Иванов школата за млади лидери потпиша договор со Универзитетот Тексас – Тајлер од САД


 Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов за време на посетата на Универзитетот Тексас – Тајлер во САД, потпишал договор за разбирање и соработка меѓу Школата за млади лидери и Универзитетот Тексас – Тајлер. Договорот предвидува петгодишна соработка која вклучува размена на студенти и учесници во нивните програмски активности, заеднички проекти во областа на …

Иванов школата за млади лидери потпиша договор со Универзитетот Тексас – Тајлер од САД Read More »

Иванов домаќин на Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023


 Бројни меѓународни претставници меѓу кои пет поранешни претседатели, двајца поранешни премиери, поранешни министри како и повеќе актуелни членови на парламенти ќе учествуваат на Форумот за културна дипломатија-Скопје 2023,  што од 4 до 6 септември ќе се одржи во Скопје, а чиј домаќин е поранешниот претседател Ѓорге Иванов.  Како што соопштија од Кабинетот на Иванов, главниот …

Иванов домаќин на Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023 Read More »

Поранешниот претседател Иванов учествува на 10. Глобален Баку форум во Азербејџан


Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, учествува на јубилејниот 10. Глобален Баку форум во Азербејџан, кој се одржува во периодот 9-12 март 2023 годинана, а е посветен на тема „Светот денес: предизвици и надежи“. Како што соопштуваат од кабинетот на поранешниот претседател, форумот беше свечено отворен со обраќањето на Претседателот на Република Азербејџан Илхам Алијев, а учествуваат …

Поранешниот претседател Иванов учествува на 10. Глобален Баку форум во Азербејџан Read More »

Иванов на конференција во Берлин зборуваше за „преживување на демократијата


Општ заклучок на сите годишни извештаи и демократски индекси за 2022 година е дека светот станува сѐ помалку демократски. Демократијата секаде се соочува со опаѓање, а автократијата е во пораст, рече поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов во обраќањето на Светскиот форум за демократија и мир 2023 во Берлин. Иванов е еден од учесниците на …

Иванов на конференција во Берлин зборуваше за „преживување на демократијата Read More »

Поранешниот претседател Иванов се обрати во Обединетите Нации во Женева


Поранешниот претседател Ѓорге Иванов вчера се обрати во Обединетите Нации во Женева на Состанокот на високо ниво на Меѓународниот центар Низами Ганџави и Канцеларијата на ОН во Женева кој се одржа во периодот од 12 до 13 јануари во Женева, Швајцарија. Состанокот, како што информираат од неговиот кабинет, бил на тема „Собирајќи ги деловите: Предизвици …

Поранешниот претседател Иванов се обрати во Обединетите Нации во Женева Read More »

Џафери: Ако за јазиците чекавме една година, ќе почекаме и да си оди Иванов


Собранието, веројатно, до крајот на оваа седмица ќе му ги испрати на претседателот Ѓорге Иванов законите што тој ги врати во парламентот, кога одлучи да не става потпис на нив поради употребата на новото име на државата. Ако Иванов ги остави во фиока законите и по нивното прегласување на собраниската седница што почнува утре, тогаш, …

Џафери: Ако за јазиците чекавме една година, ќе почекаме и да си оди Иванов Read More »

Парламентот в среда ќе одлучува за законите што ги врати Иванов


Парламентот на седница в среда ќе одлучува за дел од законите што претседателот Ѓорге Иванов ги врати без негов потпис, со образложение дека дал заклетва дека ќе ги брани интересите на Република Македонија. На дневниот ред на 94. седница досега се 27 закони, од кои повеќето добија вето од шефот на државата, така што сега …

Парламентот в среда ќе одлучува за законите што ги врати Иванов Read More »

Антикорупциска ќе ја проверува имотната состојба на Ѓорге Иванов


Државната комисија за спречување на корупцијата денеска објави дека ќе врши проверка на имотот на претседателот Ѓорге Иванов. Како што изјави денеска на петтата седница претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, Антикорупциската комисија проверката ќе ја врши по допрен глас, согласно членовите 92 и 85. Мандатот на Иванов му истекува на 12 мај годинава, а проверката на …

Антикорупциска ќе ја проверува имотната состојба на Ѓорге Иванов Read More »

Иванов „урива“ Устав без пенкало


Александра М. Митевска Слично како што сегашниот премиер Зоран Заев, додека беше опозиционер, зборуваше дека ќе урне „режим“ со пенкало, така сега претседателот на заминување Ѓорге Иванов се обидува без пенкало да го заобиколи „подновениот“ Устав на државата, со тоа што не ги потпишува собраниските закони на кои од неодамна пишува Северна Македонија. Најголема иронија …

Иванов „урива“ Устав без пенкало Read More »

Кохабитацијата ќе чкрипи до крај. Иванов заминува со куфер полн со вета


За неполни две години, претседателот Ѓорге Иванов стави вето на барем 15-ина закони донесени од актуелниот парламентарен состав, што е неверојатна бројка, ако се има предвид дека во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се памети воопшто негово одбивање да потпише закон донесен од тогашните собраниски гарнитури. Иако во периодот 2009-2016 година, кога …

