Идеите на Гордана и Билјана


Со невидена леснотија деновиве, во изборната кампања за претседател на државата, изложени сме на агресивните тврдења од  кандидатките за претседател дека Македонија ја изгубила гордоста, а македонската нација го изгубила достоинството. И бидејќи сме земја која ја изгубила гордоста и нација што го изгубила достоинството, тие од своите огромни билборди и од телевизиските екрани ни …

Идеите на Гордана и Билјана Read More »

Со гордост ќе се откажеме од членството во ЕУ


Гордана Силјановска- Давкова и партијата што ја кандидира за шеф на државата ќе ѝ ја вратела  „изгубената“ гордост на Македонија во меѓународните односи и изгубената гордост на граѓаните дома, кои биле понижени од досегашната власт, затоа што сета власт во земјава ѝ ја препуштиле на партијата ДУИ и а на меѓународен план се однесувала поданички …

Со гордост ќе се откажеме од членството во ЕУ Read More »

За „научниот национализам“ на Силјановска


Четничкиот војвода Воислав Шешељ е доказ дека докторската титула и универзитетското професорско звање не се гаранција за водење умни политики во општеството. Напротив, многу често такви личности, заштитени со титулите за „непрокосновена умност“  можат да му направат многу поголеми штети на народот од оние кои оголениот национализам не знаат да го завиткаат во умни фрази …

За „научниот национализам“ на Силјановска Read More »

Неразјаснети убиства


Србија е деновиве скандализирана. По судскиот процес, кој траеше цели 25 години, против осомничените за убиството на новинарот Славко Ќурувија, убиен пред прагот од неговиот стан во Белград во 1999 година, судот донесе конечна одлука за нивно ослободување од вина заради „недоволно докази“. Обвинети и осудени во претходна постапка беа началник и соработници на службата …

Неразјаснети убиства Read More »

Новата Данела


Христијан Мицкоски „математички прецизно“ ја избра и ја сервираше како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ „независната“ Данела Арсовска. Ја шетаа, ја сликаа ѝ правеа метании и ја воздигнуваа до висините на европска менаџерка, која за разлика од нејзините претхоници на таа фукција во градот, ќе направи од Скопје „рај за живеење“ со бесплатен јавен превоз, …

Новата Данела Read More »

Пропаганда против Западот, или националистичко заслепување на Македонците


Еден поранешен претседател на државата и професор по политички теории, имаше обичај да тврди дека атентатот врз претседателот Глигоров (1995 г.) во кој од експлозијата беше речиси ослепен е само повторување на византиските игри во Македонија од времето на Цар Самуил. Според него, византискиот цар Василиј со чинот на ослепувањето на Самуиловите војници сакал да …

Пропаганда против Западот, или националистичко заслепување на Македонците Read More »

Ќе се откријат ли корените на злосторството што ја потресе нацијата?


Кога се објави веста за исчезнатата тинејџерка Вања Ѓорчевска, целата нација се обедини во грижата за неа и се вклучи во порагата. Немаше човек што не стравуваше од нешто страшно да не се случи, ниту некој што не нудеше свои совети и повици за пронаоѓање и спасување на девојката или за нејзино појавување, ако самата  …

Ќе се откријат ли корените на злосторството што ја потресе нацијата? Read More »

На Фон дер Лајен во Скопје може да ѝ се понуди компромис во кој сите добиваат


До декемврискиот самит на ЕУ, до кога во Македонија треба да биде извршена промената на Уставот, како услов за одржување на втората меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ на која би се започнало со отворање на поглавјата, останува многу малку време. Владата се обидува да го одржува оптимизмот дека ќе обезбеди до тогаш двотретинско мнозинство …

На Фон дер Лајен во Скопје може да ѝ се понуди компромис во кој сите добиваат Read More »

Ќе се повторат ли изборите од 2006 година?


СДСМ и владината коалиција ја добија преговарачката рамка за започнување разговори за членство во ЕУ со услов да бидат внесени Бугарите во Уставот, и заедно со тоа  ги добија пофалбите од земјите членки на Унијата дека се тие проевропска коалиција во земјава. Слично нешто се случи и во 2005-та година, кога тогашниот СДСМ предводен од …

Ќе се повторат ли изборите од 2006 година? Read More »

Што спречува ВМРО-ДПМНЕ: бугаризација или европеизација


Ако во принцип Христијан Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ не го сметаат за штетно внесувањето на Бугарите во Уставот, туку се загрижени за можни други отстапки од страна на оваа власт и коалиција, тогаш логично се поставува прашањето зошто промената на Уставот, која би довела и до откoчување на преговарачкиот процес со ЕУ и до нови избори, …

