НАТО ќе нè покани, приемот во два чекора


  Брисел – Лидерите на земјите членки на НАТО денес попладне ќе решат на Македонија да ѝ упатат покана да ги започне пристапните преговори за членство. Високи функционери на алијансата вчера уверуваа дека ниту една земја нема да ја блокира одлуката и дека без оглед како гласи името на поканата, процесот низ кој ќе треба …

НАТО ќе нè покани, приемот во два чекора Read More »

Заев: По самитот на НАТО сите партии ќе ги одредат деталите околу референдумот


По самитот на НАТО сите политички партии ќе имаат средба во Собранието за да ги утврдиме елементите на референдумот, деталите за прашањето што ќе се постави на референдумот и за карактеристиката на референдумот, вели премиерот Зоран Заев во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА. Заев изрази надеж дека референдумот ќе биде успешен и ги повтори …

Заев: По самитот на НАТО сите партии ќе ги одредат деталите околу референдумот Read More »

Столтенберг: По историскиот договор за името ќе го поканиме Скопје за 30-та членка на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг очекува дека по договорот со Грција Македонија ќе биде поканета да почне со преговори за членство во НАТО. На денешната прес конференција Столтенберг изјави: -Очекувам дека по историскиот договор постигнат минатион месец за спорот со името ќе го поканиме Скопје да почне со преговори за членство. Кога договорот ќе …

Столтенберг: По историскиот договор за името ќе го поканиме Скопје за 30-та членка на НАТО Read More »

Кулоглу: Очекувам „да“ на референдумот, Договорот ќе помине и во Грција


Грчкиот европратеник, левичарот Стелиос Кулоглу, очекува позитивен исход од претстојниот референдум за името во Македонија. Смета дека без сомнение Договорот ќе биде ратификуван и во Парламентот на Грција. Според него, двете земји треба конечно да го надминат ова прашање. – Мора да го решиме прашањето, да гледаме во иднината, а не во минатото. Се надевам дека ќе има …

Кулоглу: Очекувам „да“ на референдумот, Договорот ќе помине и во Грција Read More »

Мирни протести во Солун и на Крит против Договорот од Преспа


Мирни протести против Договорот од Преспа и против владата, синоќа се одржаа во Солун и во градовите Хања и Ираклио на грчкиот остров Крит. Над 500 лица, според локалните медиуми, протестираа вчера во центарот на Солун против Договорот од Преспа.  Со транспарент и порака „Ципрас, предавнику, дај си оставка“, со слогани против владата и дека …

Мирни протести во Солун и на Крит против Договорот од Преспа Read More »

Мајк Пенс му честита на Заев за договорот за името


Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, разговараше со премиерот на Република Македонија Зоран Заев при што, според соопштението на Белата куќа, му честита на историскиот договор со Грција за решавање на долготрајното прашање за името меѓу двете земји. Тој ја поздрави позитивната одлука на Европскиот совет за отпочнување на пристапните преговори во јуни 2019 година и ја потврди …

Мајк Пенс му честита на Заев за договорот за името Read More »

Ахмети не сака референдум за името, бидејќи може да пропадне од разни надворешни влијанија


Лидерот на Демократската партија за интеграција Али Ахмети на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ телевизија истакна дека нивниот став да не се оди на референдум е таков бидејќи референдумот може да пропадне од разни надворешни влијанија кои би манипулирале со граѓаните со моќни патриотски фрази. – Се уште има сили водени од геостратешки интереси …

Ахмети не сака референдум за името, бидејќи може да пропадне од разни надворешни влијанија Read More »

Вучиќ: Договорот меѓу Скопје и Атина е добра вест за целиот регион


Српскиот претседател Александара Вучиќ на прес конференцијата по состанокот на „Балканската четворка“ во Солун со премиерите на Грција, Бугарија и Романија изјави дека во услови кога ЕУ не делува секогаш единствено, овие четири земји делуваат единствено и ги решаваат проблемите на овој дел од Балканот. Во тој контекст тој се осврна и на договорот за …

Вучиќ: Договорот меѓу Скопје и Атина е добра вест за целиот регион Read More »

Собранието повторно ќе гласа за Законот за ратификација на Договорот за името


Собранието на Република Македонија денеска треба повторно да гласа за Законот за ратификација на Договорот со Грција за спорот за името. Се враќа по вторпат на гласање бидејќи Законот не беше потпишан од страна на претседателот на РМ. Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 …

Собранието повторно ќе гласа за Законот за ратификација на Договорот за името Read More »

Каменос: Нема да дозволам договорот да помине во Парламентот со 151 пратеник


Оваа влада има рок на траење до септември 2019, рече грчкиот министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, повторувајќи ја неговата позиција дека нема да дозволи Договорот да помине во грчкиот Парламент со 151 глас. Тој уште еднаш истакна дека за решението со Македонија потребно е зголемено парламентарно мнозинство од 180 пратеници, …