Кохабитацијата ќе чкрипи до крај. Иванов заминува со куфер полн со вета Read More »

Иванов ги вратил и реформските закони донесени со консензус


Во парламентот синоќа, според информации оттаму, во последните часови од рокот за потпишување укази за прогласување закони, биле вратени три реформски закони подготвени од Министерството за правда, што беа изгласани со консензус минатата седмица, затоа што за нивно донесување е потребно двотретинско мнозинство. Станува збор за законите за судови, за управни спорови и за прекршоци, …

Иванов ги вратил и реформските закони донесени со консензус Read More »

Иванов се инаети со парламентот


Претседателот Ѓорге Иванов ставил вето на 11 закони што ги донеле пратениците – дел од нив реформски и изгласани со консензус. Причина за тоа, најверојатно, е што на нив стоело новото име на државата – Северна Република Македонија. Овие закони сега треба да одат на повторно гласање во парламентот и за нив треба да се …

Иванов се инаети со парламентот Read More »

Сега Шекеринска му става „вето“ на Иванов


Идниот воен претставник на земјава во НАТО во Брисел, како и военото аташе во Париз, веројатно, ќе ги постави новиот шеф на државата и врховен командант по изборите што завршуваат во мај. Дотогаш овие две места ќе бидат празни, како што беа и во изминатите месеци, сè додека претседателот во заминување Ѓорге Иванов по распишувањето …

Сега Шекеринска му става „вето“ на Иванов Read More »

Предизборни унапредувања во армијата, Иванов си го праќа аѓутантот во НАТО


Претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов му подготви „билет“ за Брисел на својот поранешен аѓутант – бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, кого го назначи за воен претставник на земјава во седиштето на НАТО. Указот за испраќање на Ѓоргоски на новата функција е објавен во „Службен весник“, каде што се забележува дека тој во седиштето на Алијансата, …

Предизборни унапредувања во армијата, Иванов си го праќа аѓутантот во НАТО Read More »

Има ли разлика меѓу Иванов и Силјановска?


Може да се најдат многу допирни точки меѓу актуелниот претседател Ѓорге Иванов (59), кој веќе се подготвува да се отсели од резиденцијата на Водно и Гордана Силјановска-Давкова (66), која претендира да се всели таму кон средината на мај, доколку победи на изборите чиј втор круг е закажан за 5 мај. И на двајцата им се …

Има ли разлика меѓу Иванов и Силјановска? Read More »

Иванов: На Водици, Бог да ни даде сила да истраеме пред искушенијата


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници. -Славејќи го крштевањето на Господ Исус Христос, го прославуваме нашето духовно раѓање и ја потврдуваме нашата вера. Со осветувањето …

Иванов: На Водици, Бог да ни даде сила да истраеме пред искушенијата Read More »

Иванов на 27 април бил во кабинетот и не контактирал со никого


Во Кабинетот на претседателот на Македонија никогаш не се разговарало, ниту се размислувало за прогласување вонредна или воена состојба, рече шефот на државата Ѓорге Иванов во обраќање до јавноста. Одговарајќи на новинарски прашања, тој рече дека вечерта на 27 април го повикал негови генерален секретар Борис Јосифовски да го свика кабинетот. Рече дека сега видел …

Иванов на 27 април бил во кабинетот и не контактирал со никого Read More »

Иванов: Јавноста верува на обвинет, а не на институции


Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги отфрли како небулозни тврдењата дека вечерта на 27 април наводно подготвувал прогласување воена состојба. Тоа се, како што изјави, очаен обид да се сврти целото внимание од главните креатори на настанот кон шефот на државата и неговиот кабинет. Одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на признанијата „Македонски квалитет“, Иванов истакна …

Иванов: Јавноста верува на обвинет, а не на институции Read More »

Кабинет на Иванов: Ги отфрламе лагите за советникот Синиша Алексоски


Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов попладнево реагираше во врска со исказот на обвинетиот Михаил Младеновски за случувањата од 27 април – дека советникот на претседателот, Синиша Алексоски, им кажал дека Иванов ќе прогласи воена состојба. – Давање на лажен исказ е кривично дело. И по не знаеме кој пат, Кабинетот на претседателот на Република Македонија …

Кабинет на Иванов: Ги отфрламе лагите за советникот Синиша Алексоски Read More »

Се подготвува ли и изборен бојкот? Џафери може да стане шеф на државата


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не размислува за бојкот на претседателските избори, велат од партијата, откако аналитичарот Александар Пандов пласираше таква идеја преку националната телевизија. Според поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, опозициската партија треба да ги бојкотира претстојните избори доколку не издејствува тие да се одржат заедно со предвремени парламентарни избори, како што беше во 2014 година. Во изминатите …

Се подготвува ли и изборен бојкот? Џафери може да стане шеф на државата Read More »