Се јави и Црвенковски: Ќе гласам „за“ на 30 септември


На 30 септември ќе излезам на референдумското изјаснување и ќе гласам „за“ ! Ќе гласам „за“, не затоа што мислам дека Преспанскиот договор е голема победа и успех, туку затоа што сметам дека е нужност од која во даденава ситуација нема бегање, вели во пишаната изјава за јавноста поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски. – …

Се јави и Црвенковски: Ќе гласам „за“ на 30 септември Read More »

Коѕијас: Имаме мнозинство за договорот


Договорот од Преспа ќе го донесе нашата влада во Парламентот и ќе биде изгласан со апсолутно мнозинство, од над 150 пратеници, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервјуто за радиото „Реал фм“. Грчкиот министер објаснува дека е свесен за ставот на коалицискиот партнер во владата, Панос Каменос, но тоа нема да биде пречка …

Коѕијас: Имаме мнозинство за договорот Read More »

Коѕијас: Груевски глумел дека не сака решение за името


Поранешниот македонски премиер Никола Груевски глумел дека не сака решение на спорот за името, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, реагирајќи на информациите што ги објави Викиликс дека македонските власти уште во 2008 година прифатиле промена на името. – Познато е дека Груевски не сакаше никакво решение на спорот за името. Се исмеваше со …

Коѕијас: Груевски глумел дека не сака решение за името Read More »

За професорката Копа, договорот за името е добар и фер


Сметам дека Договорот од Преспа и добар и фер договор, пишува професорката на Катедрата за меѓународни, европски и регионални студии на атинскиот факултет Пандио и поранешна европратеничка од ПАСОК, Марилена Копа, во нејзината колумна за весникот „Ефимерида тон сидактон“. – Договорот става крај на 26-годишниот спор и ниту една страна не е поразена или понижена.  …

За професорката Копа, договорот за името е добар и фер Read More »

Според Николоски, реформите се поприоритетни од името за влез во НАТО


Прво спроведувањето на реформите, а потоа решавањето на спорот за името е редоследот на приоритети за влез на земјава во НАТО и во ЕУ, според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Во интервју за Радио Слободна Европа, тој вели дека може да се постигне многу подобра договор со Грција од тој што го постигна актуелната влада. …

Според Николоски, реформите се поприоритетни од името за влез во НАТО Read More »

За договорот со Грција ќе гласаме на 30 септември


Референдумот за договорот со Грција околу името ќе биде распишан во понеделник. Првичната идеја тој да биде закажан утре, пропадна поради обврски на членови на парламентарното мнозинство, како и за да се остави простор за договор меѓу политичките субјекти во земјава. Сепак, според нашите информации, во моментов нема иницијатива за нова лидерска средба, иако тимовите …

За договорот со Грција ќе гласаме на 30 септември Read More »

Вучиќ: Не се мешаме во прашањето за името, поддржуваме секој договор меѓу Скопје и Атина


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија го поддржува секој договор меѓу Скопје и Атина. Меѓутоа, како што рече, Србија мора да ги „почитува ставовите на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и на премиерот Зоран Заев“. Одговарајќи на новинарско прашање после воено-полицијската вежба „Заеднички удар 2018″ во Краљево, за ставот на Србија во врска со …

Вучиќ: Не се мешаме во прашањето за името, поддржуваме секој договор меѓу Скопје и Атина Read More »

ВМРО-ДПМНЕ го чека прашањето за референдумот


„Не е добро да се менуваат изборните правила спроти самиот настан“, прокоментира вчера Стево Пендаровски, националниот координатор на НАТО на прашањето дали ќе дојде до намалување на потребниот цензус за најавениот референдум околу договорот за името со Грција. Тој не ги поддржува заложбите што се појавуваат во дел од јавноста и меѓу власта за промена …

ВМРО-ДПМНЕ го чека прашањето за референдумот Read More »

Пердју: Северна Македонија ми звучи одлично


„Името Република Северна Македонија одлично звучи и ја прикажува реалноста и историјата во регионот“, оцени Џејмс Пердју, кој беше олеснувач и американски претставник во преговорите за Рамковниот договор во 2001 година. Пердју учествува денеска на тридневниот Рос Рот семинар, што се одржува во македонскиот парламент. Сега, од позиција на советник во НАТО, Пердју во својата …

Пердју: Северна Македонија ми звучи одлично Read More »

Најдоцна следната недела Собранието повторно ќе гласа за договорот за името


Во Собранието на Република Македонија денеска е доставена одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов со која тој информира дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста …

Најдоцна следната недела Собранието повторно ќе гласа за договорот за името Read More »

Иванов не го потпиша Законот за ратификација на Договорот со Грција


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов донесе одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство …

Иванов не го потпиша Законот за ратификација на Договорот со Грција Read More »

Што ако на референдумот излезат 49 проценти?