Каменос: Нема да дозволам договорот да помине во Парламентот со 151 пратеник Read More »

Песков: Членството на Македонија во НАТО е нејзино суверено право


Приклучувањето на Македонија во НАТО е суверено право на земјата. Москва негува добри односи со Скопје, но се противи на приближувањето на Алијансата до границите на Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Тоа е суверена одлука на самата Македонија. Ние ги цениме и одржуваме добри односи со Македонија.. Се разбира, заинтересирани сме …

Песков: Членството на Македонија во НАТО е нејзино суверено право Read More »

За договорот за промена на името пратениците пак ќе гласаат на 5 или 6 јули


На 5 или на 6 јули ќе биде закажана собраниската седница на која треба повторно да се гласа за Договорот со Грција за името, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери. Потоа, како што кажа, доколку по втор пат претседателот на државата не го потпише указот и тоа помине во пракса, ќе се употреби исто …

За договорот за промена на името пратениците пак ќе гласаат на 5 или 6 јули Read More »

НАТО ја појасни процедурата: Успешен референдум е клучен услов


По конфузијата која владееше во јавноста околу процедурата за зачленување на Македонија, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги појасни чекорите денеска по средбата со премиерот Зоран Заев. Успешен референдум за Договорот со Грција останува клучен услов, но Македонија веќе ќе учествува на сите состаноци на НАТО и пред полноправното членство. На претстојниот Самит на …

НАТО ја појасни процедурата: Успешен референдум е клучен услов Read More »

Истражување: Договорот од Преспа негативен за шест од 10 Грци


Веројатно негативно или сигурно негативно го оценуваат шест од 10 Грци Договорот од Преспа, покажува новото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија Скај. На прашањето „од она што го имате слушнато и го знаете, лично вие, како го оценувате Договорот што Владата го потпиша во Преспа со поранешната југословенска Република …

Истражување: Договорот од Преспа негативен за шест од 10 Грци Read More »

Ципрас: Ги затворивме сметките од минатото


Верувам дека историјата ќе ги оправда прогресивните сили и во двете земји, кои ги надминаа разликите од минатото и заедно создаваат надежна иднина, напиша Алексис Ципрас на Твитер, по состанокот на Европската социјалистичка партија. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на вчерашниот состанок во Брисел, една од темите на европските социјалисти, бил и Договорот од Преспа. – …

Ципрас: Ги затворивме сметките од минатото Read More »

Македонија една од темите на средбата Ципрас – Столтенберг во Брисел


Договорот од Преспа и двајцата грчки војници кои и понатаму се во затвор во Турција, биле темите за кои разговарале грчкиот премиер и генералниот секретар на НАТО на нивната вчерашна средба на маргините на Европскиот совет во Брисел, според грчката новинска агенција АНА-МПА. – Средбата траеше околу 20 минути и според владини извори,  Ципрас истакна …

Македонија една од темите на средбата Ципрас – Столтенберг во Брисел Read More »

Мирен протест против Договорот за името пред Собранието


Група граѓани и вечерва мирно протестираа пред Собранието на Република Македонија против Договорот со Грција за решавање на спорот со името. Учесниците на протестот повикаа на одбрана на уставното име и истакнаа дека Договорот е против македонските државни интереси. Договорот е штетен и спротивен на Уставот и затоа треба да биде отфрлен, а најавениот референдум треба да …

Мирен протест против Договорот за името пред Собранието Read More »

Бан Ки-мун: Се надевам дека набргу конечно ќе се затвори спорот меѓу двете земји


Охрабрувачки е фактот што се постигна решение, но загрижувачки е фактот што постои незадоволство кај граѓаните, вели поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА. Тој изразува надеж дека што е можно поскоро ќе има дефинитивно затворање на долгогодишниот спор меѓу двете земји. – Сметам дека е многу охрабрувачки …

Бан Ки-мун: Се надевам дека набргу конечно ќе се затвори спорот меѓу двете земји Read More »

Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија


Премиерот Зоран Заев денеска изрази, како што рече, огромно задоволство од вчерашната одлука за добивање датум за преговори со Европската унија во јуни 2019. – Имајќи предвид дека во мај 2019 година се изборите за Европскиот парламент, одлуката на ЕУ е комплетно со нашите очекувања. Ние сме среќни и дополнително мотивирани, рече Заев денеска пред …

Заев: Одлуката на ЕУ е мотивирачка за Македонија Read More »

Вечерва во Солун ќе има два нови протести против Договорот


Два нови протеста против Договорот со Македонија и за „грчкиот карактер на Македонија“, ќе се одржат вечер во Солун, според  солунските медиуми. Едниот е закажан за 19 часот по локално време, пред министерството за Македонија и Тракија во Солун, а другиот еден час подоцна и ќе има карактер на протест со мотори. Според локалните медиуми, …

Вечерва во Солун ќе има два нови протести против Договорот Read More »