Фрајбург воведе исхрана без производи од животинско потекло во градинките и основните училишта


Децата во градинките и основните училишта во Фрајбург, Германија, од вчера веќе не може да се хранат со шпагети болоњезе, стек и колбаси. Наместо тоа, отсега ќе се нуди исхрана без производи од животинско потекло. Одлуката за забрана на месо во градинките и училиштата ја донесе Советот на Фрајбург во октомври минатата година. Мнозинството политичари …

Фрајбург воведе исхрана без производи од животинско потекло во градинките и основните училишта Read More »

За децата кои победиле канцер: Старото училиште во Кучково станува Регионален центар за рехабилитација


Комплетна реконструкција е предвидена на објектот на основното училиште во селото Кучково во Ѓорче Петров, со негова преадаптација во Регионален Центар за рехабилитација на деца кои преживеале канцер, поддржан од Министерство за локална самоуправа и Владата на Швајцарија, спроведуван од Центар за развој на Скопски плански регион во рамки на проектот „Приказната продолжува “. Вкупна …

За децата кои победиле канцер: Старото училиште во Кучково станува Регионален центар за рехабилитација Read More »

Нигериската армија спасила 25 заложници, меѓу кои и деца, киднапирани од исламските бунтовници


Нигериската војска денеска соопшти дека спасила 25 заложници, главно жени и деца, кои ги држеле исламските екстремистички бунтовници во североисточниот регион на земјата, кој е во центарот на џихадистичкото насилство од 2009 година. Нигериската армија соопшти дека нејзините сили ги спасиле заробениците за време на „операција за чистење“ во областа Гвоза во државата Борно. Четиринаесет …

Нигериската армија спасила 25 заложници, меѓу кои и деца, киднапирани од исламските бунтовници Read More »

Совети за пречувствителни деца


Со поимот хиперсензибилно или пречувствително дете, не се мисли на дете кое просто плаче, станува тажно, луто или фрустрирано речиси без потреба…. Како што објави „Тудејс перент“, пречувствителните деца имаат нервен систем што е многу свесен и брзо реагира. Според одредени испитувања, 20 отсто од децата се пречувствителни, посочува психологот Илејн Арон – авторка на …

Совети за пречувствителни деца Read More »

Мајка во Австрија си ги уби двете деца


Морничава вест доаѓа Австрија денеска, нешто по пладне. Како што објавија австриската телевизија ОРФ и другите медиуми на своите портали, во Абсдорф кај Тулн во провинцијата Долна Австрија, 36-годишна мајка убила две свои деца: 7-месечно бебе и 7-годишна ќерка, пишува „Феникс“. После тоа влегла во автомобил и се обидела да се самоубие удирајќи во дрво …

Мајка во Австрија си ги уби двете деца Read More »

Децата умеат да препознаат насилство


Децата знаат да препознаат насилство, а како најприсутно се јавува меѓуврсничкото, ова беше оценето во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“. На денешната конференција беа сумирани сите впечатоци и идеи произлезени од работилниците кои изминатиот период се одржуваа во рамки на проектот. Кристина Сибиновска, проектен …

Децата умеат да препознаат насилство Read More »

Карасин: Околу 700.000 деца од зоната на судири во Украина сега се во Русија


Русија префрлила околу 700.000 деца од зоните на конфликти во Украина на руска територија, изјави синоќа Григориј Карасин, шеф на меѓународниот комитет во Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент. „Во последните години 700.000 деца најдоа засолниште кај нас, бегајќи од бомбардирањето и гранатирањето од зоните на конфликти во Украина“, напиша Карасин на својот …

Карасин: Околу 700.000 деца од зоната на судири во Украина сега се во Русија Read More »

Германец и Белгиец уапсени во Истра – снимале голи деца во камп


Истарската полиција уапси 61-годишен Германец и 57-годишен Белгиец, кои се осомничени дека во одвоени случаи снимале голи деца во Пула и Ровињ. Полицијата во Пула товари германски државјанин за експлоатација на деца за порнографија бидејќи на 7 јуни околу 19 часот снимил голо дете како се тушира ​​во камп во областа Премантура. Белгиски државјанин бил …

Германец и Белгиец уапсени во Истра – снимале голи деца во камп Read More »

Чудо во Колумбија: Четирите деца од авионската несреќа најдени живи по 40 дена во џунглата во Амазон


  Неухранети и покриени со каснувања од инсекти, четири домородни деца беа спасени живи од колумбискиот Амазон во петокот попладне, 40 дена откако авионот со кој патуваа се урна во џунглата. Во извонреден подвиг на издржливост, децата преживеаја силни бури во еден од најнегостопримливите делови на земјата, дом на грабливи животни и вооружени групи. „Тие …

Чудо во Колумбија: Четирите деца од авионската несреќа најдени живи по 40 дена во џунглата во Амазон Read More »

Родителите во еден ирски град одлучија да ги забранат телефоните за деца помлади од 13 години


