Фирми и физички лица должат кон УЈП над 168 милиони евра


Се зголеми бројот на фирми должници кон Управата за јавни приходи, а се намали бројот на физички лица кои имаат обврски кон УЈП, покажува најновата листа на должници која ја објави даночната управа. На Листата на должници објавени се вкупно 1.872 должници – правни лица (повеќе за 15 од претходната листа) и 3.628 физички лица …

Фирми и физички лица должат кон УЈП над 168 милиони евра Read More »

УЈП ќе прави надградба на системот, можни се прекини кај апликацијата МојДДВ


Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – Персонален данок, дека врши надградба на системот е – ПДД. Поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од 26.01.2024 година (петок) во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето …

УЈП ќе прави надградба на системот, можни се прекини кај апликацијата МојДДВ Read More »

Долгот за даночни обврски зголемен за 17 милиони евра, вкупниот нето долг достигна 164 милиони евра


Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници кои не ги подмириле даночните обврски. Според објавените податоци, зголемен е бројот на должници и кај правните и кај физичките лица. Вкупниот број на должници е 5.573 од кои 1.857 се правни, а 3 716 физички лица. Кај правните лица бројот е зголемен за 25 …

Долгот за даночни обврски зголемен за 17 милиони евра, вкупниот нето долг достигна 164 милиони евра Read More »

По празниците УЈП ќе излезе со информација за компании од нафтениот сектор кои затајувале данок


По празниците се очекува Управата за јавни приходи (УЈП) да излезе со информација за компании од нафтениот бизнис кои затајувале данок.  Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска изјави дека до полноќ треба да заврши пописот во уште една бензинска пумпа и дека станува збор за мрежа во која се вклучени и три …

По празниците УЈП ќе излезе со информација за компании од нафтениот сектор кои затајувале данок Read More »

Од 1 јануари задолжително назначување на даночен застапник, еве за кого


Од почетокот на годинава, странските лица кои немаат седиште или подружница на територија на државава, а вршат промет на добра и услуги кои подлежат на данокот на додадена вредност, ќе мора да назначат даночен застапник за ДДВ.  Оваа обврска, како што стои во информацијата објавена на веб страницата на Управата за јавни приходи, произлегува од …

Од 1 јануари задолжително назначување на даночен застапник, еве за кого Read More »

Донација од УЈП за Домот за доенчиња и мали деца-Битола


Во рамки на програмата за одбележување на „Св. Матеј“ – Ден на даночните работници, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска додели донација во Дом за доенчиња и мали деца-Битола. Донацијата е обезбедена преку синдикалната организација „Солидарност“, односно сите средства се обезбедени од вработените, посочи Лукаревска. -Како општествено одговорни граѓани, но и како даночници …

Донација од УЈП за Домот за доенчиња и мали деца-Битола Read More »

Листата на должници на УЈП се зголемува и по број и по износ – еве кои се на неа


Познати фирми, од кои некои се во фокусот на интересирањето на јавноста поради нивната поврзаност со звучни имиња од македонската бизнис и политичка сфера се најдоа на најновата листа на должници што во петокот ја објави Управата за јавни приходи. На оваа листа има вкупно 1.815 должници – правни лица, за 32 повеќе од претходната …

Листата на должници на УЈП се зголемува и по број и по износ – еве кои се на неа Read More »

Секоја втора контрола на УЈП утврдила неправилности, фискални сметки не се издаваат и на клиниките


Управата за јавни приходи (УЈП) од почетокот на годинава до 30 октомври извршила 3.712 надворешни контроли кај субјекти од различни дејности по основ на Законот за регистрирање готовински плаќања и кај 1.948 од нив се констатирани неправилности. Само во октомври извршени се 679 контроли и во 416 се евидентирани неправилности. Како што соопшти директорката на …

Секоја втора контрола на УЈП утврдила неправилности, фискални сметки не се издаваат и на клиниките Read More »

Речиси 5,5 илјади работодавачи за 8.462 вработени воопшто не поднеле пресметка за плата за октомври


Со реализација на обврските со МПИН-пресметките што треба да ги достават до УЈП за уплатата на придонеси и исплата на нето-плата доцнат 5.428 работодавачи во државава, покажува анализата на Управата за јавни приходи (УЈП) за периодот од јануари до крајот на септември 2023. -Од нив, 1.912 доцнеле повеќе од еден месец, а 700 доцнат со …

Речиси 5,5 илјади работодавачи за 8.462 вработени воопшто не поднеле пресметка за плата за октомври Read More »

Данок на солидарност сѐ уште не платиле 26 компании, должат речиси 12 милиони евра


  Данокот на солидарност сѐ уште не го платиле 26 компании кои вкупно по оваа основа должат 726,6 милиони денари (околу 11,8 милиони евра), информираше денес на брифинг со новинарите директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Само една од овие компании должи 294,6 милиони денари (околу 4,7 милиони евра). Станува збор за фирма од средна големина …