Што спречува ВМРО-ДПМНЕ: бугаризација или европеизација Read More »

Што би била умна политика кон Бугарија


Љупчо Георгиевски им направи голема услуга на бугарските пропагандисти со својата изјава дека „Да си  вистински Македонец денес во Македонија  значи 100% да ги мразиш Бугарите“. Иако тој поимот „вистински Македонец“  го користи за цинично да го означи  македонскиот националист и шовинист, и ја користи оваа фраза  денес за да  ја осуди антибугарската пропаганда во …

Што би била умна политика кон Бугарија Read More »

Математички прецизно Мицкоски греши


Слави Трифонов имаше слични идеи со Христијан Мицкоски. Тој предлагаше ЕУ да ја прими Бугарија во Шенген за Бугарија да го крене ветото за влез на Македонија во ЕУ. Неговата логика беше дека политиката не се темели врз принципи ниту врз вредности, туку дека таа е пазар на кој ако бараат од тебе да дадеш …

Математички прецизно Мицкоски греши Read More »

Трик, или миц по миц до нова Преамбула


ВМРО-ДПМНЕ како да го подотвори прозорецот за промена на Уставот и за внесување на Бугарите во него. Долго време Христијан Мицкоски изјавуваше дека неговата партија нема да дозволи промена на Уставот, бидејќи тоа никој не го ветил пред изборите, дека мнозинството во Собранието со прифаќање на преговарачката рамка презело обврска што не може да ја …

Трик, или миц по миц до нова Преамбула Read More »

Пречките на патот за Фронтот за Европа


Претседателот на владата, Димитар Ковачевски, деновиве во интервју изјави дека следните претседателски и парламентрани избори нема да се одржат во ист ден следната година како што посакува опозицијата, иако за изборот на пратеници треба да се гласа по само два до три месеци. Според него, станува збор за различни избори, за кои се предвидени средства …

Пречките на патот за Фронтот за Европа Read More »

Ќе го послуша ли Мицкоски бувот


Христијан Мицкоски со голема сигурност ќе ја изгуби и лидерската позиција во својата партија, па и наредните избори, ако ги слуша советите на оние советници, експерти, па и новинари, кои упропстија многу лидери пред него, без влакно да им фали на главата. Според нив, тоа ќе се случело ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена на Уставот …

Ќе го послуша ли Мицкоски бувот Read More »

Што сакаат опозицијата и „дежурните критичари“ околу преговорите


Урсула фон дер Лајен ни кажа нам, на „драгите Македонци“ – како што ни се обрати, дека македонскиот јазик во ЕУ ќе се употребува без какви било додавки  и објаснувања и дека историските прашања не се дел од рамката за преговори. А Жозеп Борел јасно кажа дека не само што ниту една нација не го …

Што сакаат опозицијата и „дежурните критичари“ околу преговорите Read More »

Оправдано отсутен


ЃОРЃИ СПАСОВ Да умревме вчера, немаше да дознаеме дека мозокот на грабежот на столетието во Македонија, почесниот претседател на македонската најреволуционерна организација, да ти бил „оправдано отсутен“ од земјава. Нему, според почитувачите на неговиот лик и дело, не му било дозволено од Будимпешта, во која доби политички азил, да го известува претседателот на Собранието дека …

Оправдано отсутен Read More »

Темно е ноќе ако не ти работи сијалицата


ЃОРЃИ СПАСОВ По промената на владата во мај 2017 година и по референдумот за името во септември 2018 година, изборите за претседател на државата ќе бидат првиот сериозен политички судир на двете силно спротивставени политички сили во Македонија. Формално, се избира нов претседател на Македонија, но суштински се одлучува за тоа во која насока сакаме …

Темно е ноќе ако не ти работи сијалицата Read More »

Цената на Договорот


Ѓорѓи Спасов Со потпишаниот договор со Грција и со промената на Уставот направен е голем исчекор во напорите на Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО. Зоран Заев во образложувањето на договорот пред Собранието рече: „Ова е почеток на крајот на неизвесноста која ѝ се закануваше на Македонија… И подготвен сум да ја …

Цената на Договорот Read More »

Изборите се нов референдум


Ѓорѓи Спасов Во Украина претседателските избори ќе се одржат на 31 март следната година. Приближно во тоа време ќе бидат одржани и претседателските избори во Македонија. И додека во Украина веќе 15-ина политичари, јавни личности и бизнисмени објавија дека имаат намера да се кандидираат за таа важна функција во државата, а десетина агенции за испитување …

Изборите се нов референдум Read More »