Тестаментот на претседателот Глигоров


Денеска, 3 октомври 2023 година, утрово во 9 часот и 50 минути се навршуваат точно 28 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров. И по речиси три децении ова злосторство и обид за дестабилизација на Македонија останува најголемата мистерија во поновата историја. Предметот не е затворен, велат истрагата уште трае, иако во тоа никој не верува. Резултати нема, …

Тестаментот на претседателот Глигоров Read More »

Кој му ги испраќа најопасните закани на Мицкоски


Притисокот со кој е соочен претседател на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоки да ги усвои уставните измени и Македонија да продолжи со Европската унија е евидентен и секојдневен. Тоа може јавно да се види, слушне и прочита од изјавите на наши сојузници и пријатели, светски државници и дипломати, од странските и домашните релевантни …

Кој му ги испраќа најопасните закани на Мицкоски Read More »

Кога Македонија ќе стане членка на ЕУ?


Има повеќе злорадост, отколку лажен оптимизам и нереална проценка во јавните лицитации на темата: кога Македонија ќе стане членка на ЕУ. Двете крајности надвладуваат во поделбата и на јавноста и на политичките партии и на институциите на системот. Потрошивме залудно скапоцено време на јалови расправи и меѓупартиски пресметки, наместо за подготвеноста за остварување на реформите кои …

Кога Македонија ќе стане членка на ЕУ? Read More »

Горди што го скршија грнето


  Знаменитиот професор Ѓорги Марјановиќ во врска со промената на името на државата кога тоа беше голема ерес, многу поголема отколку сега, напиша: „Викајте ме грне, само не ме кршете.“ Професорот, осведочен демократ, кој остана запаметен, не само на поранешните југословенски простори, со својата храброст прв да го крене јавно гласот да се укине вербалниот …

Горди што го скршија грнето Read More »

Нашите најсакани и најомразени политичари


Најпопуларен политичар кај мнозинството Албанци во Македонија е премиерот на Косово Албин Курти. Кај најголемиот број Македонци претседателот на Србија Александар Вучиќ е најсаканиот лидер и пријател. Овие два волка, тоа и на двајцата им значи презимето курт и вук, ја есапат Македонија како Црвенкапа. Румен Радев, претседателот на Бугарија, кој се претставува како ловџијата кој ја присвојува …

Нашите најсакани и најомразени политичари Read More »

Ќе го растури ли ВМРО ДПМНЕ Собранието?


За десет дена во Собранието ќе почне една од најзначајните дебати по осамостојувањето на Република Македонија. Пратениците ќе расправаат дали ќе го отворат патот за  уставни измени кои ако се усвојат водат кон членство на земјата во Европската унија, ако не се усвојат кон неизвесност за иднината на државата. Судејќи според денешниот однос на силите власт-опозиција …

Ќе го растури ли ВМРО ДПМНЕ Собранието? Read More »

Гоцевата шума уште гори


Пожарот во Гоцевата шума кај Неготино е изгасен, јавија официјалните извештаи. Меѓутоа, шумата на Делчев повторно пламна. Таа веќе од поодамна гори и тоа на 25.000 квадратни километри. Тоа што растело 120 години, пламенот го голта за еден час. Тие што ја запалија шумата ветуваат дека ќе посадат уште поубава и поголема и дека за …

Гоцевата шума уште гори Read More »

Три сценарија за иднината на Македонија


Изразот „летна шема“ во новинарството во едни минати, поспокојни времиња, означуваше полесни и поинтересни четива во летните месеци и годишните одмори. Повеќе забава и занимливости, репортажи од туристички центри, специјални прилози со крстозбори, хумор, спортски подвизи, интервјуа со естрадни ѕвезди – тоа беа главните теми. Формиравме летни редакции во нашите туристички места каде културните настани, …

Три сценарија за иднината на Македонија Read More »

Го заборавивме ли распадот на Југославија


Луѓето што имаат помалку од 45 години, веќе навлезени во петтата деценија од животот, многу веројатно малку што паметат од драматичните години пред распадот на Југославија. Тоа што го слушнале од своите блиски, прочитале, или виделе во разни филмувани и документарни емисии колку и да е точно е многу поразлично од тие што тоа го доживеале и биле …

Го заборавивме ли распадот на Југославија Read More »

Додека Мицкоски го чека одговорот од Ковачевски


Додека сѐ уште тече матната вода од преговорите меѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски и сѐ уште ечат навивачките партиски стадиони, се избиструва сознанието дека речиси ништо не е договорено. А, и тоа малку што е прифатено веќе не важи. Што воопшто не беше тешко да се погоди, имајќи ги предвид досегашните искуства на нашата …

Додека Мицкоски го чека одговорот од Ковачевски Read More »

