Утре продолжува седницата за Законот за јазици. Има ли договор за амандманите ?


По речиси еден месец чекање и тактизирање, спикерот Талат Џафери го закажа за утре продолжението на 32 пленарна седница, на чиј дневен ред следна точка за дискусија е Законот за употреба на јазиците, за кој ВМРО-ДПМНЕ поднесе близу 36 илјади амандмани. Според Законот за Собрание, регулативата за јазиците во трето читање, односно по ветото од …

Утре продолжува седницата за Законот за јазици. Има ли договор за амандманите ? Read More »

Мицкоски: Не се пазариме со Законот за јазици


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека не се пазареле со власта за одблокирање на парламентот за да се донесе Законот за јазици, односно за ослободување на притворените за настаните од 17 април минатата година. „Такво нешто апсолутно нема. Ние како опозиција мораме да ја релаксираме политичката атмосфера во државата. Но, како што велат дел …

Мицкоски: Не се пазариме со Законот за јазици Read More »

Законот за јазици го парализира парламентот: Тајни преговори наместо јавна расправа за амандманите


Продолжува парализата на парламентот поради десетиците илјади амандмани што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ за законот за употреба на јазиците. Роковите за почеток на расправата по оваа точка од поодамна се пробиени, додека спикерот Талат Џафери е во очекување овие денови да се најде решение за близу 36 илјади опозициски интервенции. Според Џафери, амандманска расправа за Законот, …

Законот за јазици го парализира парламентот: Тајни преговори наместо јавна расправа за амандманите Read More »

Се бара консензуално решение за амандманите за јазиците


Амандманска расправа за Законот за употреба на јазиците не е решение за деблокада на парламентот, смета спикерот Талат Џафери. Тој очекува во денови да се најде решение за близу 36 илјади амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. – Комуницирам со претставници на пратеничките групи вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека сме блиску до решение, рече Џафери …

Се бара консензуално решение за амандманите за јазиците Read More »

Ќе завршат ли амандманите на ВМРО-ДПМНЕ навистина во контејнер?


Близу 36.000 амандмани на законот за употреба на јазиците може да завршат навистина во контејнер, како што обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ кога тие се архивираа, преведуваа и умножуваа. Можноста да биде саботирана „амандманската офанзива“ на ВМРО-ДПМНЕ ја најави пратеникот на ДУИ, Артан Груби, како претседател на Комисијата за европски прашања, во која се разгледува законот за јазици …

Ќе завршат ли амандманите на ВМРО-ДПМНЕ навистина во контејнер? Read More »

Ахмети за Законот за јазици: Сме чекале 150 години, ќе почекаме уште неколку дена


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека што се однесува до него законот за јазици е усвоен и дека прашање на време е неговата конечност, пишува Макфакс. „Сме чекале 150 години, ќе почекаме уште неколку дена“, рече Ахмети на свечена академија по повод 10-годишнината од прогласувањето независност на Косово што се одржа во Скопје во …

Ахмети за Законот за јазици: Сме чекале 150 години, ќе почекаме уште неколку дена Read More »

Никој не знае што ќе се случува со Законот за јазици


Додека голем број пратеници од сите партии ги пакуваат куферите за Велика Британија, за да присуствуваат на конференција на престижниот институт „Вилтон парк“, никој во Собранието нема прецизен одговор што ќе се случува со Законот за употреба на јазиците. Ако се цени според Законот за Собрание, пробиен е рокот во кој Законот, на кој претседателот …

Никој не знае што ќе се случува со Законот за јазици Read More »

Пробиен ли е рокот за Законот за јазици ?


Иако утре истекува рокот што спикерот Талат Џафери го спомна како последен за почеток на расправата за Законот за употреба на јазиците, во трето читање, не е закажано продолжение на 32.седница, на чиј дневен ред е регулативата што е дел од преткоалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ. Шансите, Собранието да заседава утре се мали, меѓудругото …

Пробиен ли е рокот за Законот за јазици ? Read More »

Собранието во заложништво: Талат го враќа ударот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе настрада СДСМ


Нема избор на нов состав на Државната изборна комисија во догледно време ниту на нови потпретседатели на парламентот, а на чекање ќе бидат ставени и дел од реформските закони, како и други регулативи предложени од Владата… Ова е очекуваниот исход откако претседателот на парламентот, Талат Џафери, реши да го возврати ударот, така што на вчерашната …

Собранието во заложништво: Талат го враќа ударот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе настрада СДСМ Read More »

За Законот за јазиците ќе се расправа во комплетен собраниски состав


Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ се враќаат во Собранието и со амандмани ќе го подобруваат Законот за јазици, а откако повторно ќе биде изгласан ќе оди на мислење во Венецијанската комисија, по што добиените забелешки ќе бидат вградени во законот. Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски вчера го повтори владиниот став дека Законот е во согласност …

