Без вода корисниците од ул. „Радишанска лево’ и дел од „Бел камен“ поради дефект на приклучна цевка


Од ЈП Водовод и канализација – Скопје соопштија дека денеска без вода ќе бидат корисниците од ул. „Радишанска Лево“ и дел од „Бел Камен“ поради водоводен дефект на приклучна цевка на ул. „Радишанска Лево“ бр. 26г. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.

Поради дефект без вода делови од Карпош


Поради уличен дефект ф-150 мм на ул. „Волгоградска“ 10, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Соле Стојчев“, „Невеска“, „Трифун Бузев“, дел од „Волгоградска“ и дел од „Разловечко Востание“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:40 часот до завршување со санација на дефектот. 

Поради дефект без вода делови од булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Лондонска“


Поради уличен дефект ф-350 мм на булевар „Партизански Одреди“ бб (спроти ТЦ Сити Мол), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите во непосредна близина, односно дел од булеварот и дел од улицата „Лондонска“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот. 

Во недела без вода „Ист гејт мол“ „Топлификација“, „Скопска пивара“, „Алкалоид“


Поради промена на затворач ф-600 мм на крстосницата булевар „Александар Македонски“ со „16-та Македонска Бригада“ на 4 февруари (недела) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците улиците „512“, „515“, „516“, „520“,  „Ист Гејт Мол“, објектот на Топлификација, објектот на Општина Гази Баба, хотел „Континентал“, булеварот „Александар Македонски“, ул. „808“, „Скопска Пивара“, „Алкалоид“, „ЈСП“ и „Кока Кола“. Како …

Во недела без вода „Ист гејт мол“ „Топлификација“, „Скопска пивара“, „Алкалоид“ Read More »

Без вода утре дел од општина Карпош


Поради поврзување на стара со нова мрежа на улицата „Петар Драганов“ број 22, утре без вода ќе бидат краците 1,3,5,7,10 од булеварот „Партизански одреди“ во Карпош, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Корисниците ќе немаат вода за пиење утре од 10 часот до завршување на интервенцијата. 

Без вода дел од населбата Пинтија


Поради дефект на улица „Јабланица“ 54, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Пинтија, односно корисниците кои се поврзани на старата водоводна линија. ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:10 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради дефект без вода дел корисниците од улица „Христо Татарчев“ и деловните објекти во близина


Поради дефект на затварач ф-150 мм на ул. „Христо Татарчев“ 101, во близина на “„Крка“, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од истата улица и деловните објекти во непосредна близина. Како што информираат од ЈП „Водовод и канзализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:50 часот до завршување со санација на дефектот. 

Со грант од Шпанија ќе се прави студија за пловечки фотоволтаици – да не поскапи водата за наводнување


Со грант вреден 765.158 евра од Кралството Шпанија, земјава ќе изготувува студија за поставување пловечки фотоволтаици. Целта е да се намалат трошоците за струја на АД „Водостопанство“ за пумпните станици и да не се дозволи да дојде до поскапување на водата за наводнување што ја користат земјоделците. Договорот за грантот го потпишаа денеска министерот за …

Со грант од Шпанија ќе се прави студија за пловечки фотоволтаици – да не поскапи водата за наводнување Read More »

Дел од Шуто Оризари без вода


Без вода денеска од 9:20 часот се дел од жителите лоцирани на улиците „Нов живот“, „Гвадалахара“ и „Јуриј Розентал“ во општина Шуто Оризари.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Нов Живот“, кај последната станица на автобуската линија „19“. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање …

Дел од Шуто Оризари без вода Read More »

Делови од Скопје утре без вода – „Ист гејт“, „Континентал“, „Смок“, интернатот


 Без вода за пиење утре од девет часот ќе бидат неколку делови од градот, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. – Поради промена на два шибера во шахта од Ф-50 мм на улицата „Истарска“ број 33 во општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Светозар Марковиќ“, „Мирче …

Делови од Скопје утре без вода – „Ист гејт“, „Континентал“, „Смок“, интернатот Read More »

Две скопски села без вода поради дефект


Две села во околината на Скопје се без вода за пиење поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. – Поради уличен дефект на улицата „7“ број 355 во село Батинци, прекинато водоснабдување имаат корисниците од селото, како и тие од Љубош, појаснуваат од претпријатието. Водоснабдувањето ќе биде прекинато сѐ до санирање на дефектот.

