Приведен жител од Мала Речица, осомничен дека поставил знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка


Приведено е едно лице од Мала Речица, кое се сомничи дека вчеравечер поставил знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка. -Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер, околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од …

Приведен жител од Мала Речица, осомничен дека поставил знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка Read More »

Израел ги менува плановите за инвазијата, ракета погоди православна црква во Газа


  Соединетите Држави извршија притисок врз Израел да ги ограничи цивилните жртви во копнената операција на Појасот Газа за уништување на Хамас, што предизвика големи промени во плановите за операцијата, изјавија за Блумберг високи израелски претставници. Првично, израелските одбранбени сили (ИДФ) требаше да изведат операција со „координирани воздушни, морски и копнени напади“, но по посетите …

Израел ги менува плановите за инвазијата, ракета погоди православна црква во Газа Read More »

МПЦ вели дека нема да има говор на омраза на протестот в четврток


  Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска преку прес-конференција уште еднаш повика на сенароден протест против законите за родова еднаквост и за матична евиденција, кој треба да се оддржи в четврток на 29 јуни. Како што изјави отецот Јаков стобиски, овој собир не е насочен против никого, туку против содржината …

МПЦ вели дека нема да има говор на омраза на протестот в четврток Read More »

Ќе се затвораат улици околу црквите за Велигден


Утре и задутре, по повод празникот Велигден, на подрачјето на град Скопје, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, утре …

Ќе се затвораат улици околу црквите за Велигден Read More »

Скопската епархија нема пари за доизградба на црквата „Свети Константин и Елена“


Скопската епархија при Македонската православна прква ‒ Охридска архиепископија соопшти дека нема доволно финснсики можности да го доизгради храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје кој треба да се фрескоживописа за да се освети и стави во функција. – Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија и Скопската епархија сметаат дека македонскиот народ и …

Скопската епархија нема пари за доизградба на црквата „Свети Константин и Елена“ Read More »

Црквата „Св. Константин и Елена“ на улица „Македонија“ ќе остане оградена


  Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска оствари средба со поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан со кој разговараше за моменталната состојба со црквата „Свети Константин и Елена“, која се наоѓа на улица „Македонија“ и која сѐ уште е во градба. Општина Центар на барање на МПЦ, нема да ги отстрани …

Црквата „Св. Константин и Елена“ на улица „Македонија“ ќе остане оградена Read More »

Ќе се реставрирa пештерската црква „Света Богородица” на островот Мал Град, кај Пустец


Регионалната дирекција за национална култура од Корча ќе ја реставрира црквата „Света Богородица“, на островот Мал Град, кај Пустец, област Мала Преспа, Албанија, ќе се санира и патеката до неа, а ќе биде поставено и осветлување на островот. -Проектот е дизајниран од тимот на регионалната дирекција за национална култура од Корча и ќе се реализира …

Ќе се реставрирa пештерската црква „Света Богородица” на островот Мал Град, кај Пустец Read More »

Германски суд: Антисемитски каменорез од средниот век останува на црквата во Витенберг


Германскиот Врховен суд одлучи дека средновековен каменорез со антисемитски особености, може да остане кај црквата во градот Витенберг, отфрлајќи ја постапката на тужителот од еврејско потекло, кој со години тврди дека тој приказ ги навредува сите Евреи. Рељефот „Јуденсау“ или „еврејска маторица“ е каменорез од 13 век поставен на предната страна на градската црква и …

Германски суд: Антисемитски каменорез од средниот век останува на црквата во Витенберг Read More »

За грчката црква е прифатлива автокефалноста на Охридската архиепископија, но не и името МПЦ


  Православната црква на Грција денеска излезе со соопштение од нејзиниот Свет Синод, во кое се вели дека Атинската архиепископија на чело со архиепископот Јероним, со задоволство го примила писмото од Вселенската патријаршија во кое се известува за „исцелението на расколот од 1967 година и востановувањето на црковното општење“ на светата Охридска архиепископија, под водство …

За грчката црква е прифатлива автокефалноста на Охридската архиепископија, но не и името МПЦ Read More »

Православната црква во Литванија побара одделување од Московската патријаршија


  Литванскиот митрополит Инокентиј се обратил кон Синодот на Московската патријаршија со барање да се промени статусот на Вилнуско-литванската епархија и да се направи „самоуправна“. Слични барања имаше и пред два месеци. Со продолжувањето на руската војна во Украина расте немирот меѓу православните во Литванија. Тамошната православна црква моментално има статус на епархија на Руската …

Православната црква во Литванија побара одделување од Московската патријаршија Read More »

Митрополит Тимотеј: Вартоломеј може да додели автокефалност, но прашање е дали тоа ќе го прифатат сите цркви


