Во Германија приведени 13 лица поради напад врз блогер


Германската полиција приведе 13 лица во Дортмунд поради вмешаност во вчерашниот напад врз 24-годишен блогер. Помеѓу приведените одреден број се и десничари, а некои од нив имаат и криминални досиеја. Тие го нападнале блогерот и му ја одзеле камерата Инцидентот се случи по протестите за време на викендот против ултрадесничарите.

Минхен: Демонстрациите против крајната десница се прекинати поради премногу учесници


 Демонстрациите против екстремната десница организирани денеска во Минхен беа прекинати поради преголемиот број луѓе на улиците, јавија германските медиуми. Организаторите најавија дека на тој протестен марш дошле над 50.000 луѓе, што е двојно повеќе од пријавениот за него. Според други проценки, таа бројка е уште поголема. Во големите германски градови со денови се организираат демонстрации …

Минхен: Демонстрациите против крајната десница се прекинати поради премногу учесници Read More »

Вчера 300.000 луѓе излегоа на улиците низ Германија. Истото се очекува и денеска


По неколкудневните масовни протести во Германија, денеска се очекува десетици илјади луѓе да излезат на улиците на германските градови, вклучувајќи го и Берлин, за да се соберат против крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) и нејзиниот антиимигрантски став. Полицијата во Минхен очекува до 25.000 учесници, додека организаторите на митингот во Келн проценуваат дека ќе има …

Вчера 300.000 луѓе излегоа на улиците низ Германија. Истото се очекува и денеска Read More »

„Германија не е болниот човек на Европа; туку уморен човек, кому му треба кафе“


  Германскиот министер за финансии ги отфрли сугестиите дека неговата земја повторно стана „болен човек“ на Европа. Само е малку уморен и има потреба од „шолја кафе“, рече тој во петокот. Долго време како мотор на растот во Европа, германската економија се намали минатата година за 0,3%, веројатно најслабото остварување меѓу големите земји во регионот. …

„Германија не е болниот човек на Европа; туку уморен човек, кому му треба кафе“ Read More »

Германија го олесни добивањето државјанство


Германскиот парламент го прифати денеска, со гласовите на претставниците на партиите од владејачката коалиција, нов закон за државјанство со кој се олеснува стекнувањето германски пасош и се дозволува двојно државјанство. За изменетиот закон за државјанство гласаа 382 претставници, а против 234, вклучително и претставничкиот клуб на опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ и Алтернатива за Германија. „Овие …

Германија го олесни добивањето државјанство Read More »

Отпуштени се 1.500 луѓе поради слабо познавање на германскиот јазик


Во кантонот Цирих, дури 1.500 таксисти останаа без работа бидејќи не зборуваат доволно добро германски. Имено, на почетокот на оваа година стапи на сила нов закон според кој секој што не може да покаже потврда за познавање на јазикот на ниво Б1, не може да добие дозвола за работа како таксист. Ова го потврди и …

Отпуштени се 1.500 луѓе поради слабо познавање на германскиот јазик Read More »

Сообраќаен колапс во Германија. Возачи 7 часа заглавени во снег


Сообраќајот во Германија веќе два дена е во застој поради снег и замрзнат дожд. Автопатите се непроодни, а железничките и воздушните линии се откажани. Северот на континентот, исто така, се бори со тешка временска ситуација. Повеќе од 300 од 1.000 планирани пристигнувања и полетувања беа откажани утринава на аеродромот во Франкфурт, изјави портпаролот. „Затрупани во …

Сообраќаен колапс во Германија. Возачи 7 часа заглавени во снег Read More »

Нема повеќе пари за субвенции на земјоделците во Германија


Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер денеска им се обрати на илјадниците незадоволни земјоделци кои протестираа против зголемувањето на даноците и им порача дека нема повеќе пари за продолжување на субвенциите. Илјадници возачи на трактори и камиони и околу десет илјади луѓе денеска ја блокираа авенијата што води до берлинската Бранденбуршка порта, по еднонеделните протести …

Нема повеќе пари за субвенции на земјоделците во Германија Read More »

Германските земјоделци со трактори и камиони на протести пред Бранденбуршката порта


Германските земјоделци за денеска најавија протести пред Бранденбуршката порта во Берлин со барање да се преиспитаат плановите за воведување повисоки даноци за земјоделците. На протестите се очекува да учествуваат околу 3.000 земјоделци со трактори, 2.000 камиони и 10.000 луѓе од цела Германија. Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер планира да им се обрати на учесниците …

Германските земјоделци со трактори и камиони на протести пред Бранденбуршката порта Read More »

Германија објави рекордна нето имиграција во 2022 година


Нето имиграцијата во Германија го достигна највисокото ниво во историјата во 2022 година, по избувнувањето на војната во Украина, јави ДПА. Федералната канцеларија за миграција и бегалци вчера во Нирнберг соопшти дека нето имиграцијата тогаш била 1,5 милиони луѓе, односно четири пати повеќе од претходната година. Според извештајот, 2,7 милиони луѓе заминале да живеат во …

Германија објави рекордна нето имиграција во 2022 година Read More »

Во штрајкот на земјоделците во Германија им се придружија машиновозачите


Штрајкот на земјоделците, но и на претставниците на другите синдикати во Германија продолжува и денеска, а поради целокупната состојба земјата е речиси целосно блокирана. Покрај земјоделците, тридневниот штрајк го започнаа и машиновозачите низ земјата во знак на поддршка на другите членови на синдикатот кои се борат против кратењето на субвенциите. „За време на штрајкот, железничките …

