Вашингтон тврди дека не подготвува воена акција против Венецуела


Специјалниот пратеник на САД за Венецуела, Елиот Ејбрамс изјави на брифинг дека САД не подготвуваат воени акции врз Каракас. Тој, сепак, призна дека САД продолжуваат со разгледување можности за користење воена сила врз владата на Николас Мадуро. – Ние продолжуваме да зборуваме и ќе го правиме тоа дека се разгледуваат различни варијанти за акција бидејќи …

Вашингтон тврди дека не подготвува воена акција против Венецуела Read More »

Гуаидо наскоро се враќа во Венецуела и почнува нови протести


Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо вети дека наскоро ќе се врати во Венецуела за да почне нови протести против претседателот Николас Мадуро. Гуаидо оваа порака ја испрати од Колумбија, по состанокот со регионални дипломати и американскиот потпретседател Мајк Пенс. Тој рече дека наредните денови ќе го објави датумот кога ќе се врати, као и акциите …

Гуаидо наскоро се враќа во Венецуела и почнува нови протести Read More »

САД бараат итна седница на СБ на ОН за Венецуела


САД побараа утре да биде свикана итна седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе се разговара за ситуацијата во Венецуела, откако силите на претседателот Николас Мадуро ги спречија конвоите со странска хуманитарна помош да влезат во земјат. Вашингтон врши притисок од 15-члениот Совет формално да повика на слободни и фер претседателски избори …

САД бараат итна седница на СБ на ОН за Венецуела Read More »

Гуаидо ја повика меѓународната заедница: Разгледајте ги сите опции


Опозицискиот лидер на Венецуела Хуан Гуаидо ја повика меѓународната заедница да ги разгледаат „сите опции“ за решавање на кризата во таа земја. Венецуелската војска претходно ги врати странските хуманитарни конвои од границата на Венецуела со употреба на солзавец, а на границата со Бразил настрадаа две лица. Последните случувања „ме натераа да донесам одлука формално да …

Гуаидо ја повика меѓународната заедница: Разгледајте ги сите опции Read More »

Помпео: Мадуро е болен тиранин, неговите денови се одбројани


Ќе најдеме начин храната да стигне до луѓето на кои им е потребна, порача Помпео. Американскиот државен секретар Мајк помпео одлуката на претседателот на Венецуела, Никола Мадуро да ја спречи доставата на хуманитарна помош на таа земја, ја нарече потег на „болен тиранин“. Тој во интервју за CNN рече дека САД ќе преземе акција за …

Помпео: Мадуро е болен тиранин, неговите денови се одбројани Read More »

(Видео)Хаос во Венецуела


Ривалски демонстрации се одржуваат во главниот град на Венецуела, Каракас, каде илјадници луѓе излегоа на улиците. Ова се случува откако опозициските водачи се обидоа да ја внесат хуманитарната помош во земјата покрај противењето на претседателот Николас Мадуро. Илјадници приврзаници на Мадуро излегоа во центарот на градот со звуците на трубите, додека многу други беа на …

(Видео)Хаос во Венецуела Read More »

Тензично на венецуелската граница, дезертираа тројца војници


Војската на Венецуела денеска употреби солзавец во близина на границата со Колумбија против група луѓе кои се обидувале да преминат во таа соседна земја за да одат на работа. Владата на претседателот Николас Мадуро ги затвори границите додека опозициските лидери се подготвуваат да ја примат хуманитарната помош од САД, на што се спротивставува владејачката Социјалистичка …

Тензично на венецуелската граница, дезертираа тројца војници Read More »

ОН: Околу 2,7 милиони луѓе ја напуштиле Венецуела од 2015 година


Околу 2,7 милиони луѓе ја напуштиле Венецуела од 2015 година, соопшти денеска Организацијата на Обединетите нации, предупредувајќи дека масовното иселување ќе продолжи во услови на политичка и економска криза. Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и Агенцијата за миграција на Обединетите нации во заедничко соопштение објавија дека просечно 5.000 луѓе ја напуштаат Венецуела секој …

ОН: Околу 2,7 милиони луѓе ја напуштиле Венецуела од 2015 година Read More »

Берни Сандерс не го признава Гуаидо за легитимен претседател на Венецуела


Независниот сенатор од американската сојузна држава Вермонт, Берни Сандерс, кој најави учество во трката за демократски кандидат за претседател на САД на изборите во 2020 година, изјави дека не го признава Хуан Гуаидо за легитимен претседател на Венецуела. Во интервју за телевизијата „Јунивижн“ Сандерс изјави дека тој не го признава Гуаидо за легитимен претседател. – Она …

Берни Сандерс не го признава Гуаидо за легитимен претседател на Венецуела Read More »

Венецуела: Мадуро ја затвори границата со Бразил


Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, нареди да се затвори границата со Бразил поради судирот околу меѓународната хуманитарна помош. Левичарскиот лидер на телевизија рече дека размислува и за затворање на границата со Колумбија, за да ја спречи опозицијата да добие поддршката. Тој демантира дека во земјата постои каква и да е криза и оценува дека испораката …