Одлуката на вселенскиот патријарх Вартолмеј за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија како канонска е добар потег, зашто црквата и народот повеќе не се во изолација, но за добивање на автокефалност ќе мора да има договор со СПЦ, вели портпаролот на МПЦ-ОА, миторполитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, Тимотеј. – Ова е добар потег …

Митрополит Тимотеј: Вартоломеј може да додели автокефалност, но прашање е дали тоа ќе го прифатат сите цркви Read More »

Бугарски аналитичари: Одлуката на Вселенската патријаршија е првиот и важен чекор за решавање на статусот на МПЦ


Признавањето на Охридската архиепископија е логичен и очекуван потег на Вселенската патријаршија, оценува професорот по политички науки на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ Искрен Иванов, во изјава за дописникот на МИА од Софија. Според него, овој потег може да се толкува на два начина – дека вселенскиот патријарх е свесен оти Охридската архиепископија е целосно …

Бугарски аналитичари: Одлуката на Вселенската патријаршија е првиот и важен чекор за решавање на статусот на МПЦ Read More »

Вселенската Патријаршија ја призна нашата Црква Охридската Архиепископија за канонска


Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет …

Вселенската Патријаршија ја призна нашата Црква Охридската Архиепископија за канонска Read More »

Путин прати писмо со кое може да предизвика нов меѓународен судир


Претседателот на Русија, Владимир Путин, преку писмо пратено до премиерот на Израел, Нафтали бенет побара црквата „Александар Невски“ во ерусалимскиот Стар град веднаш да премине во руска сопственост. На Путин, наводно, тоа му го ветил претходниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху. Но, инсистирањето на Путин сопствеништвото да почне веднаш може да поттикне не само дипломатски судир …

Путин прати писмо со кое може да предизвика нов меѓународен судир Read More »

Вкупно 125 квир лица во германската Католичка црква повикаа да запре дискриминацијата врз нив


Вкупно 125 вработени во Римокатоличката црква во Германија, вклучувајќи свештеници, учители и црковни управители, се изјаснија како квир и повикаа да запре дискриминацијата врз нив, јави ДПА. Иницијативата е наречена „#OutInChurch. За Црква без страв“. Активистите сакаат да имаат можност да живеат и работат отворено како ЛГБТИК+ лица во црквата без страв. Сите 125 лица …

Вкупно 125 квир лица во германската Католичка црква повикаа да запре дискриминацијата врз нив Read More »

Ограбена црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје


 Непознати сторители ноќеска ја ограбиле црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Во моментот полициски службеници вршат увид. Засега нема инфорамација што е украдено. Министерството за внатрешни работи најави дека по извршениот увид ќе бидат соопштени повеќе детали за грабежот. Кражбата е пријавена утрово околу 6.30 часот. 

На Клинички има и каде да се молиш, само нема каде да се паркираш


Само натписите „џамија“ на македонски, албански, турски и арапски јазик на четирите прозорци од бараката каде што е сместена амбулантата за ендокринологија означуваат дека мал дел од објектот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е пренаменет за верски обреди. Други видливи знаци или патокази нема, па малкумина од болните или од луѓето што доаѓаат …

На Клинички има и каде да се молиш, само нема каде да се паркираш Read More »

Украинската православна црква прогласена за автокефална


Вселенскиот патријарх Вартоломеј потпиша томос, односно документ за автокефалноста на православната црква во Украина. Во пресрет на потпишувањето на документот се одржа молебен на кој, меѓу другите, присуствуваа и поглаварот на црквата митрополитот Епифаниј, претседателот на Украина Петро Порошенко, шефот на украинската дипломатија Павел Климкин и претседателот на Парламентот, Андреј Парубиј. По богослужбата, Вартоломеј во …

Украинската православна црква прогласена за автокефална Read More »

Во Србија уверени: МПЦ може да заборави на автокефалност


Македонската и Црногорската православна црква нема така бргу, ниту лесно да добијат автокефалност, затоа што вселенскиот патријарх Вартоломеј сега води сметка да не ја сврти против себе Српската православна црква, која и е најблизок сојузник на руската црква, смета Регина Елснер, теолог и стручњак за православие од Центарот за источно европски и меѓународни студии во …

Во Србија уверени: МПЦ може да заборави на автокефалност Read More »

Руската православна црква му се заканува на вселенскиот патријарх Вартоломеј


Руската православна црква се закани дека ќе му се одмазди на ривалот со седиште во Истанбул ако дозволи Украина да ги прекине духовните врски со Москва и со тоа да стави крај на руското религиско владеење во земјата. Метрополитот Хиларион, шеф на Одделението за односи со јавност на Руската православна црква, вчера изјави дека ако …

Руската православна црква му се заканува на вселенскиот патријарх Вартоломеј Read More »