Кина се налути на оцената дека манипулира со светските медиуми: САД се вистинска „империја на лагите“


 САД се „империја на лагите“, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, изразувајќи огорченост од извештајот на американскиот Стејт департмент во кој се обвинува Пекинг дека дава милијарди долари годишно во напорите за манипулација со информациите. Кина манипулира со светските медиуми преку цензура, собирање податоци и тајно стекнување на странски вести, се вели во извештајот …

Кина се налути на оцената дека манипулира со светските медиуми: САД се вистинска „империја на лагите“ Read More »

Исчезна кинески министер за одбрана. Го нема веќе еден месец, а Пекинг молчи


Кина одби да коментира каде се наоѓа нејзиниот министер за одбрана, иако се поставуваа прашања за неговата судбина еден месец откако тој последен пат беше виден во јавноста. Портпаролот на Министерството за одбрана, Ву Чиан, рече дека „не е запоснат со ситуацијата“ на прашањето дали министерот Ли Шангфу е под истрага. Исчезнувањето на Ли следи …

Исчезна кинески министер за одбрана. Го нема веќе еден месец, а Пекинг молчи Read More »

Џинпинг: Кина е подготвена да развие стратешко партнерство со Јужна Кореја


 Кина е подготвена да соработува со Јужна Кореја за развивање стратешко партнерство во согласност со актуелниот момент, изјави денеска кинескиот претседател Ши Џинпинг. Претседателот Ши се сретна со јужнокорејскиот премиер Хан Дук-су во источниот кинески град Хангжу пред отворањето на Азиските игри. Ши, исто така, рече дека сериозно ќе го разгледа прашањето за посета на …

Џинпинг: Кина е подготвена да развие стратешко партнерство со Јужна Кореја Read More »

Цената на челикот највисока во последните пет месеци


Цената на челикот денеска на берзата во Шангај изнесуваше повеќе од 3.825 кинески јуани за тон, што е највисока во последните пет месеци, јавија агенциите. Новите податоци од август поврзани со кинеското индустриско производство, трговијата на мало или новото кредитирање во јуани беа подобри од очекувањата на пазарите, а според Ројтерс, кинеската економија „покажува знаци …

Цената на челикот највисока во последните пет месеци Read More »

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе ја посети Русија од 18 до 21 септември


Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе ја посети Русија од 18 до 21 септември за да учествува на 18-та рунда кинеско-руски стратешки безбедносни консултации, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг. „На покана на секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев, членот на Политбирото на Централниот комитет …

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе ја посети Русија од 18 до 21 септември Read More »

Беше во Русија, па го снема: И кинескиот министер за одбрана исчезна од јавноста


  Кинескиот министер за одбрана не е виден речиси три недели со шпекулации дека е под истрага, што е последниот случај на висок функционер на Комунистичката партија кој исчезна од очите на јавноста. Генералот Ли Шангфу последен пат беше виден на 29 август кога одржа говор на кинеско-африканскиот форум за мир и безбедност. Неговото последно …

Беше во Русија, па го снема: И кинескиот министер за одбрана исчезна од јавноста Read More »

Кина е прва земја што именуваше амбасадор во Авганистан под власта на талибанците


 Кина стана првата земја што официјално именуваше амбасадор во Авганистан по враќањето на талибанците на власт, откако кинескиот претставник денеска ги предаде акредитивните писма на церемонија во Кабул.  Талибанските власти не се официјално признати од ниту една странска влада, а Пекинг не стави до знаење дали денешното назначување е знак за позначајни чекори кон официјалното …

Кина е прва земја што именуваше амбасадор во Авганистан под власта на талибанците Read More »

Јужниот дел на Кина поплавен седми ден по обилните врнежи


Поради обилните дождови што ги донесе тајфунот Хаикуи, кој сега е тропска бура, јужна Кина е поплавена веќе седми ден, а голем број жители и патишта се блокирани. Во руралниот округ Бобаи во регионот Гуангкси, спасувачите на чамци се обидуваат да ги евакуираат луѓето на безбедно од вода длабока повеќе од два метри, јавија државните …

Јужниот дел на Кина поплавен седми ден по обилните врнежи Read More »

Кинезите развија човечки бубрег од свински ембриони


Научници од институт во кинескиот град Гуангжу успеаја да развијат бубрежно ткиво со претежно човечки клетки од ембрион на свиња, што го отвори патот за „производство“ на органи за донација. Тимот предводен од Лиангчу Лаи од Институтот за биомедицина и здравје ја објави студијата во научното списание Stem Cell. Како изгледа постапката? Нивната работа зависела …

Кинезите развија човечки бубрег од свински ембриони Read More »

„Епл“ загуби 200 милијарди долари за два дена по извештаите за забрана на ајфон во Кина


  Акциите на „Епл“(Apple) паднаа за 2,9 отсто во четвртокот по извештаите дека Кина планира да ја прошири забраната за употреба на ајфони на агенции и компании поддржани од владата. Инвеститорите се загрижени поради способноста на највредната јавна компанија во светот да прави бизнис во втората по големина економија во светот. „Епл“ во средата го …

„Епл“ загуби 200 милијарди долари за два дена по извештаите за забрана на ајфон во Кина Read More »