Данок на солидарност сѐ уште не платиле 26 компании, должат речиси 12 милиони евра Read More »

УЈП ќе „чешла“ сопственици и управители, исплаќале доход без економска и пазарна логика


Управата за јавни приходи (УЈП) ќе направи дополнителни контроли заради сомневање за изведното плаќање на данок на добивка од страна на компании кај кои некои од овие лица се јавуваат како сопственици или управители, најави денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска. -Согласно анализата што ја имаме направено кај различни целни групи односно при поднесените и …

УЈП ќе „чешла“ сопственици и управители, исплаќале доход без економска и пазарна логика Read More »

УЈП нема да биде солидарна кон оние кои не платиле солидарен данок, по 24 ноември ќе блокира сметки


Заклучно со денеска се уплатени 2.210.108.927 денари по основ на солидарен данок  од страна на 98 даночни обврзници од вкупно 150. Тие што не платиле ќе добијат писмена опомена на 6 ноември, а доколку во меѓувреме не ја исполнат обврската ќе им биде блокирана сметката на 24 ноември. Директорката на Управата за јавни приходи Сања …

УЈП нема да биде солидарна кон оние кои не платиле солидарен данок, по 24 ноември ќе блокира сметки Read More »

Деветгодишник најмлад денарски милионер, лани 28 граѓани оствариле приход од над 100 милиони денари


  Најмладиот денарски милионер во земјава има само девет година, а најстариот 97, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи, објавени денеска, врз основа на направената анализа од поднесените годишни даночни пријави за 2022 година. Во земјава се зголемува и бројот на граѓани кои оствариле приходи од над 1,6 милиони евра во текот на годината- …

Деветгодишник најмлад денарски милионер, лани 28 граѓани оствариле приход од над 100 милиони денари Read More »

УЈП во петокот влегла во компанијата на синот на Ахмети


Во петокот Управата за јавни приходи (УЈП) била во посета на синот на Али Ахмети и неговата компанијата, каде извршила целосна контрола. Ова го вели лидерот на ДУИ Али Ахмети  во интерву за ТВ21. Тој во интервјуто открива дека има сериозни организирани напади лично кон него, но и кон партијата која ја води, јави ТВ21. …

УЈП во петокот влегла во компанијата на синот на Ахмети Read More »

Рокот за поднесување даночни пријави ДДВ-04 продолжен за еден ден поради технички проблеми


 Наместо денеска, до утре (26 јули) е крајниот рок за поднесување на даночните пријави ДДВ-04 за даночните периоди 1 април 2023 – 30 јуни 2023 и за 1 јуни 2023 – 30 јуни 2023  од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ. Управата за јавни приходи соопшти дека дополнителниот рок од еден работен ден е поради …

Рокот за поднесување даночни пријави ДДВ-04 продолжен за еден ден поради технички проблеми Read More »

Покачувањето на платите на 900 вработени во УЈП месечно ќе чини 16,5 милиони денари


Околу 900 вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) за неколку дена ќе добијат јулска плата повисока за 30 проценти откако е потпишан колективен договор меѓу синдикатот на Управата и нејзиното раководство со посредство на помирувач.  Двете страни – синдикалниот лидер во УЈП, Васе Недановски, и директорката Сања Лукаревска, денеска на прес-конференција, на која  соопштија …

Покачувањето на платите на 900 вработени во УЈП месечно ќе чини 16,5 милиони денари Read More »

Данок на солидарност ќе треба да платат околу 200 компании, во Буџетот ќе се слеат 77 милиони евра


Околу 200 компании би требало да бидат опфатени со данокот на солидарност, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, а проценките се врз основа на евиденциските анализи што ги има направено УЈП согласно даночните биланси што ги имаат доставено компаниите во Управата. -Зборуваме за споредбени податоци, 2022, 2021 итн. Очекувањата се дека околу …

Данок на солидарност ќе треба да платат околу 200 компании, во Буџетот ќе се слеат 77 милиони евра Read More »

Постигнат договор меѓу синдикатот и раководството на УЈП


Синдикатот на Управата за јавни приходи (УЈП) постигна договор со раководството за исполнување на нивните барања.  Договорот е постигнат со посредство на медијаторот Илија Манасиев. Детали засега нема, но она што го бараа вработените е почитување на колективниот договор и зголемување на платите за 30 проценти.  Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска …

Постигнат договор меѓу синдикатот и раководството на УЈП Read More »

Одложен денешниот генерален штрајк на вработените од УЈП


Поради вчерашното повлекување на „помирувачот“ помеѓу синдикатот на УЈП и раководството, одложен е денешниот генерален штрајк на вработените во Упртавата за јавни приходи. Назначениот помирувач Лазар Јовевски побарал иземање затоа што бил во странство и не можел да се врати за три дена, односно во рокот во кој требало да преговара со Министерството за финансии. …

Одложен денешниот генерален штрајк на вработените од УЈП Read More »