Поради дефект половина Ново Лисиче без вода, но и Автокоманда и Ѓорче Петров


Поради уличен дефект ф 100 мм на булевар „Видое Смилевски Бато“ бр.61, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од овој булевар од зграда бр.11 до зграда бр.89. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 13:45 часот до санирање на дефектот.  Дел од Автокоманда без вода Без …

Поради дефект половина Ново Лисиче без вода, но и Автокоманда и Ѓорче Петров Read More »

Медицинска сестра во САД на пациентите им инјектирала обична вода починале 10 луѓе


„Американ ен-би-си 5 њус“ јави дека  неколку пациенти во локалната болница во Медфорд, Орегон починале под чудни околности и дека е во тек полициска истрага. Според нивните извори, 9 или 10 пациенти починале како последица на инфекција предизвикана од грешка на медицинската сестра, која наместо лек им инјектирала обична вода од чешма. Сите ја добиле …

Медицинска сестра во САД на пациентите им инјектирала обична вода починале 10 луѓе Read More »

Водата во Прилеп поскапува за 33 отсто


Управниот одбор на прилепски „Водовод и канализација“  ја прифати одлуката на Реулаторната комисија за зголемување на цената на водата за пиење. Цената би требало да се зголеми за 33 проценти. Оваа одлука треба да ја потврди Советот на општина Прилеп по празниците. Според директорот на „Водовод и канализација“, Игор Гулабоски зголемувањето за 33 проценти на …

Водата во Прилеп поскапува за 33 отсто Read More »

Дел од општина Центар утре без вода


Без вода утре од 8:30 часот ќе бидат дел од жителите лоцирани на улицата „Стив Наумов“, поранешна „Ленинградска“.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Пролет“ 11.  Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. 

Без вода дел од корисниците на ул. „Св. Наум Охридски“ и „Чедомир Кантарџиев“ поради уличен дефект


 ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денеска поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Св Наум Охридски“ бр. 2 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и тоа од бр. 2 до бр. 20 и од ул. „Чедомир Кантарџиев“. Прекинот на водоснабдување ќе биде од 20:30 час до завршување …

Без вода дел од корисниците на ул. „Св. Наум Охридски“ и „Чедомир Кантарџиев“ поради уличен дефект Read More »

„Водовод и канализација“ за големиот дефект во Центар, кај МКЦ – со цистерна ќе се носи вода за пиење


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека во однос на дефектот на Ф-600 мм на ул.„Кеј Димитар Влахов“ 15 до МКЦ во населба Центар, заради кој со прекинато водоснабдување се корисниците на дел од Крњево, Керамидница, ТЦ Ист Гејт, Бул.Александар Македонски до бензинската пумпа Лук Оил, Пожарна, а со намален притискок Маџари и Хиподром, …

„Водовод и канализација“ за големиот дефект во Центар, кај МКЦ – со цистерна ќе се носи вода за пиење Read More »

Ешерихија коли во водата во некои кумановски села – не е безбедна за пиење


Небезбедна за пиење е водата во дваесет проценти од селата во поширокиот кумановски регион, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Куманово. Укажуваат дека жителите на руралните средини треба често да ја испитуваат водата во центарот. – Во околу дваесет проценти од селата од кумановско водата е небезбедна за пиење. Имаме појава на ешерихија коли, …

Ешерихија коли во водата во некои кумановски села – не е безбедна за пиење Read More »

Дел од општина Центар без вода


Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Водњанска“, „50-та Дивизија“, „Јордан Мијалков“, „Васил Ѓоргов“ и „Шарски одред“.  Во истиот период без вода ќе бидат и Средно медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, Министерство за здравство и Клиника за радиологија.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот …

Дел од општина Центар без вода Read More »

Без вода дел од Пржино


 Поради уличен дефект ф-80 мм, без вода од 09:20 часот се корисниците од улиците  ул.„Жванска“ и „Наум Охридски“ во населба Пржино. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.