Истражна постапка против десет лица по вчерашната акција „Чибук“, определен притвор за осум осомничени


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена денеска од МВР, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 10 лица, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. На сите осомничени, се наведува во соопштението, им се става на товар дека сториле кривично дело …

Истражна постапка против десет лица по вчерашната акција „Чибук“, определен притвор за осум осомничени Read More »

Душица Димитриеска избрана за нов претседател на Советот на јавни обвинители


Советот на јавни обвинители на денешната 85. седница за нов претседател ја избра Душица Димитриеска, а Иџет Мемети за нов заменик претседател. Јавната обвинителка Душица Димитриеска е член на Советот од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Гостивар. – На ден 27.09.2023 година, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ја одржа 85 -та седница …

Душица Димитриеска избрана за нов претседател на Советот на јавни обвинители Read More »

Побарани мерки на претпазливост за вториот напаѓач на секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид


  Основното јавно обвинителство Охрид до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерки на претпазливост против едно лице од Битола, за кое е поведена постапка за кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 во врска со став 1 и  во врска со член 22 од Кривичниот законик. Како што соопштија од Јавното …

Побарани мерки на претпазливост за вториот напаѓач на секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид Read More »

Советот на ЈО го избра Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје


Советот за Јавни обвинители на продолжението на 70-тата седница, денеска едногласно го избра Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека Хајрулахи е позитивно оценет со 23 поени. Членот на Советот на ЈО Арбер Исаку, посочи дека Хајрулахи кој …

Советот на ЈО го избра Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје Read More »

Истрага против три лица за злоупотреби при набавка на ендоскоп


По спроведена предистражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица, соопшти Јавното обвинителство. – Врз основа на досегашните прибрани материјални и вербални докази постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. …

Истрага против три лица за злоупотреби при набавка на ендоскоп Read More »

Сé уште не се формирани работните групи за законот за јавно обвинителство


И покрај најавите по средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека работни групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ од 11 март интензивно ќе работат на новиот предлог-закон за јавно обвинителство со кој се предвидува интегрирање на Специјалното јавно обвинителство во Јавното обвинителство, тие сé уште не се формирани. Работната група …

Сé уште не се формирани работните групи за законот за јавно обвинителство Read More »

СДСМ: Што знаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за нелегалното прислушување?


Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат што знаеле за нелегалното прислушување, бараат од СДСМ. „Денес, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ лицемерно глуми загриженост за опрема за прислушување во Јавното обвинителство поставена уште во 2013 година, кога токму таа партија имаше апсолутна власт во државата. Наместо да прераскажуваат недолични фрази на Груевски, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и …

СДСМ: Што знаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за нелегалното прислушување? Read More »

ЈО: Секое сликање или снимање гласачи е законски недозволиво


Објавувањето на фотографии со гласачи е противправно дејство што го нарушува процесот на гласање и претставува попречување на правото на гласање. Секое сликање или снимање на гласачи при остварување на нивното право, како и какво било попречување на гласањето и процесот на спроведување на референдумот не се дозволиви согласно на закон, соопштија од Комисијата за …

ЈО: Секое сликање или снимање гласачи е законски недозволиво Read More »

Верзијата на напаѓачот на Саздовски пред обвинителство


Адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на еден од осомничените за убиството на Никола Саздовски-Саздо, денеска треба да ги види доказите со кои Обвинителството го товари неговиот клиент за кривичното дело убиство на свиреп начин. Откако ќе ги види доказите, Рауфи очекува неговиот клиент да даде исказ за тоа што точно се случило попладнето на …

Верзијата на напаѓачот на Саздовски пред обвинителство Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Јавното обвинителство да отвори истрага за тендерот во здравството


Срамно и тажно е да се гледа како СДСМ и министерот Венко Филипче се обидуваат да го оправдаат криминалот и милионскиот скандал во здравството, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. „Никој не му верува на Филипче дека не знаел која е единствената фирма што учествувала на тендерот, ниту пак убеди некого дека не знаел дека таа се формирала …

ВМРО-ДПМНЕ: Јавното обвинителство да отвори истрага за тендерот во здравството Read More »

Пронајден полицаец од Прилеп со прострелна рана во главата


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника при ПС Прилеп, изврши увид на местото во близина на локалниот пат село Беловодица-село Дрен, каде вчера попладне беше пронајден мртов 45-годишен полициски службеник вработен во Полициска станица во Прилеп. Како што информираат од Основното јавно обвинителство, лицето е пронајдено во лежечка положба …

