Се испитува зошто почина родилка од Гевгелија


Гевгеличанката Елизабета Савиќ-Динева (31) вчера беше погребана во Гевгелија, откако почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) каде била префрлена откако ѝ се искомплицирала здравствената состојба по породувањето на 29 јуни. Блиски на жената во информациите што ги споделуваат на социјалните мрежи обвинуваат за лекарска негрижа. Савиќ-Динева се породила на 29 јуни  …

Се испитува зошто почина родилка од Гевгелија Read More »

На ГП „Богородица’ се чека 50 минути, на „Дојран“ половина час


На граничните премини Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила и  времето на чекање е до 50, односно 30 минути. Од дежурната служба на ГП Богородица велат дека од македонска страна граничниот премин работи со полн капацитет и оти се пуштени сите шест ленти, но оти застојот е од грчка страна и засега не …

На ГП „Богородица’ се чека 50 минути, на „Дојран“ половина час Read More »

Кривична пријава за вработена во Обвинителството во Гевгелија


Секторот за внатрешни работи Струмица-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, поднесе кривична пријава против гевгеличанката Е.С. (34) , поради постоење на основано сомневање дека сторила кривично дело „Оддавање службена тајна“. Како што изјави Тони Божиков, самостоен инспектор при СВР Срумица, осомничената Е.С. на адвокатот му давала кривични пријави, службени …

Кривична пријава за вработена во Обвинителството во Гевгелија Read More »

Телото на планинарот Петков донесено во Гевгелија


Телото на починатиот доктор Георге Петков по десeт дена од неговата смрт на Хималаите, денеска беше донесено во Гевгелија. Петков почина на 20 мај во обид да се искачи највисокиот врв во светот Монт Еверест, како член на меѓународната експедиција „Еверест 2018“. Според информацијата од директорот на Гевгелиската општа болница, доктор Митко Крџев, утре во 12 …

Телото на планинарот Петков донесено во Гевгелија Read More »

Македонски планинар почина на Хималаите


Македонскиот планинар Георги Петков од Гевгелија починал денес од срцев удар на Хималиаите во обид да го освои највисокиот врв Монт Еверест. Агенцијата АФП јави дека  62-годишниот планинар колабирал пред Кампот три на непалската страна од врвот, на надморска височина од 7.200 метри. „Нашиот тим во базниот камп ја потврдува неговата смрт“, изјавил организаторот на …

Македонски планинар почина на Хималаите Read More »

Завршните зборови за случајот „Карев“ во гевгелискиот суд на 29 мај


Денешното четврто судско рочиште за обвинетиот член на политичката партија „Левица“ Константин Карев, во Основниот суд во Гевгелија не донесе ништо конкретно околу евентуална разврска на случајот во кој обвинетиот за време на ланските локални избори фотографирал полицајка додека била на должност на избирачко место. Денеска по предлог на Обвинителството, судот сослуша еден колега на …

Завршните зборови за случајот „Карев“ во гевгелискиот суд на 29 мај Read More »

Блокотехна израмни на 1:1 против МЗТ


Блокотехна на домашен терен го совлада МЗТ Скопје со 106:94 во вториот меѓусебен дуел од полуфиналната серија од плејофот и израмни на 1:1. Натпреварот во Гевгелија помина во знакот на расположените за игра домашни кошаркари, од кои Двејн Бенџамин постигна 31 поен. Блокотехна го искористи домашниот терен и презеде инцијативата врз играта, а доминираше на …

Блокотехна израмни на 1:1 против МЗТ Read More »

Гевгеличанка без соодветно образование вршела очни прегледи


СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Г. (62) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“. Како што соопшти МВР, во периодот од мај 2016 година до поднесување на пријавата, пријавената, без да поседува соодветно образование, положен стручен испит и лиценца за работа за вршење на лекарска дејност, вршела очни прегледи …

Гевгеличанка без соодветно образование вршела очни прегледи Read More »

Причина за превртување на камионот е пукната гума


Се расчистува автопатот Скопје-Гевгелија кај Стоби, откако денеска попладне камион се преврте поради пукната гума и зафати по две ленти во двата правца, па сообраќајот се одвива по една лента и кон Скопје и кон Гевгелија. Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, за МИА информира дека интензивно се работи на терен и во најскоро време …

Причина за превртување на камионот е пукната гума Read More »

