Србија нема да отвори нов кластер поради невоведувањето санкции против Русија


Министерката за европска интеграција на Србија Јадранка Јоксимовиќ изјави дека кластерот 3 нема да биде отворен во јуни во Брисел, затоа што Србија нема воведено санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград. Кластерот 3, кој Србија го очекува во евроинтеграциите, го вклучува, меѓу другото, информатичкото општество и медиумите, даночниот систем, економски и монетарни …

Србија нема да отвори нов кластер поради невоведувањето санкции против Русија Read More »

Британската Влада ќе предложи измени што може да доведат до трговска војна со ЕУ


 Владата на Велика Британија денеска ќе предложи закон со што еднострано ќе се укинат правилата за трговија со Северна Ирска, воведени по Брегзит. Но, со тоа можеби ќе започне трговска војна со Европската Унија. Според Лондон, предност и понатаму има договорот со ЕУ за реформата „Северноирскиот протокол“. Но, во отсуство на договор преку дијалог, законот …

Британската Влада ќе предложи измени што може да доведат до трговска војна со ЕУ Read More »

ЕУ ја обвинува Русија што нема решение за повторното отворање на украинските пристаништа


Русија ги попречува разговорите за изнаоѓање договор за планот за ослободување на украинското жито кое моментално е блокирано од извоз поради руската инвазија, изјави еврокомесарот за трговија Валдис Домбровскис. Украина е клучен глобален снабдувач со жито и масла за јадење, но голем дел од нејзината жетва е блокирана затоа што Русија ги окупираше нејзините пристаништа …

ЕУ ја обвинува Русија што нема решение за повторното отворање на украинските пристаништа Read More »

Австрија нема да ја прифати Украина во ЕУ без Западен Балкан


Австрија – Австрија никогаш нема да и одобри на Украина статус на земја-кандидат за членство во ЕУ на сметка на земјите од Западен Балкан, изјави претседателот на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка. -Австрија никогаш нема да го поддржи тоа, нагласи Соботка во интервју за агенцијата АПА. Тој посочи дека за Австрија е важно сите земји од Западен …

Австрија нема да ја прифати Украина во ЕУ без Западен Балкан Read More »

Европскиот парламент бара Србија да не отвора нови поглавја додека не воведе санкции против Русија


  Во дополнетиот текст на извештајот на Европскиот парламент за Србија, до кој има пристап РТС, бара од Белград да воведе санкции кон Русија поради нејзината агресија врз Украина и јасно да утврди дали таа е на европскиот пат. Европратениците се за отворање нови преговарачки поглавја само кога Србија ќе се усогласи со надворешната политика …

Европскиот парламент бара Србија да не отвора нови поглавја додека не воведе санкции против Русија Read More »

Валенса: ЕУ да се распушти и да создаде нова унија без Полска и Унгарија


Добитникот на Нобелова награда за мир и поранешен претседател на Полска, Лех Валенса во интервју за порталот „Интериа“ изјави дека Европска Унија мора да се распушти и да се создаде нова унија, чија основа ќе бидат Франција и Германија, но без Полска и Унгарија. – Наместо компромиси со Полска, ЕУ мора да се распадне и …

Валенса: ЕУ да се распушти и да создаде нова унија без Полска и Унгарија Read More »

Европејците купуваа помалку во април


Продажбата на мало во ЕУ и во еврозоната падна во април за прв пат од крајот на минатата година, како одраз на намалената куповна моќ на граѓаните во период на силен раст на цените на енергијата, покажа во петокот извештајот на Евростат. Сезонски приспособените продажби на мало во ЕУ и во еврозоната паднаа за 1,3 …

Европејците купуваа помалку во април Read More »

Лидерите на ЕУ се согласија да забранат 90 отсто од увозот на руска нафта до крајот на 2022 година


Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ доцна синоќа постигнаа политички договор за ембарго од околу 90 отсто врз руската нафта, Унгарија го доби исклучокот што го бараше, јави дописничката на МИА од Брисел. И покрај песимизмот во одредени кругови во ЕУ, лидерите сепак изнајдоа начелен политички договор за руската нафта. До крајот на годината …

Лидерите на ЕУ се согласија да забранат 90 отсто од увозот на руска нафта до крајот на 2022 година Read More »

ЕУ без договор за шестиот пакет санкции против Русија


Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на синоќешниот состанокот во Брисел не успеаја да постигнат консензус за воведување на шестиот пакет санкции против Руската Федерација. Нов обид за постигнување договор за засилување на притисоците врз Русија е закажан за денеска, непосредно пред специјалниот самит на лидерите на ЕУ. Предлогот на европските институции и на Франција како …

ЕУ без договор за шестиот пакет санкции против Русија Read More »

Премиерот на Ирска бара да се сменат правилата во ЕУ – да нема вето за проширувањето


  Ирскиот премиер, Михол Мартин, изјави дека неговата земја е отворена за промена на договорот на Европската унија врз основа на предлозите за ревизија на работата на Унијата, што сигнализира потенцијална поддршка за отстранување на ветото на земјите-членки за проширување на блокот и за воведување санкции. „Ние не ја затвораме вратата против промената на договорите …

Премиерот на Ирска бара да се сменат правилата во ЕУ – да нема вето за проширувањето Read More »

Зелено светло од ЕУ за привремена трговска либерализација со Украина


Белгија– Советот на ЕУ попладнево одобри привремена слободна трговија со Украина за одредени украински производи, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова конкретно значи дека за засегнатите производи се укинуваат сите царински обврски за извоз кон ЕУ од Украина во времетраење од една година. Европската Унија оцени дека со ова „значително ќе ја поддржи украинската економија“ во …

Зелено светло од ЕУ за привремена трговска либерализација со Украина Read More »

Дали Германија ја губи водечката улога во ЕУ?


