ЈСП за Задушница со дополнителен број на автобуси


Во пресрет на верскиот празник Задушница, утре (21.02.2020 година) и во сабота (22.02.2020 година), на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси. Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.