Најуспешни се реформите за брзо богатење и осиромашување


Ништо не успева толку брзо и лесно во Македонија како реформите за брзо богатење на мал број луѓе и уште побрзо осиромашување на голем број луѓе. Оваа меѓузависност на патот на парите од сѐ посиромашните кон сѐ побогатите е полна со иновации и високи дострели на озаконет грабеж. Толку е банализирана 32-годишната неуспешна борба против организираниот …

Најуспешни се реформите за брзо богатење и осиромашување Read More »

Зошто ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не можат ништо да договорат


Двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по прогласување на независноста не можат да донесат ниту една одлука од стратегиски интерес за државата. Освен по првите години од повеќепартискиот парламентарен систем, кога се направени неколку заеднички исчекори, кои одамна се заборавени, раководствата на двете партии се во постојана политичка војна која направи пустош во свеста на …

Зошто ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не можат ништо да договорат Read More »

Од „што ќе ни е автопат“, стасавме до Илирида


Деновиве во Македонија се разоткрива една стогодишна заблуда. На големо изненадување, откривме дека изградбата на современи автостради и магистрални патишта не била наменета само за побрз развој на државите, без која инфраструктура нема ни економски, ни културен напредок. Тие не се ни најважниот предуслов за излез од сиромаштија, не биле ни општо добро за прерипнување на децении заостанатост, не …

Од „што ќе ни е автопат“, стасавме до Илирида Read More »

Како ќе изгледа Македонија ако не влезе во ЕУ


„Како би изгледала Хрватска да не е членка на ЕУ“ – е темата на извонредната анализа на новинарот Јасмин Клариќ објавена во интернет магазинот „Велике приче“, пренесена кај нас во порталот „Независен“.Таа  е вистинската „понуда“ за отрезнување во Македонија, иако авторот не ја пишувал со таква намена. Асоцијацијата со нашата трагична реалност е како ќе изгледа …

Како ќе изгледа Македонија ако не влезе во ЕУ Read More »

Проколнатиот ден кога престанавме да бидеме ничија земја


Има денови кои додека сте живи се паметат, се разбира, ако не ве нападне Алцхајмер. Еден од тие денови кој во мојата таковина е проколнат и избришан од колективното памтење  е денот кога престанавме да бидеме ничија земја, кога станавме призната држава. Наместо голем празник и сенародна радост 8 април 1993 година стана снеубавен, омрзнат …

Проколнатиот ден кога престанавме да бидеме ничија земја Read More »

И на Исток и на Запад и кај нас ништо ново


Кој за што, Бугарите на избори. Петти пат за две години. Резултатот горе-долу ист. Граѓаните не избраа стабилна влада. Нема крај на политичката криза во Бугарија. Собранието останува блокирано. Победничките партии на поранешните премиери Бојко Борисов и Кирил Петков не можат да коалицираат бидејќи разликите се непремостливи. На повидок се веќе годинава, во октомври, шести по ред парламентарни …

И на Исток и на Запад и кај нас ништо ново Read More »

Маките на Вучиќ и Курти


Процесот на нормализација на односите меѓу Србија и Косово, колку и да е тежок, полесно се одвива на меѓусебните средби на претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти и со американско-европските посредници, отколку тензиите што ги чекаат во Белград и во Приштина. Изгледа тоа е непишано правило на Балканите. Полесно е со противниците отколку со домашните. Ништо не се …

Маките на Вучиќ и Курти Read More »

Припитомување на волците Вучиќ и Курти


Не така одамна, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на јавен настап божем го праша новинарот, а всушност, како што е негова вообичаена тактика, им се обрати на Србите со зборовите: Дали сте виделе некогаш припитомен волк? Во циркус има лавови, слонови, тигри, разни диви животни, ама нема волк. Алузијата со неговото презиме и пораката што ја …

Припитомување на волците Вучиќ и Курти Read More »

Холокаустот на Македонците


Од гасната лабораторија на претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, излезе најновото откритие за холокаустот на Македонците. По договорите со Грција и со Бугарија, во догледна иднина, Македонците ќе исчезнат. Повеќе нема да постојат на меѓународната сцена, категоричен е научникот Коцарев.  За да се спречи оваа трагедија со исчезнувањето на македонскиот народ, тој понуди спасоносно …

Холокаустот на Македонците Read More »

Брзите избори на Мицкоски станаа маратон


Брзите избори што ги побара Христијан Мицкоски во 2018 година станаа првиот круг од маратонот на кој натпреварувачите стасаа до целта во 2020 година. По двегодишен пресинг на предизборни жестоки кампањи се одржаа „предвремените,“ во годината на редовни парламентарни избори. Уште несоземен од поразот, Мицкоски повторно јавна на бранот на предвремени брзи избори. И како …

Брзите избори на Мицкоски станаа маратон Read More »