Во штрајкот на земјоделците во Германија им се придружија машиновозачите Read More »

Тридневниот синдикален штрајк го запре железничкиот сообраќај низ цела Германија


Синдикатот на германските машиновозачи (ГДЛ) денеска го продолжи штрајкот на работниците, кој влегува во третиот ден, и го прошири од патнички до товарен. Државната железничка компанија Дојче Бан соопшти дека само околу 20 отсто од нејзините возови функционираат, а приградските возови во градовите како Берлин се во застој. Германските машиновозачи бараат намалување на работното време …

Тридневниот синдикален штрајк го запре железничкиот сообраќај низ цела Германија Read More »

Германската влада усвои мерки за штедење, вклучено и контроверзното намалување на субвенциите


  Германската федерална влада постигна договор за дополнителни мерки за штедење, пишуваат германските медиуми и додаваат дека Предлог-законот за финансирање на буџетот, меѓу другото, вклучува и контроверзно намалување на субвенциите за дизелот за земјоделците, повисоки даноци за воздушниот сообраќај и построги санкции во областа на социјална помош. Владата очекува буџетот прво да биде одобрен во …

Германската влада усвои мерки за штедење, вклучено и контроверзното намалување на субвенциите Read More »

Германското стопанство повторно разочара: Лоши вести од најважниот сектор во економијата


Германското индустриско производство во ноември падна за 4,8 отсто на годишно ниво и за 0,7 отсто на месечно ниво, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис врз основа на прелиминарните податоци. Пазарите очекуваа спротивен тренд, месечен раст на индустриското производство од 0,2 отсто. Индустриското производство во Германија бележи пад веќе шести месец по ред, покажуваат …

Германското стопанство повторно разочара: Лоши вести од најважниот сектор во економијата Read More »

Втор ден од протестите на земјоделците во Германија, државата ќе биде целосно блокирана


Илјадници земјоделци во Германија и денеска ќе ги блокираат главните патишта со трактори и ќе стојат пред клучните владини институции. Поради масовноста, државните служби изразуваат загриженост и овој протест го нарекуваат најголем во повоената историја. Се стравува дека речиси ниту еден дел од државата нема да функционира нормално. Како што пренесуваат германските медиуми, блокирани се …

Втор ден од протестите на земјоделците во Германија, државата ќе биде целосно блокирана Read More »

(Видео) Големи нереди во Германија, опожарен пензионерски дом, уапсени над 300 лица, повредени полицајци


Во Берлин на новогодишната ноќ избувнаа нереди во кои демонстрантите користеа петарди и ракети за огномет. Уапсени се повеќе од 300 луѓе, јавија агенциите. Најмалку 15 полицајци се повредени, а повеќе од 300 лица се уапсени во немирите во Берлин на новогодишната ноќ. Демонстрантите, главно млади, меѓусебно се нападнале со петарди и ракети, пренесува Билд. …

(Видео) Големи нереди во Германија, опожарен пензионерски дом, уапсени над 300 лица, повредени полицајци Read More »

Струјата во Германија останува скапа


Клаус Милер, претседател на германската Федерална агенција за мрежни системи, која е одговорна за енергетските системи, оценува дека цената на струјата ќе остане висока и следната година. „Електричната енергија стана поевтина на големо од 2022 година. Цената е сè уште повисока отколку пред руската агресија во Украина и тоа нема да се промени многу наскоро“, …

Струјата во Германија останува скапа Read More »

Се создава држава во држава среде Германија. Екстремистите купуваат земја, имаат и „крал“


Десничарските екстремисти стратешки купуваат рурално земјиште низ Германија. Нивната цел е да создадат заедници кои се независни од државата, велат од германската разузнавачка агенција и владините министерства, а пренесува британски Гардијан. Властите и невладините организации кои ги следат екстремно десничарските групи велат дека членовите на движењето Рајхсбиргер, кое ја отфрла германската држава како што е …

Се создава држава во држава среде Германија. Екстремистите купуваат земја, имаат и „крал“ Read More »

Германците сѐ почесто се на боледување поради психички проблеми


Вработените во Германија минатата година поминале 130 милиони денови на боледување поради психолошки проблеми и нарушувања во однесувањето. Тоа е четири милиони повеќе отколку во 2021 година, покажуваат податоците на Министерството за труд. Економската загуба поради овие боледувања изнесува околу 17,2 милиони евра, соопшти министерството во одговор на прашање на пратеничката група на Левица во …

Германците сѐ почесто се на боледување поради психички проблеми Read More »

Силно невреме помина низ Северна Европа, во Германија се очекуваат обилни врнежи од дожд и снег


 Во некои региони на Германија се очекуваат обилни врнежи од дожд и снег откако бурата Золтан опустоши големи делови од северна Европа непосредно пред католички Божик, јави ДПА. Властите предупредуваат на големи поплави во делови од покраините Долна Саксонија, Хамбург, Саксонија-Анхалт и Баварија. Според податоците на германската метеоролошка служба, повторно се очекува да падне снег, …

Силно невреме помина низ Северна Европа, во Германија се очекуваат обилни врнежи од дожд и снег Read More »