На референдумот за промена на името за интегрирање на земјата во ЕУ и во НАТО излегоа 49 проценти од запишаните гласачи, од кои 90 проценти заокружија „да“, а 10 проценти „не“. Теоретски, во блиска иднина, не е исклучено некоја слична вест како оваа (која е хипотетичка), можеби со малку поразлични проценти, да осамне во медиумите …

Што ако на референдумот излезат 49 проценти? Read More »

Договорот со Грција е запечатен и при нова власт


  Договорот со Грција околу прашањето за името е можно да се раскине при промена власта, како и секој друг договор, но тоа би било крајно несериозно, би биле неопходни низа законски решенија, а последиците ќе ги чувствува нашата земја, велат експертите со кои се консултиравме. Според нив, преземените права и обврски мора да се …

Договорот со Грција е запечатен и при нова власт Read More »

Блокирањето на договорот за името не е решение


„Го поздравуваме договорот за името, за кој сметаме дека е историски. Ја поздравуваме добрата волја и храбрите чекори што беа преземени од двете земји членки на Советот за Европа, со што дадоа вистински вреден придонес кон стабилноста на целиот регион. По ратификацијата на договорот, Грција презеде обврска да ја тргне блокадата од преговорите за евроинтеграциите, …

Блокирањето на договорот за името не е решение Read More »

МНР испрати нота до Грција дека договорот е ратификуван


Нотата што треба да ѝ го отвори патот на Македонија за преговори со ЕУ и за добивање покана за членство во НАТО – на самитот во јули, е испратена до Грција. Македонското Министерство за надворешни работи соопшти предмалку дека грчката влада е известена дека парламентот го ратификувал договорот за името. Како што е предвидено и …

МНР испрати нота до Грција дека договорот е ратификуван Read More »

Опозицијата бојкотира, договорот си врви: По ратификацијата – забрзување на евроинтеграцијата


До крајот на оваа седмица се очекува грчката влада да го испрати известувањето до ЕУ и до НАТО дека дава поддршка за нашата земја да почне преговори со ЕУ и да добие покана за членство во НАТО. Претходно, македонската влада треба да испрати писмо до Атина со кое ќе извести дека македонскиот парламент го ратификувал …

Опозицијата бојкотира, договорот си врви: По ратификацијата – забрзување на евроинтеграцијата Read More »

Милошоски: Се изигрува процедурата за ратификација на договорот


Во Европа не постои парламент каде што се прескокнува Комисијата за надворешна политика за да се ратификува билатереален или меѓународен договор, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, откако од владата соопштија дека договорот за името со Грција е пуштен во Собранието со европско знаменце. Милошоски претседава со собраниската Комисија за надворешна политика, низ која требаше …

Милошоски: Се изигрува процедурата за ратификација на договорот Read More »

Трка со рокови пред европскиот самит: Ратификацијата – следна „станица“ за преспанскиот документ


Почнува трка со рокови за ратификација на договорот што вчера го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција. Целта е овој дел од имплементацијата на договорот да заврши што поскоро – пред самитот на Европскиот совет во Брисел, на 28 и 29 јуни, каде што Македонија очекува да добие зелено светло за …

Трка со рокови пред европскиот самит: Ратификацијата – следна „станица“ за преспанскиот документ Read More »

Ципрас: Во Отешево беше весело како на свадба


По враќањето од Отешево, грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека атмосферата на средбата  била многу добра и оти било весело како на свадба. На прашањето каде му е вратоврската што му ја подари македонскиот колега Зоран Заев, одговори дека ја чува, но не ја ставил на врат. „Храната беше прекрасна, езерото убаво“, го дополни шефот на …

Ципрас: Во Отешево беше весело како на свадба Read More »

Два македонски и три грчки чамци ги превезуваа Заев и Ципрас


Два чамци на Езерската полиција и три на грчките служби ги превезуваа делегациите што беа присутни во Псарадес (Нивици) на потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција. Најпрво, во 9.30 часот, македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев со два чамци тргна од Отешево кон грчкиот дел на Преспа. По завршувањето на церемонијата …

Два македонски и три грчки чамци ги превезуваа Заев и Ципрас Read More »