Делегацијата на германското стопанство се приклучи кон Декларацијата на Стопанската комора за економски реформи и мерки
Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, како застапништво на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) во Берлин, ја потпиша Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки, што ја усвои Собранието на Стопанската комора на 14 јули по повод 100-годишнината. Како што соопштуваат од …