Мицкоски: Македонија пребродила многу Заевци, но неговиот срам ќе остане


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека со потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција е срам за нашата земја, порачувајќи дека промената мора да почне од нас самите. На својот статус на „Фејсбук“, кој го пренесуваме во целост, смета дека животот нема да ни се подобри се додека постои оваа влада на чело со …

Мицкоски: Македонија пребродила многу Заевци, но неговиот срам ќе остане Read More »

Делегациите тргнаа кон Отешево на ручек


По потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција, делегациите тргнаа од местото Псарадес (Нивици) кон Отешево. Македонските и гршката страна,. предводена од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и високите претставници на Европската унија и од Обединетите нации: Федерика Могерини, Јоханес Хан, Метју Нимиц и Розмари ди Карло со глисери отпатуваа на …

Делегациите тргнаа кон Отешево на ручек Read More »

Бошњаковски: Историски ден и за Европа


Ова е историски момент не само за двете земји, ова е историски момент и за целиот регион, за Балканот, за Западен Балкан, но и за Европа, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски за грчката новинска агенција АНА-МПА. – Важно е што гледаме дека прогресивните политички сили во двете земји го решаваат проблемот што 25 години го …

Бошњаковски: Историски ден и за Европа Read More »

Протестот во Битола почнува во 13.30 часот, ќе зборува Мицкоски


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен марш во Битола во знак на незадоволство од договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на 27-годишниот спор за името меѓу Македонија и Грција. Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија, …

Протестот во Битола почнува во 13.30 часот, ќе зборува Мицкоски Read More »

Нашата делегација тргна со чамец кон Псарадес


Македонската делегација што ќе учествува на потпишувањето на договорот за промена на името со Грција, во местото Псарадес само што тргна со чамец (9.30 часот по македонско време) од Отешево. Во делегацијата, покрај премиерот Зоран Заев се и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Бујар Османи и Оливер Спасовски. Месноста во Мала Преспа е под силно полициско обезбедување. …

Нашата делегација тргна со чамец кон Псарадес Read More »

Вечерва протести во Скопје, утре во Битола


Пред Собранието на Македонија и вечерва се одржа протест против договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Учесниците на протестот бараат повлекување на договорот со Грција, оставка од Владата и да не се одржи референдум за името. Протестите се во пресрет на утрешното потпишување на договорот во Преспа од страна на …

Вечерва протести во Скопје, утре во Битола Read More »

Коѕиас: Договорот е патриотски компромис


  Атина –  Договорот за името е патриотски и ни помага да ги концентрираме силите таму каде што има проблем, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, за време на расправата за гласање недоверба на владата во парламентот во Атина. Коѕиас објасни дека е направен  компромис,  бидејќи „само ако победиш во војна, тогаш има договор …

Коѕиас: Договорот е патриотски компромис Read More »

Отешево „оживеа“ во пресрет на церемонијата за името


Мошне раздвижено е овие два дена во Отешево, на македонскиот дел од Преспа, каде што утре околу пладне  ќе продолжи церемонијата околу потпишувањето на договорот за името. Премиерите на Македонија и на Грција, според информациите,  утре ќе пристигнат со чамец  во Отешево од грчкиот дел на Преспа, каде што претходно ќе биде потпишан договорот со …

Отешево „оживеа“ во пресрет на церемонијата за името Read More »

Ѕанакопулос: Се најдоа лидери со мозок да стават крај на спорот


Атина – Конечно се најдоа двајца лидери со мозоk за да стават крај на спорот, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос  во говорот за време на расправата во грчкиот парламент. Говорејќи за опозициите во двете земји, рече дека доколку се споредат изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија, тие се идентични. – …

Ѕанакопулос: Се најдоа лидери со мозок да стават крај на спорот Read More »

Самарас: Договорот не е решение, само му отвора пат на Скопје во НАТО


Атина – Со договорот го затворивте привремено проблемот, не го решивте прашањето и отворате уште полоши проблеми, му рече поранешниот грчки премиер Андонис Самарас на сегашниот премиер Алексис Ципрас, за време на обраќањето во грчкиот парламент. Самарас смета дека решението или нема да издржи низ времето или ќе предизвика експлозии и нема да го стабилизира …

Самарас: Договорот не е решение, само му отвора пат на Скопје во НАТО Read More »