Се преврти камион кај Стоби, блокиран автопатот Скопје-Гевгелија


Камион се преврти на автопатот Скопје -Гевгелија кај Стоби, при што зафати по две ленти во двата правца, па сообраќајот се одвива по една лента и кон Скопје, и кон Гевгелија. Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес,  информира дека неготинска полициска екипа е на терен и во тек е увидот на местото на настанот. Од …

Се преврти камион кај Стоби, блокиран автопатот Скопје-Гевгелија Read More »

Совет на Гевгелија: „Не“ за рудници на Кожуф


На денешната вонредна седница Советот на општина Гевгелија едногласно го одби барањето за продолжување на геолошките истражувања на Кожуф од страна на фирмата „Резервоар Минералс“ ДООЕЛ Скопје. Ова е вториот негативен одговор на гевгеличани по референдумското „НЕ“ за истражување на металични минерални суровини на локалитетот „с. Коњско“ на Кожуф планина, пренесе порталот Gevgelijanet.  На денешната …

Совет на Гевгелија: „Не“ за рудници на Кожуф Read More »

Жител на Гевгелија пронајден починат во стан


Триесет и петгодишниот гевгеличанец Р.А. рано изутрината бил пронајден починат во стан на булевар „Гевгелија“. МВР информира дека увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Патнички воз прегази жител на Миравци


Шеесет и четиригодишен жител на гевгелиското Миравци загина во несреќа што се случи на влезот од железничката станица во селото. Според полицијата, вчера околу 11.55 часот, возот што сообраќал од Гевгелија кон Миравци удрил во С.Г. (64), кој починал на самото место. По увидот, телото е предадено за обдукција.  

Бугарин го фати крстот во Гевгелија


Најсреќен меѓу четириесетината кои скокнаа по светиот крст во реката Вардар во Гевгелија беше 23- годишниот државјанин на Република Бугарија, Теодор Цветков од градот Русе. Свештените лица и многубројните граѓани на Гевгелија беа пријатно изненадени што првпат чесниот крст во Гевгелија го фати странски државјанин. Тие на Цветков му посакаа многу здравје и му порачаа …

Бугарин го фати крстот во Гевгелија Read More »

Само за викендите директен воз до Солун


Грчките железници ги известиле МЖ Транспорт дека експресниот воз 334/335 кој сообраќа на релацијата Солун -Белград и обратно од 12 јануари 2018 во деновите од понеделник до петок ќе сообраќа само до Гевгелија наместо до Солун и обратно. „Трејносе“ зема обврска во тие денови да ги превезува патниците со автобус од Гевгелија до Солун. Во …

Само за викендите директен воз до Солун Read More »

Серија земјотреси ги тресеа Дојран и Гевгелија


Доцна синоќа, по 23 часот, се регистрирани серија земјотреси кои потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје. Најсилниот, со интензитет од 6-7 степени според Европската макросеизмичка скала, бил утрово во 5 часот и 24 минути. Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, овој земјотрес на 145 километри југоисточно од Скопје, со магнитуда од 4,8 …

Серија земјотреси ги тресеа Дојран и Гевгелија Read More »

Го убил со 4.56 промили алкохол во крвта


Две лица се уапсени за вчерашното убиство на 41-годишниот Б.Р. од Гевгелија. Од полицијата информираат дека осомничени се К.И. (31), кој се товари за сторено убиство и Р.К. (43) за помагање. Случајот во МВР бил пријавен околу седум часот од страна на лекар од Итната медицинска помош. Според истрагата, злосторството се случило во куќата на Р.К.. …

Го убил со 4.56 промили алкохол во крвта Read More »

Мртов маж пронајден во Гевгелија


Четириесет и едногодишен гевгеличанец утринава е пронајден мртов во близина на касарната во Гевгелија. Неговото безживотно тело било забележано од случаен минувач околу седум часот, по што била повикана полиција. Утврдено е дека станува збор за Б.Р. (41), кој имал повреда во пределот на главата. Засега не е познато дали се работи за убиство.

Дождот не престанува, можно е излевање на водотеците


Најмногу дожд изминатите шест часа наврна во Гевгелија, 30 литри на метар квадратен, во Крушево 21 литар, во Демир Капија и Прилеп 19 и во Охрид и Битола 16 литри. Ако врнежите продолжат со очекуваниот интензитет, предупредува УХМР, можни се излевања на малите водотеци, додека големите имаат капацитет да ги примат врнежите без да се …

Дождот не престанува, можно е излевање на водотеците Read More »