Владина делегација на Светскиот инвестициски форум во Женева


Владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од денеска до среда ќе присуствува на Светскиот инвестициски форум што ќе се одржува во седиштето на Организацијата на Обединетите нации во Женева. Во состав на владината делегација се и министерот за здравство Венко Филипче и советникот на претседателот на Владата Ванчо Узунов. Вицепремиерот Анѓушев …

Владина делегација на Светскиот инвестициски форум во Женева Read More »

Во Белград почнува Самит на 100 бизнис лидери


Србија – Во Белград денеска почнува дводневен седми Самит на 100 бизнис лидери. На самитот ќе учествуваат експерти и министри од регионот кои ќе расправаат за најразлични теми како мобилност во работата, енергетска одрживост, брендирање на регионот и друго. На присутните преку панели ќе се обратат македонскиот заменик премиер Кочо Анѓушев, министерот за надворешна трговија и …

Во Белград почнува Самит на 100 бизнис лидери Read More »

Трибина: Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО


Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе учествуваат на трибина „Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО“. Трибината, што е во организација на Стопанска комора на Македонија, ќе се одржи во фабриката „Кромберг и Шуберт Македонија“ во Индустриската зона Жабени во близина на Битола. – Во насока на …

Трибина: Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО Read More »

Анѓушев: Размислуваме за замрзнување на придонесите на текстилните и кожарските работници


Владата размислува за мерката за замрзнување на придонесите на работниците во текстилната и кожарската индустрија. Ова денеска го најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на трибината „Перспективите на македонската економија преку членство во НАТО и ЕУ“, во организација на Стопанската комора на Македонија. Пред работодавачите од Штип и од источниот регион тој појасни дека подолго време разговарале и …

Анѓушев: Размислуваме за замрзнување на придонесите на текстилните и кожарските работници Read More »

Анѓушев: Фломастерот падна од висина и удри на масата


Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска на прес-конференцијата во Владата изрази жалење дека бил погрешно разбран на брифингот со новинарите пред неколку дена на кој, според него, му паднал фломастерот и удрил на масата, а за кој, беше обвинет дека со тоа нападнал новинар. – На брифингот во Владата на РМ додека објаснував …

Анѓушев: Фломастерот падна од висина и удри на масата Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев зел уште еден тендер


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека вицепремиерот Кочо Анѓушев преку неговите фирми добил уште еден државен тендер. „Вицепремиерот Кочо Анѓушев нема намера да прекине да зема од парите на граѓаните преку неговите фирми. Попусто постојат закони за судир на интереси, џабе граѓаните се бунат. Кочо ’четири очи’, нема институција, а да не може да ја опслужи. Најновите …

ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев зел уште еден тендер Read More »

Трифун Костовски до Анѓушев: Бизнис-интересите и политиката не одат заедно


Контроверзниот тендер за иновации и технолошки развој стигна и во рацете на Основното јавно обвинителство. По објавите во медиумите за можни злоупотреби при доделувањето грантови, кои, меѓу другите, им беа доделени и на фирми каде што удел имаат вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец, Обвинителството отвори предмет и ќе ги истражува евентуалните …

Трифун Костовски до Анѓушев: Бизнис-интересите и политиката не одат заедно Read More »

Анѓушев: Референдумот мора да успее


Граѓаните да го поддржат референдумот. Тој мора да успее зошто  Македонија нема друга опција за просперитет и светла иднина. Ваква порака упати вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев синоќа од прославата за поканата за членство во НАТО од Велес. – Ние 25 години гледаме што се случува бидејќи толку години тапкаме во место и …

Анѓушев: Референдумот мора да успее Read More »

За кого ќе навива политичката елита: Заев за Хрватска и Србија, Мицкоски за Германија, Фетаи за Шпанија…


Двете најмоќни политички фигури во земјава имаат различно мислење и кога е во прашање фудбалот – најважната споредна работа на светот. Првите луѓе на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе навиваат за различни репрезентации на претстојното Светското првенство во фудбал, кое од 14 јуни до 15 јули ќе се одржи во Русија. И двајцата жалат што …

За кого ќе навива политичката елита: Заев за Хрватска и Србија, Мицкоски за Германија, Фетаи за Шпанија… Read More »

Анѓушев: Невработеноста се намалува


Процентот на невработеност паѓа, рече денеска вицепремирот Кочо Анѓушев, но не кажа колкаво е намалувањето. – Не сакам да импровизирам со бројка, но она што го имам како сознание е дека бројката на невработени е намалена, истакна Анѓушев на прес-конференцијата во Владата на која ги соопшти економските показатели за првиот квартал во 2018 година. Според …

Анѓушев: Невработеноста се намалува Read More »