ВМРО-ДПМНЕ упорно се разминува со ЕПП за договорот со Грција


ВМРО – ДПМНЕ и денеска ја „бомбадира“ јавноста со соопштенија и изјави со кои го осудува договорот за името со Грција и повикува на масовност на протестите во Битола, иако во текот на денот нејзината сестринска политичка групација Европската народна партија се јави со поддршка за решението што го постигнаа македонскиот и грчкиот премиер. Од …

ВМРО-ДПМНЕ упорно се разминува со ЕПП за договорот со Грција Read More »

Владата го објави договорот со Грција


Владата на денешната седница го декласифицира договорот со Грција за решавање на спорот со името и го стави на увид на јавноста. Договорот, како што информира, вечерва на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски веќе е објавен на веб страницата на Владата. – Владата на РМ едногласно го разгледа и усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот спор …

Владата го објави договорот со Грција Read More »

Во грчкиот парламент почна расправата за гласање недоверба на владата, договорот со Македонија главна тема


Со несогласувања околу тоа колку ќе трае расправата, започна седницата во грчкиот Парламент по доставеното барање од Нова демократија за гласање недоверба на грчката Влада. Како што јави дописничката на МИА од Атина, претседателот на Парламент соопшти дека расправата ќе заврши со гласање во сабота во 14 часот, на што имаа приговор пратениците од опозициската …

Во грчкиот парламент почна расправата за гласање недоверба на владата, договорот со Македонија главна тема Read More »

Димитров: Не ни е лесно, ама покажавме лидерство


Потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција ќе се случи овие денови, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Дочје веле, кое го пренесува МИА. Тој интервјуто го даде по средбата во Берлин со неговиот германски колега Хајко Мас. – Ќе следи овие денови, текстот треба да помине на Влада.  Ќе видиме …

Димитров: Не ни е лесно, ама покажавме лидерство Read More »

Договорот за името ќе се потпише во недела или понеделник


Потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција нема да се одржи во сабота, туку во недела или уште поверојатно, во понеделник, дознава „Независен весник“. Првичниот план беше премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да стават параф на решението во сабота во 15 часот на грчкиот дел од Преспа, но ќе дојде до одлагање …

Договорот за името ќе се потпише во недела или понеделник Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги погази црвените линии


Зоран Заев вчера ги погази црвените линии кои досега ги бранеа сите политичари на кои граѓаните им ја дадоа довербата да ја водат државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -Зоран Заев не само што призна дека се согласил да го менува уставното име, туку и се согласил и националноста, која досега беше јасно дефинирана, …

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги погази црвените линии Read More »

Од референдум за самостојност до референдум за името


Кога на 8 септември 1991 година Македонија прогласи независност по одржаниот референдум, ретко кој можеше да предвиди дека ќе чека цели 27 години за да добие име признаено од јужниот сосед и од целокупната меѓународна заедница. По барањето за признавање под уставното име во Обединетите нации, врз основа на извештајот на Бадентеровата комисија, Грција се …

Од референдум за самостојност до референдум за името Read More »

Мицотакис: Договорот е лош, Грција да не го потпише


Решението што е договорено е лош договор и е спротивно на ставот на мнозинството Грци, вели лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во изјава за постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис повторно го обвини  грчкиот премиер дека нема политички легитимитет и дека води тајна дипломатија …

Мицотакис: Договорот е лош, Грција да не го потпише Read More »

Мицкоски: Предавство, нема да дозволиме уставни измени


ВМРО-ДПМНЕ го оцени како „тежок ден за Република Македонија“, денешното известување дека владите во Скопје и во Атина договориле новото име на нашата држава да биде Република Северна Македонија. Не најавувајќи ги следните чекори, нагласено е дека поразот не смее да се претстави како победа, јазикот и идентитетот и онака се признаени од Обединети нации. …

Мицкоски: Предавство, нема да дозволиме уставни измени Read More »

Заев: Република Северна Македонија – име за иднината


Република Северна Македонија, како географска одредница, е дефинитивно името што е договорено меѓу владите на Грција и на нашата земја. Тоа предмалку и официјално го соопшти премиерот Зоран Заев, на прес-конференцијата во владата, по неговиот денешен телефонски разговор со грчкиот колега Алексис Ципрас. Заев рече дека Грција ги прифати македонскиот јазик и идентитет. Решението што …

Заев: Република Северна Македонија – име за иднината Read More »