Дендиас до Ердоган: Заканата од ракетен напад врз Грција од членка на НАТО е неприфатлива
Шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, денеска оцени дека е неприфатливо турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да се заканува дека со балистички ракети ќе ја нападне Атина. -Заканата од ракетен напад врз Грција од членка на НАТО е неприфатлива, изјави Дендиас во Брисел, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија. …