Владата го разреши Спасовски од Управата за извршување на санкции


Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 119-та седница, на која меѓу другото беа донесени и кадровски одлуки. Марјан Спасовски е разрешен од должноста директор на Управа за извршување на санкциите. Исто така Владата ја именуваше Вангелија Велева за директорка на Педагошката служба, по претходно отворен јавен оглас на којшто Велева е единствен уредно …

Владата го разреши Спасовски од Управата за извршување на санкции Read More »

Приведено лице од Гевгелија по распишана потерница поради бегство од затвор


Полициски службеници во Гевгелија ноќеска го привеле М.С.(27), по кого била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија. М.С. бил баран за доиздржување на затворска казна од осум месеци за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука“. Лицето било спроведено во Затвор Гевгелија за доиздржување на казната, соопшти МВР.

Изречени казните на соработниците во терористичкиот напад во Ница во 2016 година


 По 18 години казна затвор добија двајца од обвинетите за членство во терористичка организација поврзана со нападот во Ница од 2016 година во кој загинаа 86 лица. Судијата Лоран Равио во Палатата на правдата во Париз при изрекувањето на казната истакна дека двајцата осуденици му давале морална и материјална поддршка на извршителот на терористичкиот напад, …

Изречени казните на соработниците во терористичкиот напад во Ница во 2016 година Read More »

Екстремен десничар кој уби луѓе во синагога, зароби чувари во германски затвор


Крајно десничарскиот екстремист, кој во 2019 година изведе смртоносен напад на синагога во германскиот град Хале, вчера кратко држел двајца чувари како заложници, при што е повреден кога го совладале останатите вработени во затворот во близина на градот Магдебург, објавено е денеска. Триесетгодишниот Стефан Балиет, еден час ги држел како заложници двајцата чувари во затворот …

Екстремен десничар кој уби луѓе во синагога, зароби чувари во германски затвор Read More »

Приведен скопјанец, осуден на 15 години казна затвор


Полициски службеници попладнево уапсиле скопјанец осуден на 15 години казна затвор, кој бил баран по централна потерница. -Денеска во 17:20 часот во скопската населба Хиподром, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Л.(31) од Скопје. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член …

Приведен скопјанец, осуден на 15 години казна затвор Read More »

Суспендирани полицајци на кои им избега затвореник


Двајцата затворски полицајци на кои пред неколку дена им побегна затвореник со шраф во колкот од одделот за ортопедија на Клиничка Болница – Штип се суспендирани се до донесување на правосилна одлука. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров истакна дека против двајцата вработени е поднесена дисциплинска постапка. – Против двајца затворски полицајци за бегство кое се …

Суспендирани полицајци на кои им избега затвореник Read More »

Поминал 24 години во затвор за злосторство што не го направил – доби отштета од 45 милиони долари


  Роџер Дин Гилеспи имал само 24 години кога морал да се соочи со обвиненија за силување на неколку жени во 90-тите, злосторство за кое отсекогаш тврди дека никогаш не го направил. Поминал 24 години во затвор Гилеспи е осуден на 56 години затвор, а откако поминал 24 години во затвор, во 2011 година е …

Поминал 24 години во затвор за злосторство што не го направил – доби отштета од 45 милиони долари Read More »

ЕК за затворскиот систем во земјава: Лошо менаџирање, лоша здравствена грижа, насилство, бедни материјални услови, ендемска корупција…


Остануваат главните недостатоци на затворскиот систем – лош систем на управување и учинокот на вработените, недостиг на кадар, лош квалитет на здравствена грижа за осудените лица, насилство меѓу осудените лица, бедни материјални услови, недостиг на наменски активности и ендемска корупција, нотира Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на Северна Македонија. ЕК нагласува дека има Стратегијата за развој на казнено-поправниот систем 2021-2025, …

ЕК за затворскиот систем во земјава: Лошо менаџирање, лоша здравствена грижа, насилство, бедни материјални услови, ендемска корупција… Read More »

Борис Бекер драстично ослабе додека е во затвор


  Германскиот тенисер Борис Бекер во април беше осуден на две и пол години затвор поради финансиски малверзации, а по шест месеци зад решетки од Англија стигнуваат загрижувачки вести за неговата состојба. Имено, адвокатот на славниот тенисер Оливер Моузер, за „Билд“ откри дека Бекер ослабел осум килограми, но и покрај тоа уверува дека е во …

Борис Бекер драстично ослабе додека е во затвор Read More »

Мјанмар: Аунг Су Чи осудена на уште три години затвор


  Судот на Мјанмар денеска ја осуди поранешната премиерка Аунг Сан Су Чи на уште три години затвор поради кршење на Законот за службени тајни. На три години затвор е осуден и нејзиниот поранешен советник Шон Тарнел. Во февруари 2021 година 76-годишната Аунг, добитничка на Нобелова награда за мир, беше соборена со државен удар. Таа во август беше осудена на шест години затвор …

Мјанмар: Аунг Су Чи осудена на уште три години затвор Read More »

Претреси во КПД Прилеп, кај осудени лица пронајдени ножеви и други забранети предмети


Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување, во координација со Управата за извршување на санкции, спроведоа координирана полициска акција во Казнено-поправниот дом Прилеп. – При претресите се пронајдени и одземени: ножеви, мобилни телефони и полначи за мобилен …