Венецуела: Мадуро ја затвори границата со Бразил Read More »

Хуан Гуаидо го потпиша првиот претседателски указ


Хуан Гуаидо го потпиша првиот претседателски указ, откако се прогласи за шеф на државата, со кој дозволува влез на хуманитарна помош во Венецуела од САД и неколку други држави. Се предвидува од утре да почне доставувањето на хуманитарната помош, јави Би-Би-Си. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро не дозволува влез на храна и лекарства во земјата и …

Хуан Гуаидо го потпиша првиот претседателски указ Read More »

Венецуелскиот опозициски караван тргна по хуманитарната помош од САД


Караванот на венецуелскиот лидер на опозицијата Хуан Гуаидо денеска се упати кон границата на Венецуела со Колумбија за решавање на ситуацијата со хуманитарната помош од САД. Претставниците на опозицијата рано утрово тргнаа од Каракас со три бели автобуси, кои, како што беше најавено, требаше да ги предводи Гуаидо. Меѓутоа, привремениот претседател на Венецуела не дојде, …

Венецуелскиот опозициски караван тргна по хуманитарната помош од САД Read More »

Ричард Бренсон организира хуманитарен концерт за Венецуела


Британскиот милијардер Ричард Бренсон планира хуманитарен концерт во Колумбија со цел да ја подигне глобалната свест за кризата во Венецуела и да собере средства за хуманитарна помош. Бренсон наведе дека хуманитарниот концерт го организира на барање од привремениот претседател на Венецуела, Хуан Гуидо и политичкиот дисидент Леополдо Лопез. Концертот е предвидено да се одржи на …

Ричард Бренсон организира хуманитарен концерт за Венецуела Read More »

Словенија го призна Гуаидо за привремен претседател на Венецуела


Словенечката Влада го призна денеска опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела, со што официјална Љубљана, по двонеделни внатрешни расправии се придружи на групата од 23 европски земји кои го сторија истото. Шефот на словенечката дипломатија Миро Церар изјави дека единствена причина за признавањето е „повикот на слободни, демократски и легитимни избори што …

Словенија го призна Гуаидо за привремен претседател на Венецуела Read More »

Државната нафтена компанија на Венецуела префрлала пари на бугарски сметки


Од американските партнери, како по дипломатски, така и по оперативен пат, имаме информации за трансфери на пари од Венецуела, особено од страна на Државната нафтена компанија (ПДВСА), за што се користени бугарски банкарски сметки, изјави главниот обвинител Сотир Цацаров, пренесе агенцијата БГНЕС. По детална анализа на информациите, утврдена е банката, лицето кое е носител на тие …

Државната нафтена компанија на Венецуела префрлала пари на бугарски сметки Read More »

Гутереш: ОН ќе останат неутрални во врска со Венецуела


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека светската организација нема да учествува во ниту една инцијатива на групите што се формираат во врска со решавањето на кризата во Венецуела, за да ја зачува неутралноста и кредибилитетот како организација која може да им помогне на сите страни во изнаоѓање решение. Гутереш со ова објасни зошто …

Гутереш: ОН ќе останат неутрални во врска со Венецуела Read More »

Пуџдемон: ЕУ има двојни стандарди за Венецуела и за Каталонија


Поранешниот претседател на  каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон денеска ја обвини Европската унија за двојни стандарди, бидејќи сака да го признае Хуан Гуаидо за легитимен времен претседател на Венецуела, а во исто време го игнорирала неговиот обид за прогласување независност на Каталонија. – Јас бев избран за претседател од страна на демократски легитимен Парламент, а …

Пуџдемон: ЕУ има двојни стандарди за Венецуела и за Каталонија Read More »

Британија, Шпанија, Франција и Австрија го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела


Шпанскиот премиер Педро Санчез го призна денеска опозицискиот лидер Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела. Тој истакна дека на Венецуела и се потребни слободни и фер избори „колку е можно побрзо“. – Го признавам претседателот на венецуелскиот Парламент, господинот Хуан Гуаидо, како привремен претседател на Венецуела, нагласи Санчез. Велика Британија, исто така, денеска го …

Британија, Шпанија, Франција и Австрија го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела Read More »

Мадуро го отфрли ултиматумот за распишување претседателски избори


Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го отфрли ултиматумот на повеќе европски земји за распишување претседателски избори. Мадуро за шпанската телевизија Секста рече дека нема да покаже „кукавичлук пред притисок“ од оние кои бараат тој да си замине и го поддржуваат Хуан Гуаидо. Ултиматумот на европските земји истече синоќа. Шест европски земји – Германија, Шпанија, Франција, …

Мадуро го отфрли ултиматумот за распишување претседателски избори Read More »

Ердоган со поддршка за Мадуро


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му се јавил на својот колега од Венецуела, Николас Мадуро, и му понудил своја поддршка откако венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо се самопрогласи за шеф на државата. „Нашиот претседател имаше телефонски разговор и му изрази поддршка од Турција на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и нагласи: Брате Мадуро! Држи се, ние …

Ердоган со поддршка за Мадуро Read More »