Големи еколошки проекти во Кавадарци спроведуваат општината и министерството


Министерката за животна средина Каја Шукова денеска беше во работна посета на Кавадарци. Во општинската зграда таа оствари средба со пратеничката Даниела Колева и градоначалникот Митко Јанчев, а подоцна со градоначалникот беше на терен во увид на работите на проектот за кој Општината аплицирала и добила финансиски средства од Министерството. – Се работи за завршување …

Големи еколошки проекти во Кавадарци спроведуваат општината и министерството Read More »

Јанчев бара УО да ги разрешат директорите на основни училишта што се тепаа


Училишните одбори да донесат одлука за разрешување на двајцата директори на основни училишта по инцидентот со нарушување на јавен ред и мир, се вели во соопштението од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Во соопштението се појаснува  дека градоначалникот заедно со службите на општината Кавадарци, денеска ја разгледале состојбата со инцидентот.  – Доставени се дописи …

Јанчев бара УО да ги разрешат директорите на основни училишта што се тепаа Read More »

Гир во Кавадарци појасни кои фондови се отворени за општината


Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир денеска е гостин во Кавадарци. Тој оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев а ќе се сретне и со општинскиот совет, невладини организации и граѓани. -Денеска во посета на Општина Кавадарци е амбасадорот на Европската унија г-дин Дејвид Гир. Покрај средбата со градоначалникот Митко Јанчев, …

Гир во Кавадарци појасни кои фондови се отворени за општината Read More »

И кавадаречката администрација со 2.806 денари повисока плата


Претседателот на ССМ, Дарко Димовски денеска се сретна со  градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев на која на барање на синдикатите било договорено зголемување на платите на сите вработени во општината и јавните комунални претпријатија во општината за 2.806 денари во нето износ.   На средбата присуствуваа и Секретарот на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуноски, …

И кавадаречката администрација со 2.806 денари повисока плата Read More »

ВМРО за Јанчев: Секој одговара за себе и треба да е свесен за постапките


ВМРО-ДПМНЕ не сака да прави голема врева од фактот што кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев, кој е од нивните редови, присуствуваше на трибината на СДСМ во Кавадарци. „Секој одговара за себе и треба да е свесен за постапките“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за „Независен весник“. Јанчев, кој по ланскиот референдум за името беше разрешен од потпретседателското место …

ВМРО за Јанчев: Секој одговара за себе и треба да е свесен за постапките Read More »

Јанчев нема да формира партија, Тортевски сака пет пратеници


Изградба на кружен тек на спојот од булеварите „Никола Минчев“ и „Цветан Димов“, уредување на „Паркот на револуцијата“ и уривање на потпорниот ѕид на улицата „7 Септември“. Ова се дел од последните активности со кои што е преокупиран кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев. На половина од мандатот како прв човек на градот, познатиот бизнисмен ја реализира …

Јанчев нема да формира партија, Тортевски сака пет пратеници Read More »

МВР: Синот на Јанчев бил на „мопед“, се судрил со автомобил


Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата во која е повреден синот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев, се случила триесетина минути по полноќ на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Гоце Делчев“ во Кавадарци. Дошло до судир меѓу автомобил „фолксваген пасат“, управувано од Н.А. (36) од Кавадарци, и мопед „априлија“, управуван од петнаесетгодишно момче …

МВР: Синот на Јанчев бил на „мопед“, се судрил со автомобил Read More »

Синот на Митко Јанчев тешко повреден во сообраќајка


Синот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев е тешко повреден во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила во Кавадарци. Според информациите до кои дојдовме, четиринаесетгодишното момче се возело на моторцикл. По несреќата, итно е префрлен во болница. Наскоро подетални информации за несреќата. Митко Јанчев е сопственик на „Кожувчанка“, а до пред неколку месеци беше потпретседател на …

Синот на Митко Јанчев тешко повреден во сообраќајка Read More »

Коневски: Не е време за превирања и оставки, Мицкоски да се доближи до странците и до Албанците


Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, не сака да избрзува со заклучоци по вториот изборен круг од претседателските избори, во кои ВМРО-ДПМНЕ, односно Гордана Силјановска-Давкова освои речиси 380.000 гласа или 60.000 помалку од  Стево Пендаровски. Вели дека партијата треба да направи детална анализа и да види кои работи биле добри, а кои не чинеле и …

Коневски: Не е време за превирања и оставки, Мицкоски да се доближи до странците и до Албанците Read More »

И децата да дишат – и Јанчев да се промовира


Иако власта и опозицијата секојдневно се препукуваат за загадувањето, во смисла кој е најодговорен за тоа што сме на врвот во светот, паралелно се одвива и друг процес – собирање поени од состојбата што всушност треба да им нанесе голема политичка штета. Минатата недела скопските училишта забрзано добиваат прочистувачи за воздух платени од градскиот буџет, …

И децата да дишат – и Јанчев да се промовира Read More »

Милошоски сега му го чува грбот на Мицкоски


Минатиот петок кога во Собранието се гласаше за уставните измени, Антонио Милошоски застана пред новинарите и побара да не се одолговлекува почетокот на седницата и веднаш да се почне со изјаснување. Нагласи дека зборува во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“ што беше мало изненадување во тој момент, имајќи …

Милошоски сега му го чува грбот на Мицкоски Read More »

Јанчев за „Независен“: Би го водел ВМРО ако видам тим со визија


Довчерашниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, мирно ја прими одлуката за негово разрешување од функцијата. Вели дека чека да добие официјален документ за да види дали е „само“ сменет од потпретседателската фотелја или добил „шут-карта“ од членството во партијата. „Доколку сè уште сум член на партијата, секако дека останувам да се борам за моите идеи …

Јанчев за „Независен“: Би го водел ВМРО ако видам тим со визија Read More »

Капиталот стекнат за ВМРО-ДПМНЕ по референдумот потрошен со едно гласање


Капиталот стекнат по референдумот – се стопи преку ноќ. Вака во ВМРО-ДПМНЕ се толкува петочното гласање во Собранието со кое е крената рампата за договорот со Грција околу името. Експресното исклучување од партијата на седумтемина пратеници кои ѝ забија нож во грб на партијата е само обид да се поправи штетата, но вистинските предизвици во …

Капиталот стекнат за ВМРО-ДПМНЕ по референдумот потрошен со едно гласање Read More »

Митко Јанчев: Ајде да направиме амнестија


-Ајде да ја направиме таа амнестија, ајде да ги ослободиме луѓето, кои во таа еуфорија на 27-ми април, без намера или некаква организација, ненамерно направиле глупост. Таа работа треба да заврши во парламентот, со едногласно крената рака за амнестија на сите- вели Митко Јанчев, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Дојче веле. За актуелната дебата во …

Митко Јанчев: Ајде да направиме амнестија Read More »

Јанчев и Богданов надгласани со акламација


Двајца членови што барале да се гласа на референдумот, два-тројца што барале бојкот и дваесетина на чело со претседателот Христијан Мицкоски што ги надгласале со акламација. Ваков е епилогот од завчерашниот тричасовен состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се одлучуваше за ставот на партијата во однос на спогодбата со Грција и претстојното референдумско …

Јанчев и Богданов надгласани со акламација Read More »