Претреси во КПД Прилеп, кај осудени лица пронајдени ножеви и други забранети предмети Read More »

На 4 години зголемена казната за возачот кој прегази девојка кај „Сити мол“


Апелациониот суд во Скопје му ја зголеми казната на Јордан Ѓоргиев, кој со своето возило ја усмрти Викторија Николова на пешачкиот премин на раскрсницата кај „Сити мол“. Казната е зголемена за една година, од првичната изречена која беше три години затвор. Причините за зголемување на казната ќе бидат образложени во пресудата. Претходно казната беше изречена …

На 4 години зголемена казната за возачот кој прегази девојка кај „Сити мол“ Read More »

Тетовските затвореници добија базен


По реновирањето на различни простори и активности во затворот во Тетово, неодамна беше обезбеден и базен како дел од програмата за ресоцијализација на оваа казнено-поправна установа, јави „Сител“. Директорот Ќефаил Хавзија вели дека затворениците со здравствени проблеми ќе можат да го користат базенот за масажи и вежби за тело. „Со чиста совест ги известуваме членовите …

Тетовските затвореници добија базен Read More »

ДЗР: Секторот за ресоцијализација при КПУ „Затвор Скопје“ не е доволно екипиран и нема лице за проверка на квалитетот на храната


Секторот за ресоцијализација при КПУ „Затвор Скопје“ не е доволно екипиран со што се доведува во прашање процесот на успешна ресоцијализација на осудените лица, а нема ниту определено лице за проверување на квалитетот на храната пред доделување на оброците, покажува ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија на КПУ „Затвор Скопје“ Скопје за 2020 година. …

ДЗР: Секторот за ресоцијализација при КПУ „Затвор Скопје“ не е доволно екипиран и нема лице за проверка на квалитетот на храната Read More »

Најмалку 51 загинат во затворот во колумбискиот град Тулуа


Најмалку 51 затвореник загина во пожарот што избувна за време на бунт во добро обезбедуваниот затвор во југозападниот колумбиски град Тулуа, изјави денеска шефот на националната затворска агенција. Трагедијата претставува еден од најлошите инциденти со насилство во затвор во оваа земја. -Тоа е трагичен и катастрофален настан, изјави претходно денеска Тито Кастеланос, директор на затворската …

Најмалку 51 загинат во затворот во колумбискиот град Тулуа Read More »

На македонскиот државајнин кој уби две сестри во Тирана му се заканува казна доживотен затвор


На македонскиот државјанин Перпарим Адеми (60), кој на 31 декември 2020 година изврши двојно убиство во Тирана  му се заканува казна доживотен затвор.  -Обвинителството денеска побара доживотен затвор за Перпарим Адеми, кој утрото на 31 декември 2020 година смртно ги застрела сестрите Кристина Барди и Жанета Метани, во нивниот стан во населбата „Астир“ во Тирана, пренесува …

На македонскиот државајнин кој уби две сестри во Тирана му се заканува казна доживотен затвор Read More »

Во затворот во Штип пронајдени мобилни телефони, ладно оружје, пари, психотропни супстанции и недозволеми материи


Во координирана акција организирана од Управата за извршување на санкции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство денеска во затворот во КПД Штип пронајдени се мобилни телефони, ладно оружје, пари, психотропни супстанции и недозволеми материи, информираат од Министерството за правда. Акцијата е реализирана во раните утрински часови од 6 до 9 часот. – При претресот …

Во затворот во Штип пронајдени мобилни телефони, ладно оружје, пари, психотропни супстанции и недозволеми материи Read More »

Четворица затвореници во штипскиот затвор штрајкуваат со глад


Четири осудени лица во КПУ Затвор Штип втор ден штрајкуваат со глад. Роднини на затворениците велат дека до ваквата ситуација дошло бидејќи прaвата во затворот не важеле за сите исто. Револтот е заради тоа што едно осудено лице било префрлено од затворениот во полуотворениот дел, иако таму бил пократок временски период од нив. Директорот на …

Четворица затвореници во штипскиот затвор штрајкуваат со глад Read More »

ХКЧП: Состојбата во затворените институци е илустрација и за пошироката општествена состојба


Како организациии коишто континуирано и непосредно ја следат состојбата во затворските установи, а поттикнати од последната акција на МВР во затворот Идризово, укажуваме дека она што во медиумите беше прикажано како спектакуларна заплена на ножеви, дрога и мобилни телефони во затворот, всушност е вообичаена состојба, која се провлекува децении наназад, велат од Хелсиншки комитет за …

ХКЧП: Состојбата во затворените институци е илустрација и за пошироката општествена состојба Read More »

Судот во Виена: Фрицл не може да бара помилување, неговата болест не може да се излечи


Австриецот Јозеф Фрицл беше уапсен пред 14 години, откако беше откриено едно од најтешките семејни злосторства во Европа во 21 век. Тој беше осуден на доживотен затвор во 2009 година затоа што 24 години ја држел и силувал својата ќерка во подрумот на неговата куќа во Амштетен, а таа родила седум деца во повеќе од …

Судот во Виена: Фрицл не може да бара помилување, неговата болест не може да се излечи Read More »