За Законот за јазиците ќе се расправа во комплетен собраниски состав Read More »

ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието


По речиси двомесечна апстиненција од собраниските клупи, со исклучок на две инцидентни појавувања, ВМРО-ДПМНЕ се враќа и ќе учествува во работата на парламентот. Повод е Законот за јазици, кој, според најголемата опозициска партија во земјава е неуставен и е на штета на граѓаните на Република Македонија, а предлагачите непотрбено се инаетат. „Одлуката на Владата да …

ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието Read More »

Законот за јазиците по усвојувањето ќе оди на Венецијанската комисија


Законот за употреба на јазиците откако повторно ќе биде изгласан во Собранието ќе оди на мислење во Венецијанската комисија, по што добиените забелешки ќе бидат вградени во законот. Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција го повтори владиниот став дека Законот е во согласност со Уставот на државата и оти е изгласан во демократска …

Законот за јазиците по усвојувањето ќе оди на Венецијанската комисија Read More »

Уште нема амандмани за Закон за јазиците


Законот за употреба на јазици в понеделник, на 29 јануари, повторно се враќа во Собранието на „трето читање“, откако претседателот на државата Ѓорѓе Иванов одлучи да не го потпише Указот затоа што „е во спротивност со Уставот и го загрозува унитарниот карактер на државата“. Пратениците на СДСМ до крајот на неделата ќе донесат одлука дали …

Уште нема амандмани за Закон за јазиците Read More »

СДСМ неделава ќе одлучи дали ќе поднесе амандмани за Законот за јазиците


Пратениците на СДСМ до крајот на неделата ќе донесат одлука дали ќе предложат амандмани по Законот за употеба на јазиците. Тие се уште го разгледуваат предлогот од претседателот Ѓорге Иванов, кој ги содржи забелешките на 14 страни. – Укажувањата на претседателот Иванов ги добивме вчера доцна попладне. Како пратеници ни треба време да ги разгледаме …

СДСМ неделава ќе одлучи дали ќе поднесе амандмани за Законот за јазиците Read More »

Во исчекување на законот за јазиците и судските случаи, можна ли е уште една албанска пролет?


Палењето на знаме не е исто како да запалиш вратоврска, туку како да ги „погазиш“ чувствата на милиони луѓе кои се дел од големото европско семејство, смета аналитичарот Ќенан Алиу Македонија, но и земјите од Балканот се наоѓаат пред многу сензитивен политички период во кој треба да се решат многу крупни прашања. Според последните изјави …

Во исчекување на законот за јазиците и судските случаи, можна ли е уште една албанска пролет? Read More »

Законот за јазици на нов тест следната седмица


На нова собраниска седница, што се очекува да почне најрано 29 овој месец (следниот понеделник), пратениците ќе треба повторно да се изјаснат за Законот за употреба на јазиците, откако претседателот Ѓорге Иванов објави дека не го потпишува указот за негово прогласување и стапување во сила. Ако новата регулатива за јазиците добие поддршка од најмалку 61 …

Законот за јазици на нов тест следната седмица Read More »

(Видео) Тимоние: Не го разбрав Законот за јазици


Мислам дека не сум единствениот што го не успеал да го разбере законот за јазици, бидејќи се работи за многу комплициран текст, барем во однос на неговата содржина, но и на последиците, вели францускиот амбасадор во Скопје Кристијан Тимоние во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Од друга страна, потенцира Тимоние, да бидам целосно искрен, …

(Видео) Тимоние: Не го разбрав Законот за јазици Read More »

Заев: Законот за јазиците е во рамките на Амандманот 5


Премиерот Зоран Заев останува во ставот дека законот за употреба на јазиците е во рамките на Амандманот 5 од Уставот. Не коментирајќи ги изјавите на претседателот Ѓорге Иванов, Заев денеска порача секоја дилема да се расчисти во Уставниот суд. Оправдувањето на Иванов зошто не го потпиша законот пристигна во Собрание. Откако спикерот Џафери ќе го …

Заев: Законот за јазиците е во рамките на Амандманот 5 Read More »

Иванов стави „вето“ на Законот за јазици


Претседателот Ѓорге Иванов објави пред малку дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците, што парламентарното мнозинство го донесе минатата седмица. Овој потег Иванов го образложи во обраќање до нацијата, посочувајќи дека Законот, според него, е неуставен, штетен за државата и дека е донесен во отсуство на опозицијата и …

Иванов стави „вето“ на Законот за јазици Read More »

Иванов до утре на полноќ треба да се изјасни за законот за јазиците


Утре на полноќ истекува рокот во кој македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов треба да одлучи дали ќе го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците или ќе го врати во Собранието со или без забелешки. Собранието го донесе Законот за употреба на јазиците на 11 јануари, а потоа текстот беше испратен во кабинетот …

Иванов до утре на полноќ треба да се изјасни за законот за јазиците Read More »