната економија и пазари. Како што често се случува со таквите шокови, оптимизмот може да се покаже погрешен. Во првото сценарио, војната останува главно ограничена …

Економските последици на војната во Газа Read More »

Македонија, Македонците и крајот на Првата светска војна


Се доближува датумот кога одново странските амбасади во нашата земја ќе го одбележуваат крајот на Првата светска војна. На 18 октомври во Горно Јаболчиште беа положени венци на споменикот на четири загинати француски војници од мароканско потекло. Истиот ден слична манифестација беше одржана и на споменикот на други 15 француски војници, исто така од мароканско …

Македонија, Македонците и крајот на Првата светска војна Read More »

Хаос во правосудниот систем


Дали хаосот во правосудниот систем ја доведува во прашање иднината на Македонија, или тоа е врвот на драматичните последици на целосно партизираното општество? Она што се случува последниве месеци во државата, во суштина е тажниот епилог од „смртната постела“ на повеќедеценискиот метастазиран систем на владеење на правото. Дијагнозата на тешко болниот организам беше воспоставена од …

Хаос во правосудниот систем Read More »

Битка за датум. За избори


Три години, некое време по гласањето во јули 2020, целата реторика на опозицијата (со мали паузи) беше насочена кон една цел – предвремени општи избори. Таа не можеше да ја поднесе помислата дека не е на власт, затоа што претставувала народот. Кога есента 2021 убедливо победи на локалните избори и предизвика пад на Зоран Заев …

Битка за датум. За избори Read More »

Гледајќи ја големата слика во две големи војни


Чекорете доволно далеку, и можете да видите што точно ја движи толку геополитиката денес: Украина се обидува да му се придружи на Западот. Израел се обидува да се приклучи на нов Блиски Исток. И Русија и Иран се здружија за да се обидат да ги блокираат и двете работи. За жал, новиот спикер на Претставничкиот …

Гледајќи ја големата слика во две големи војни Read More »