„Поврзување“ – концерт во Македонска филхармонија


 Во Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе се одржи концертот „Поврзување“. На програмата се Интермецо од познатата опера на Џакомо Пучини, „Манон Леско“ (1892), Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“, најпознатото дело на шпанскиот композитор Хоакин Родриго (1901 – 1999) и Симфонија бр. 4, оп. 90, во А-дур, „Италијанска“ од германскиот композитор, пијанист и …

„Поврзување“ – концерт во Македонска филхармонија Read More »

„Љубов, страст – фламенко“ по повод Денот на вљубените


Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените, насловен „Љубов, страст- фламенко!“. Диригент е Кристијан Васкез од Венецуела, а како солистка ќе настапи фламенко пејачката Марина Ередија од Шпанија. На програмата се дела од Лорка, де Фаља и Гинастера. -Оваа година, традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените …

„Љубов, страст – фламенко“ по повод Денот на вљубените Read More »

Новогодишни концерти во Филхармонија


Во Филхармонија ќе се одржат два новогодишни концерти. Денеска премиерно ќе биде изведен Новогодишниот концерт за деца „Девојчето со книгите“ кој ќе го води маестра Дијана Имери Илкоска, а актерка е Симона Спировска. На 28 декември, пак, односно в четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи и традиционалниот новогодишен концерт …

Новогодишни концерти во Филхармонија Read More »

„Бесмртност“ – концерт во Филхармонија


 Во Филхармонија вечерва во 20 часот ќе се одржи концерт насловен „Бесмртност“, на кој ќе прозвучат дела од класичните мајстори Маскањи, Моцарт, Бетовен, Мусоргски, Штраус, Барток, Вагнер, овековечени во филмските ремек-дела на браќата Коен, Скорцезе, Форман, Кјубрик, Аронофски, Копола. Диригент е местро Вања Ѓумар Николовски. Како што соопштија од Филхармонија, концертот претставува возбудлива музичка одисеја …

„Бесмртност“ – концерт во Филхармонија Read More »

„Вдахновение“ – роденденски концерт на Македонската филхармонија


Македонската филхармонија вечер ќе го одржи својот роденденски концерт „Вдахновение“. Концертот ќе биде под диригентство на Конрад ван Алфен (Холандија), а како солисти ќе настапат врвните инструменталисти Даниел Роланд – виолина (Англија/Холандија) и Маја Богдановиќ – виолончело (Србија). На програмата се Концерт за виолина и виолончело во а-мол, оп. 102 од Јоханес Брамс и Симфонијата …

„Вдахновение“ – роденденски концерт на Македонската филхармонија Read More »

Концерт на гитарскиот вуртуоз Мухамед Ибрахими во Филхармонија


 Во камерната сала на Филхармонија вечер ќе биде одржан концерт на гитарскиот вуртуоз Мухамед Ибрахими. Специјални гости на Мухамед на овој концерт ќе бидат Агни Авшар, Ратко Даутовски и Бобан Мирковски. Мухамед Ибрахими е скромен, но маестрален на сцена. Го нарекуваат скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Тој …

Концерт на гитарскиот вуртуоз Мухамед Ибрахими во Филхармонија Read More »

Концерт на гитаристката Ана Поповиќ во Филхармонија


Гитаристката Ана Поповиќ и нејзиниот бенд, во рамките на светската турнеја „Power Tour“, вечер ќе одржат концерт во Македонската Филхармонија. Како што е најавено, настанот ќе биде од регионален карактер, поради фактот што концертот во нашата држава ќе биде единствен во регионот за целата турнеја. На оваа турнеја Ана Поповиќ го промовира нејзиниот најнов албум …

Концерт на гитаристката Ана Поповиќ во Филхармонија Read More »

Камерен концерт на пијано трио „30 прсти“ во Филхармонија


Камерен концерт на пијано трио „30 прсти“ ќе се одржи вечер во Филхармонија, со почеток во 20 часот. Во Камерната сала ќе свират пијанистите Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевски. На програмата се дела од Жан Крас, Расим Рамазанов, Стив Рајх/Д. Боукоувалас и од македонските композитори Бете Илин и Дамјан Темков. Марија Вршкова, од …

Камерен концерт на пијано трио „30 прсти“ во Филхармонија Read More »

Настап на Роман Симовиќ и „Профундис“ во Филхармонија


Виртуозот Роман Симовиќ – концерт-мајстор на Лондонската филхармонија и камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе настапат денеска во големата сала на Филхармонија. Камерниот оркестар „Профундис“ е уметнички состав кој постои веќе четири години. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во земјава, …

Настап на Роман Симовиќ и „Профундис“ во Филхармонија Read More »

Концерт на камерниот ансамбл „Алтус“ во Филхармонија


 Камерниот ансамбл на Филхармонија – „Алтус“ вечерва со почеток во 19 часот ќе одржи концерт под диргентската палка на маестро Паскал Галоа од Франција. Камерниот ансамбл „Алтус“ во состав од Катарина Павлович – виолина, Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано …

Концерт на камерниот ансамбл „Алтус“ во Филхармонија Read More »