Во ирскиот град Грејстоунс, кој има околу 18.000 жители, родителската иницијатива вроди со плод, така што на децата нема да им се даваат мобилни телефони за користење додека се во основно училиште. Здруженијата на родители од осум основни училишта во ирскиот град Грејстоунс заеднички покренаа иницијатива во обид да го подобрат квалитетот на детството и …

Родителите во еден ирски град одлучија да ги забранат телефоните за деца помлади од 13 години Read More »

Бесплатен одмор за деца од семејства во социјален ризик


 Владата на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2023 година, поднесена од Министерството за труд и социјална политика. Преку Проектот, како што е наведено во соопштението од …

Бесплатен одмор за деца од семејства во социјален ризик Read More »

Децата од градинката „Пролет“ во Карпош се дружеа со полициските специјалци


Денеска децата од детската градинка „Пролет“ од Карпош реализираа посета на базата на Единицата за брзо распоредување, во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“. Реализираната посета е согласно програмските определби на установата во рамки на кои е предвидено најмладите поблиску да се запознаат со дел од професиите, во случајот со професијата полициски службеник – припадник на Одделот за специјални …

Децата од градинката „Пролет“ во Карпош се дружеа со полициските специјалци Read More »

Четири деца пронајдени живи во џунгла 15 дена по авионската несреќа, меѓу нив и бебе


Четири деца, меѓу кои и 11-месечно бебе, се пронајдени живи по повеќе од две недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла во колумбиската провинција Какети. Децата биле спасени од припадници на војската, пожарникари и претставници на цивилната авијација по двонеделна потрага. Спасувачите, поддржани од кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје кое …

Четири деца пронајдени живи во џунгла 15 дена по авионската несреќа, меѓу нив и бебе Read More »

Кина почнува проекти за брак на „новата ера“ и повеќе деца


Кина ќе почне проекти во повеќе од 20 градови за да создаде брак на „нова ера“ и култура на раѓање што е најнов потег на властите за зголемување на наталитетот. Националното тело, Здружение за планирање на семејството, што ги спроведува владините популациски мерки, ќе почне проекти насочени кон охрабрување на жените да се мажат и …

Кина почнува проекти за брак на „новата ера“ и повеќе деца Read More »

Приведени 10 лица од Тетово и Гостивар поради сексуална експлоатација и трговија со дете


 Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, вчера под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во содејство со секторите за внатрешни работи Тетово и Скопје, реализираше случај за …

Приведени 10 лица од Тетово и Гостивар поради сексуална експлоатација и трговија со дете Read More »

Коста Кецмановиќ е еден од најмладите масовни убијци во светот


Меѓу сите масовни убијци во светот помлади од 14 години, никој досега не убил толку жртви како 13-годишниот Коста Кецмановиќ, кој вчера во училиштето во Врачар во Белград уби осум деца и училишниот портир и повреди многу деца, пишува Блиц. Убиецот го нарекуваат најсуровиот детски масовен убиец во светската историја. На списокот на деца масовни …

Коста Кецмановиќ е еден од најмладите масовни убијци во светот Read More »

Едукативна тура во природа за најмладите во Вевчани


Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“, подружница Вевчани во соработка со националниот парк „Галичица“ организираше едукативна тура во природа со ученици од основното училиште „Страшо Пинџур“ и дечињата од градинката „ПЛанински цвет“ од Вевчани, со прошетка низ Споменикот на природата „Вевчански извори“. Учениците, како што соопшти „Еко-свест“ учеле бонтон во природа и …

Едукативна тура во природа за најмладите во Вевчани Read More »

Предвидувања за најпопуларни имиња за деца во 2023 година


Имињата за бебиња постојано влегуваат и излегуваат од мода, па затоа е важно да се избере име со кое детето може да расте, објаснуваат стручњаците. Британски „Мирор“ ги пренесува предвидувањата за најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во 2023 година. „Изминативе години, нашите предвидувања се покажаа како едни од најточните, ако не и најточните …

Предвидувања за најпопуларни имиња за деца во 2023 година Read More »

Холандски суд му забрани на таткото на 550 деца и понатаму да донира сперма


Холандски суд му забрани на еден маж да ја донира својата сперма откако во Холандија и во други земји се родени најмалку 550 деца со помош на неговата сперма, пренесува АП. Судот наведе дека според холанските закони едно лице може да донира сперма за најмногу 25 потомци или за 12 семејства, како и дека донорот …

Холандски суд му забрани на таткото на 550 деца и понатаму да донира сперма Read More »

Општина Кисела Вода и „Меѓаши” со проект за унапредување на детските права


Преку 30-месечен проект, финансиран од Делегацијата на ЕУ, ќе се унапредува заштитата на правата на децата преку изготвување локален акциски план во општините низ Македонија. Проектот опфаќа пет општини, а Кисела Вода е единствената скопска општина каде веќе се спроведуваат активности во насока на зајакнување на капацитетите за унапредување на локалното стратешко планирање и воведување …

Општина Кисела Вода и „Меѓаши” со проект за унапредување на детските права Read More »