  Пред една година, кога се ближеше крајот на мандатот на Ангела Меркел, таа беше фалена ширум светот како најважна политичка фигура во Европската унија и една од најважните на Западот. Сепак, достигнувањата на нејзиното шеснаесетгодишно владеење вклучуваат спречување на Украина да се приклучи на НАТО, како и изградба на „Северен тек 2“ од Русија …

Дали Германија ја губи водечката улога во ЕУ? Read More »

Борел: Поради поддршката за Украина, Европа ги истроши своите воени залихи


  Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека војната во Украина тектонски го наруши европскиот сигурносен пејзаж и нагласи дека ЕУ треба да преземе повеќе одговорност за својата безбедност. Иако ЕУ, според Борел, делувала брзо и силно и пружила поддржка за Украина во борната против руската инвазија, нагласува дека на …

Борел: Поради поддршката за Украина, Европа ги истроши своите воени залихи Read More »

ЕУ следи дали ќе се врати државното рекламирање во Македонија


  БРИСЕЛ – По најавите на новинарската фела во Македонија дека се разговара за повторно воведување владини реклами во медиумите, Европската комисија потсетува дека и во ЕУ се подготвуваат промени. Иако ништо не е официјално, новинарската фела во Македонија подолго време предупредува дека контроверзниот член 102 повторно е во игра. Членот 102 од Законот за …

ЕУ следи дали ќе се врати државното рекламирање во Македонија Read More »

ЕУ ќе ги искористи замрзнатите средства од руските олигарси за обновување на Украина


Германија – Европската унија бара начин како да ги искористи замрзнатите средства на руските олигарси за финансирање на обновувањето на Украина по војната, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – Нашите адвокати интензивно работат на изнаоѓање можни начини за искористување на замрзнатиот имот на руските олигарси за обновување на Украина. Мислам дека …

ЕУ ќе ги искористи замрзнатите средства од руските олигарси за обновување на Украина Read More »

Четири членки на ЕУ ќе го искористат ветрот на Северното Море за премин кон зелена енергија


Данска – Четири членки на Европската Унија планираат да ја забрзаат транзицијата кон зелена енергија и да помогнат во независноста од руските енергенти, преку нов голем проект за изградба на ветроелектрани во Северното Море, информираше данската премиерка Мете Фредериксен. Данска, заедно со Белгија, Холандија и со Германија, сака да го зголеми вкупниот капацитет на ветрот во …

Четири членки на ЕУ ќе го искористат ветрот на Северното Море за премин кон зелена енергија Read More »

Панел: Демократијата во Европа – 30 години по Маастрихт: Нови прашања за европската иднина и дилемите за проширувањето


Со панел дискусија „Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор: Нови прашања за европската иднината и дилемите поврзани со проширувањето“, организирана од Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, денеска во Скопје ќе биде одбележан Денот на Европа – 9 Мај. На панел …

Панел: Демократијата во Европа – 30 години по Маастрихт: Нови прашања за европската иднина и дилемите за проширувањето Read More »

Инфлацијата во ЕУ во април изнесувала 8,1 отсто, во еврозоната 7,4 отсто


Потрошувачките цени во Европската унија во април се зголемиле за 8,1 отсто на годишно ниво од 7,8 отсто во март, покажуваат денешните конечни податоци на Евростат. Стапката на инфлација во еврозоната во април изнесувала 7,4 отсто на годишно ниво, што е непроменето во однос на март, објавено е на веб-страницата на статистичката агенција на ЕУ. На месечно ниво, инфлацијата …

Инфлацијата во ЕУ во април изнесувала 8,1 отсто, во еврозоната 7,4 отсто Read More »

Конференцијата ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи на 23 јуни во Брисел


Белгија– Најавената Конференција за Западен Балкан на француското претседателство ќе се одржи на 23 јуни со лидерите од регионот и од ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Француското претседателство од самиот почеток најавуваше дека ќе организира посебен настан со шесте земји од регионот. Денеска Европскиот Совет потврди дека оваа конференција ќе се одржи на …

Конференцијата ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи на 23 јуни во Брисел Read More »

Емисиите на штетни гасови во ЕУ ги надминаа вредностите од пред пандемијата


Емисиите на стакленички гасови од стопанските активности во ЕУ сега се нешто повисоки од пред паднемијата на Ковид-19, извести евторската канцеларија за статистика. Производствените емисии на стакленички гасови во последниот квартал лани изнесуваа 1.041 милион тони еквивалент на јаглероден диоксид (CO2), што е зголемување во однос на 1.005 милиони тони во истиот период во 2019 …

Емисиите на штетни гасови во ЕУ ги надминаа вредностите од пред пандемијата Read More »