Анѓушев: Во првиот квартал 235 милиони евра странски директни инвестиции


Во првиот квартал годинава во Македонија се влезени 235 милиони евра странски директни инвестиции. Тоа е најуспешен квартал од кое било тримесечие од 2007 година досега и во споредба со цела 2017, но и со годишните износи во 2015, 2014, 2012, 2010 и 2009 година. Тоа го објави денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања …

Анѓушев: Во првиот квартал 235 милиони евра странски директни инвестиции Read More »

Анѓушев: За едно исечено дрво, 10 нови на Водно


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, по барањето од граѓански организации да се промени трасата за изградба на гасоводот која минува кај Водно за да не се оштетува шумата, вели дека ќе биде минимизирано какво било оштетување, кое ќе биде компензирано. Потребно е, порача денеска Анѓушев, да се изнајдат сите средства максимално да се заштити  …

Анѓушев: За едно исечено дрво, 10 нови на Водно Read More »

Заев ги повика бизнисмените од Битола да ги искористат мерките наменети за малите и средните претпријатија


Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска во Битола им порачаа на бизнисмените од овој град да ја искористат владината мерка за поддршка на малите и средните претпријатија за што веќе се обезбедени 10,5 милиони евра. – За прв пат од државниот буџет обезбедени се рекордни средства во висина од 10,5 …

Заев ги повика бизнисмените од Битола да ги искористат мерките наменети за малите и средните претпријатија Read More »

Анѓушев: Решението за „Југохром“ со внимавање и на екологијата и на економијата


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека е оптимист за наоѓање решение за комбинатот „Југохром“ со кое ќе се внимава и на здравјето на луѓето и на економијата. – Според последните информации во Факом е готова и челичната конструкција што треба многу скоро да се монтира. Ги разгледуваме сите можности и со банките и …

Анѓушев: Решението за „Југохром“ со внимавање и на екологијата и на економијата Read More »

Анѓушев: БДП годинава над три отсто


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека годинава може да се достигне планираниот раст на БДП од 3,2 отсто. Оптимизмот, како што истакна во одговор на новинарско прашње на денешната прес-конфереција во Владата, го темели на фактот што веќе почнаа да растат платите, индустријата е во подем, а од вториот квартал на годинава …

Анѓушев: БДП годинава над три отсто Read More »

Кабинет на Анѓушев: Стечајната постапка во Фени индустри се води во согласност со Законот за стечај


Стечајната постапка во Фени индустри се води во согласност со Законот за стечај, со соодветни органи на управување за зачувување на стечајната маса, со крајна цел заштита на интересите на доверителите, информираат од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања. – Владата во рамките на своите активности будно ја следи состојбата на стечајната постапка заради заштита …

Кабинет на Анѓушев: Стечајната постапка во Фени индустри се води во согласност со Законот за стечај Read More »

Фирма фантом од Бахами „шурувала“ со Фени


Фирма фантом од Бахами „шурувала“ со „Фени Индустри“. Компанијата „победила“ на оглас за преработка на никелова руда, иако дури не се знае кој го склучил договорот во нејзино име. Во тоа голема помош имале од стечајниот управник и од стечајниот судија, соопшти денеска „Транспаренси Интернешнл“, која ги обвини за коруптивно однесување и против нив поднесе …

Фирма фантом од Бахами „шурувала“ со Фени Read More »

Анѓушев: Нема да ја промовираме Македонија како земја на евтина работна сила


Македонија повеќе не смееме да ја рекламираме како држава со евтина работна сила, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во вечерашното издание на емисијата „Ноќно студио“ на ТВ Телма. Анѓушев рече дека ќе мора инвеститорите  да даваат плата од 18.000 денари. „Ние Македонија не смееме да ја рекламираме како земја со евтина работна сила. …

Анѓушев: Нема да ја промовираме Македонија како земја на евтина работна сила Read More »

Анѓушев: Има простор за договор со транспортерите во Фени


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека има простор за договор меѓу инвеститорот Џи Сол и транспортерите кои одбија да возат руда за Фени се додека не им се исплатат заостанатите долгови и очекува случајот да има позитивна завршница. – Се прават сите напори фабриката да се рестартира. Мислам дека има добар предлог спрема …

Анѓушев: Има простор за договор со транспортерите во Фени Read More »

Анѓушев: За два месеца осум нови иневстици во ТИРЗ, вредни 75 милиони евра


Во последните два месеци по претставувањето на Програмата на Владата за економски раст има нови осум инвестиции во ТИРЗ во вкупна вредност од 73,5 милиони евра што ќе отворат 1.570 нови работни места, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. – За два месеци со нула потрошени пари имаме осум нови инвестиции со над …

Анѓушев: За два месеца осум нови иневстици во ТИРЗ, вредни 75 милиони евра Read More »