Во Филхармонија втората сезона на „Денови на македонска музика“


Во Големата сала на Филхармонија од 20 часот вечерва ќе започне втората сезона на манифестацијата „Денови на македонска музика“, соопшти Сојузот на композитори на Македонија. Како што се појаснува во соопштението, под палката на нашата реномирана диригентка Бисера Чадловска, ќе настапат солистите Маја Кастратовиќ на пијано, Златка Митева на флејта и Владимир Лазаревски на обоа, …

Во Филхармонија втората сезона на „Денови на македонска музика“ Read More »

Премиера на „88 димензии“ по повод 30 години од германско-македонските дипломатски односи


Почнува одбележувањето на 30 години од германско-македонските дипломатски односи. По овој повод, пијанистите Арда Мустафаоглу и Леви Шехтман, премиерно во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје, ќе го претстават проектот „88 димензии“. На концертот ќе се презентираат современи музички трендови преку изведба на класични музички дела со посредство на компјутерски генерирани ритми. -Овој проект …

Премиера на „88 димензии“ по повод 30 години од германско-македонските дипломатски односи Read More »

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата


Вработените во Филхармонија, денеска, на нов протест пред Владата, повторно побараа промена на одлуката во објектот наменет за потребите на симфонискиот оркестар да биде сместена уште една институција. – Првична идеја беше новата институција да биде постојано сместена во објектот на Македонската филхармонија, а дури потоа се додаде референцијата привремено, за да се изманипулира јавноста …

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата Read More »

(Галерија) Филхармонија го направи животот убав со концертот на филмска музика во Градски парк


Филхармоничарите синоќа го направија животот убав за присутните во Градскиот парк во Скопје на традиционалниот концерт на отворено. Прекрасните звуци од познати филмски теми го исполнија паркот, а посетителите за возврат ги наградуваа музичарите со громогласен аплауз.   Годинава концертот на отворено беше насловен „Животот е убав“, како и прекрасниот филм на оскаровецот Роберто Бенини …

(Галерија) Филхармонија го направи животот убав со концертот на филмска музика во Градски парк Read More »

„Звукот на новата генерација“ во Филхармонија


 Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Звукот на новата генерација“ со студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје. На програмата се дела од Моцарт, Дитерсдорф, Лобос, Шостакович и Сен-Санс и Џејкоб. Диригент е маестро Сашо Татарчевски. Како солисти ќе настапат Кристина Љушкоска – флејта, Ивона Давидовска – …

„Звукот на новата генерација“ во Филхармонија Read More »

Филхармоничарите ќе протестираат пред Владата


Синдикатот на Филхармонија најави нов протест за денеска од 14 часот пред Владата бидејќи се уште не е променета одлуката за просторно сместување на втора институција во објектот кој, како што наведува, е наменски изграден за единствениот симфониски оркестар во земјава. -Пред неколку недели побаравме средба со премиерот, но од Владата ниту одговорија на нашето …

Филхармоничарите ќе протестираат пред Владата Read More »

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија


Во камерната сала на Филхармонија вечер ќе се одржи концертот „Фидан“ на кој ќе настапат пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева. На програмата се дела за две пијана и четирирачно пијано од Бах/Куртаг, Сен-Санс, Рахмањинов, Сен-Санс/Дебиси, Пјацола и Мијо. Како што најавија од Филхармонија, рециталот почнува со Кантата бр. 106 на Бах и продолжува со …

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија Read More »

Рецитал на пијанистот Дино Имери во Филхармонија


Во Големата сала на Филхармонија вечерва ќе настапи пијанистот Дино Имери. Концертот е насловен „Ишарет“, а на програмата се дела од Де Фаља, Момпу, Равел и Бизе. Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапува на престижните сцени низ светот како гостин на врвни оркестри, рецитален уметник и како камерен музичар. Настапувал во …

Рецитал на пијанистот Дино Имери во Филхармонија Read More »

„Волшебникот на пијаното“ Дино Имери со рецитал во Филхармонија


  Познатиот македонски пијанист Дино Имери ќе одржи концерт инспириран од шпанската, но и светска класична музичка традиција. Имери пред публиката излегува со атрактивна програма во која ќе бидат интерпретирани дела од Мануел Де Фаља, Фредерико Момпу, Морис Равел. Посетителите ќе можат да уживаат и во особено виртуозните и спектакуларни дела „Кармен“ и „Шпански валцер“ …

„Волшебникот на пијаното“ Дино Имери со рецитал во Филхармонија Read More »

Концерт на ансамблот „Консонанс“ во Филхармонија


 Камерниот ансамбл „Консонанс“ вечер ќе настапи во Камерната сала на Филхармонија. На програмата се дела од Хајдн, Феранте, Барток, Гершвин, Бранѓолица…   Камерниот ансамбл „Консонанс“ е формиран во 2007 година, како една уникатна формација, која ја сочинуваат дрвени дувачки инструменти. Овој ансамбл е посветен на камерното музицирање и истражување на звукот кој овие инструменти го создаваат заедно. …

Концерт на ансамблот „Консонанс“ во Филхармонија Read More »