Пронајден полицаец од Прилеп со прострелна рана во главата Read More »

Кривична пријава за деветмина од Агенцијата за филм


Деветмина вработени во Агенцијата за филм, меѓу кои и поранешните директори Мими Ѓорѓиевска-Илиевска (46) и Дарко Башевски (54) се осомничени дека со сторена злоупотреба на службената положба и овластување го оштетиле државниот државниот буџет за повеќе од 600.000 евра. Со пријавата, што скопската полиција веќе ја поднело до Основното јавно обвинителство, освен двајцата споменати се …

Кривична пријава за деветмина од Агенцијата за филм Read More »

Јовески: Обраќањето на четворицата обвинители е непрофесионално


Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ја осудува постапката на дел од обвинителите во ЈОРМ за објавеното соопштение за кривичниот предмет во врска со трагичната смрт на Алмир Алиу, бидејќи смета дека таквото обраќање е непрофесионално и е прекршен Етичкиот кодекс на јавните обвинители во Македонија. – Како Јавен обвинител на Република Македонија ја осудувам постапката …

Јовески: Обраќањето на четворицата обвинители е непрофесионално Read More »

Четворица обвинители бараат на обвинетиот за „случајот Алмир да му се суди за убиство


Четворица јавни обвинители од Јавното обвинителство, Ферат Елези, Башким Бесими, Џелал Бајрами и Исмаил Дардишта се против пресвртот што се случи вчера на судењето за случајот со малиот Алмир. „Со преквалификацијата на кривичното дело Убиство во кривично дело од областа на сообраќајот е сторено повреда на основните начела на законот за јавното обвинителство како што …

Четворица обвинители бараат на обвинетиот за „случајот Алмир да му се суди за убиство Read More »

Обвинителството постапува за заканите кон Селмани


Скопското Јавно обвинителството ќе постапува по случајот за заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани – Во Основното јавно обвинителство Скопје на 9 март примено е писмено известување од СВР Скопје – Единица за насилен криминал и веднаш е распоредено кај надлежен јавен обвинител кој постапува по предметот, велат за …

Обвинителството постапува за заканите кон Селмани Read More »

Мерки за претпазливост за осомничениот советник во МВР


Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и му определи мерки на претпазливост на Д.С., вработен во Министерството за внатрешни работи, кој се товари дека ја злоупотребил својата работна позиција за спречување службено дејство. Како што соопшти Јавно обвинителство на Република Македонија, надлежен јавен обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските услови, …

Мерки за претпазливост за осомничениот советник во МВР Read More »

ЈО: Се истражуваат причините за смртта на лицето пронајдено на патот Велес – Градско


Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈО) информира дека се истражуваат причините за смртта на лицето што вчера околу 18 часот беше пронајдено на средина на коловозот на регионалниот пат Велес – Градско. По идентификацијата, како што информираат од ЈО, утврдено е дека починатото лице е Д.В., триесет и тригодишен жител на село Аџиматово, општина Лозово. …

ЈО: Се истражуваат причините за смртта на лицето пронајдено на патот Велес – Градско Read More »

Бремени уште две девојчиња од „25 Мај“


Уште две малолетни девојчиња од ЈУ „25 Мај“ се трудни. Едното ја прекинало бременоста, но второто не сака да абортира и инсистира да го роди бебето, дознава „Независен весник“. Засега уште не е официјално потврдено дали и овие две малолетнички биле злоупотребувани, како што беше случајот со 13-годишното девојче кое ја дигна јавноста на нозе. …

Бремени уште две девојчиња од „25 Мај“ Read More »

Како се местеле предмети кај судии – Обвинителството отвори предистрага


Скопското јавно обвинителство отворило предистражна постапка во врска со извештајот за злоупотребите во АКМИС системот по судовите. Предистражната постапка е отворена врз основа на извештајот од експертската група на Министерството за правда од напаравените контроли во Основниот суд Скопје 1, во Врховниот суд и во други судови. Претседателот на Здружението на судии Џемали Салити денеска …

Како се местеле предмети кај судии – Обвинителството отвори предистрага Read More »

Обвинителството отвори истрага за „Дрисла“


Од Основното јавно обвинителство- Скопје информираат дека по допрен глас е отворен предмет за работењето во депонијата „Дрисла“-Скопје за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик. „Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци …

Обвинителството отвори истрага за „Дрисла“ Read More »