Бајрамовска-Мустафа: Јанкулоска два пати се пожалила кај народниот правобранител


Поранешната министерка за внатрешни работи и осуденичка, Гордана Јанкулоска, поднела две претставки кај народниот правобранител за непочитување на нејзините човекови права во затворот „Идризово“ каде отслужува затворска казна. Првата претставка е за неможност за користење на погодности, изјави во интервју за РСЕ, советничката на омбудсманот Васка Бајрамовска – Мустафа. Како што е познато Јанкуловска и …

Бајрамовска-Мустафа: Јанкулоска два пати се пожалила кај народниот правобранител Read More »

Јанакиески со казна затвор од 4,5 години за „Титаник“, Јанкулоска доби 2,5 години


Судот ги прогласи за виновни обвинетите во случајот „Титаник“ кои самите признаа вина, бидејќи во првата половина од 2011 создале група која работела на вршење измами во гласањето, во корист на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Мартин Протуѓер сторил кривично дело злосторничко здружување за што доби казна затвор од 8 месеци, а за повреда на правото на …

Јанакиески со казна затвор од 4,5 години за „Титаник“, Јанкулоска доби 2,5 години Read More »

Јанкулоска, Протуѓер, Јанакиески… признаа дека вршеле изборни злоупотреби


  Судењето во случајот „Титаник“ денеска доби неочекуван пресврт откако осуммина од обвиниетите признаа вина за делото за кое се товарат – злосторничко здружување и неколку кривични дела поврзани со изборни злоупотреби. Меѓу оние што признаа вина се Гордана Јанкулоска, Мартин Протуѓер, Миле Јанакиески и Мунир Пепиќ На денешното рочиште за случајот кој го отвори …

Јанкулоска, Протуѓер, Јанакиески… признаа дека вршеле изборни злоупотреби Read More »

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина” и „Топлик“


Судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”  на СЈО треба да продолжи денеска со вкрстено испрашување на сведокот Звонко Костовски од страна на обвинетиот Сашо Мијалков и со сослушување на следниот сведок Сашо Трајковски. Вкрстено испрашување на Костовски почна на претходното рочиште. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а …

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина” и „Топлик“ Read More »

Јанкулоска до Груевски: Лесно да се коментира на 800 километри одалеченост од Македонија


Поранешната министерка за внатрешни работи  и блиска соработничка на Никола Груевски на Фејсбук му реплицира на екс лидерот дека е лесно да се коментира на 800 километри одалеченост од Македонија. – Кога си далеку од проблемите, на 800 км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, …

Јанкулоска до Груевски: Лесно да се коментира на 800 километри одалеченост од Македонија Read More »

Денеска пресуда за Јанкулоска во издвоената постапка за „Тенк“


Во Кривичниот суд денеска треба да биде изречена пресудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“. Обвинителството, во завршниот збор на 3 октомври, побара Судот да ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања, како и да ги подмири трошоците заедно со Поповски и Груевски во висина од 313 илјади …

Денеска пресуда за Јанкулоска во издвоената постапка за „Тенк“ Read More »

Завршни зборови за Јанкулоска во „Тенк“, нови рочишта за „Тотал“, „Тортура“ и „Тарифа“


Во Кривичниот суд за денеска закажани се завршни зборови за предметот „Тенк“ во кој се води одвоена постапка против обвинетата поранешна министерка Гордана Јанкулоска, како и за „Тотал“, „Тортура“ и „Тарифа“. Судењето за Јанкулоска почна на крајот на август годинава, откако обвинетата се породи. Нејзе и се суди посебно откако Судот го прифати барањето на адвокатите за лекарското …

Завршни зборови за Јанкулоска во „Тенк“, нови рочишта за „Тотал“, „Тортура“ и „Тарифа“ Read More »

Продолжува раздвоената постапка за Јанкулоска во „Тенк“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за раздвоената постапка за „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство и за предметот „Тарифа“. На претходните рочишта на раздвоената постапка  за „Тенк“, која се води против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска беа изнесен материјални докази и сослушани сведоци, кои на некој начин биле вклучени во …

Продолжува раздвоената постапка за Јанкулоска во „Тенк“ Read More »

Јанкулоска се сомнева дека гласот во бомбите е нејзин


Со надмудрувања меѓу адвокатскиот тим на Гордана Јанкулоска и судијката Добрила Кацарска стартуваше судењето за случајот „Тенк“, во кој во издвоена постапка ѝ се суди на поранешната министерка за внатрешни работи поради набавката на луксузниот „мерцедес“. Таа уредно се појави во новата зграда на Кривичниот суд, дојде десетина минути пред закажаниот термин и трпеливо чекаше …

Јанкулоска се сомнева дека гласот во бомбите е нејзин Read More »

„Титаник“ заврши за денеска, утре пак


Во Кривичниот суд заврши денешното рочиште на кое беа слушани „бомбите“ за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кој се обвинети неколку поранешни функционери за изборите во 2012 година. Во дел од „бомбите“ беа слушнати разговори меѓу поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер и поранешниот генерален …

„Титаник“ заврши за денеска, утре пак Read More »

Судењето на Јанкулоска за „Тенк“ одложено за 29 август


Судењето за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“ е одложено за 29 август, бидејќи таа е на породилно боледување. Одбраната на Јанкулоска денеска до Судот ја достави нејзината медицинска документација. Судијката Добрила Кацарска на претходното рочиште закажа 25 нови рочишта до октомври годинава. На Јанкулоска и се …

Судењето на Јанкулоска за „Тенк“ одложено за 29 август Read More »

Јанкулоска: Петар е тежок 3.125 грама


„И јас и бебето се чувствуваме добро. Петар е тежок 3.125 грама. Многу сум среќна“, вели за „Независен весник“, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Таа вчераутро се породи во една од приватните скопски клиники. Нејзината бременост беше во центарот на јавноста откако за неа се дозна среде судењето за случајот „Тенк“, односно набавката …

Јанкулоска: Петар е тежок 3.125 грама Read More »

„Таргет-Тврдина“ продолжува на 31 август, на Јанкулоска, Грујевски и Бошковски ќе им се суди одвоено


Судењето за предметот на СЈО  „Таргет-Тврдина“ ќе продолжи по одморите, на 31 август, кога судечкиот совет ќе се произнесе по предлозите кои произлегуваат од одлуката на Врховниот суд во Атина за укинување на екстрадискиот притвор на обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски. Обвинителката од СЈО Ленче Ристоска предложи постапката за Грујевски и Бошковски да се раздвои, со оглед дека …

„Таргет-Тврдина“ продолжува на 31 август, на Јанкулоска, Грујевски и Бошковски ќе им се суди одвоено Read More »

Јовановска до Јанкулоска: Кога договараше да ги сотрат моите две деца, не помисли на права


Билјана Јовановска, претседателка на ПЕП21 и актуелна директорка на Агенцијата за вработување, ја потсети Јанкулоска на зборовите „да ги сотреме“, кои се однесуваа на Јовановска и нејзиниот сопруг Томче. – Сѐ најубаво посакувам за нејзиното дете. Но жалам – не можам да жалам. Простете, но никогаш нема да простам. Јанкулоска, кога со Протуѓер договараше да …

Јовановска до Јанкулоска: Кога договараше да ги сотрат моите две деца, не помисли на права Read More »