Супер тајфун се приближува кон Кина, училиштата и компаниите се затворени 


Стотици летови беа откажани во кинеската провинција Гуангдонг и Хонг Конг бидејќи супертајфунот Саола падна на копно, принудувајќи ги властите да издадат предупредувања за сериозно невреме и да ги затворат бизнисите, училиштата и финансиските пазари. Три тропски бури се формираа во северозападниот дел на Тихиот Океан и Јужното Кинеско Море. Саола и Хаикуи веќе се …

Супер тајфун се приближува кон Кина, училиштата и компаниите се затворени  Read More »

Кина подготвува итна помош во храна за африканските земји


Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека Кина ќе обезбеди итна помош во храна за поедини африкански земји, пренесува Блумберг. Тој за време на состаноците со претставниците на африканските земји на самитот на БРИКС во Јужна Африка рече дека Кина исто така ќе им помогне на земјите на континентот да го прошират сопственото одгледување житарици. …

Кина подготвува итна помош во храна за африканските земји Read More »

Кина престана да објавува податоци за невработеноста кај младите, откако достигна рекорди


Кина го прекина објавувањето на месечните податоци за невработеноста кај младите луѓе, откако оваа бројка достигна последователни рекорди во последните месеци во услови на поширок економски пад. Веста, која наиде на непосредна реакција и потсмев на социјалните мрежи, беше објавена од Националното биро за статистика (НБС) во вторникот, кога ја објави својата редовна серија месечни …

Кина престана да објавува податоци за невработеноста кај младите, откако достигна рекорди Read More »

Пропаѓа уште еден гигант за недвижности?


Акциите на „Кантри гарден“ (Country Garden), последниот голем кинески гигант за недвижности што го избегне банкрот, паднаа, предизвикувајќи паника на пазарот и лути коментари на социјалните мрежи, пишува Њујорк Тајмс. „Кантри гарден“ се сметаше за златен стандард на се понестабилниот кинески пазар на недвижности, а сега инвеститорите го сметаат за темпирана бомба. Таа компанија со …

Пропаѓа уште еден гигант за недвижности? Read More »

Нови жртви од поплави и лизгање на земјиштето во Кина, десетици илјади луѓе евакуирани


Најмалку две лица загинаа, а десетици илјади луѓе се евакуирани од своите домови во југозападна Кина по обилните врнежи од дожд и лизгање на земјиштето, јавија денеска кинеските медиуми. Најмалку 16 лица исчезнаа во лизгање на земјиштето во западниот дел на земјата. Секоја година делови од Кина се погодени од поројни дождови и поплави, но …

Нови жртви од поплави и лизгање на земјиштето во Кина, десетици илјади луѓе евакуирани Read More »

По короната Кина ги укина ограничувањата за патување во уште 70 земји


Кина го укина пандемиското ограничување за групни патувања за повеќе земји, вклучително и клучните пазари како САД, Јапонија, Јужна Кореја и Австралија, што потенцијално ќе биде од полза нивната туристичка индустрија. Таквата одлука ја објави во четвртокот Министерството за култура и туризам, а стапува на сила веднаш. Пред пандемијата кинеските туристи трошеле во странство повеќе …

По короната Кина ги укина ограничувањата за патување во уште 70 земји Read More »

Што се кинеските „градови – сунѓери“ и зошто не ги запираат поплавите?


Кина беше погодена од разорни поплави во последниве недели, поплавувајќи градови и предизвикувајќи смртни случаи и штети на инфраструктурата, но ова покрена прашања за ефективноста на иницијативата „град сунѓер“ од 2015 година, насочена кон намалување на ризикот од поплави. Иницијативата беше покрената за да се зголеми отпорноста на поплави во големите градови и подобро да …

Што се кинеските „градови – сунѓери“ и зошто не ги запираат поплавите? Read More »

Официјален протест на Пекинг поради одлуката на САД да ги ограничи инвестициите во кинеската технологија


Пекинг официјално испрати протест до САД поради наредбата на американскиот претседател Џозеф Бајден за ограничување на технолошките инвестиции во Кина, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. „Кина е крајно незадоволна и силно се спротивставува на инсистирањето на САД за воведување ограничувања на инвестициите во Кина“, рече портпаролот на Министерството. Бајден вчера потпиша извршна наредба …

Официјален протест на Пекинг поради одлуката на САД да ги ограничи инвестициите во кинеската технологија Read More »

Тајфунот предизвика големи поплави во Кина, десетици загинати


Четиринаесет лица го загубија животот за време на викендот во кинескиот град Шулан поради поплавите предизвикани од тајфунот Доксури. Североисточна Кина, Пекинг и провинцијата Хебеи забележаа обилни врнежи и поплави откако тајфунот стигна на копно во јужната провинција Фуџијан пред две недели. Покрај убиените во Шулан, во североисточната провинција Џилин, минатата недела повеќе од 20 …

Тајфунот предизвика големи поплави во Кина, десетици загинати Read More »

Кина сака да ја мобилизира целата нација во борбата против шпионажата


 Кина треба да ги охрабри своите граѓани да се приклучат во борбата против шпионажата, вклучително и преку создавање канали за граѓаните да пријават сомнителни активности и да бидат пофалени и наградени за нивниот придонес, соопшти денеска Министерството за државна безбедност. Мора да се создаде систем што ќе им овозможи на луѓето да учествуваат во контрашпионажа, …

Кина сака да ја мобилизира целата нација во борбата против шпионажата Read More »