Пронајден човечки труп на планината Плачковица


Вчера околу 15 часот во Полициската станица Радовиш З.Н. од истоимениот град пријавил дека на планина Плачковица, на местото „Чаркова река“ во атар на село Козбунар, Радовишко, забележал човечки труп, соопштија денеска од СВР Струмица. Според информациите од полицијата, трупот подолго време бил на местото каде е пронајден. Бил лоциран на тешко пристапен планински предел, …

Пронајден човечки труп на планината Плачковица Read More »

Во Вардар пронајден мртов маж


Во водите на реката Вардар кај селото Кочилари, велешко, вчера бил пронајден труп на маж. Како што соопшти МВР, поради непристапност на теренот лешот ќе се вади од водите на Вардар во текот на денешниот ден, кога ќе биде извршен и увид.

Педесет и четиригодишен маж пронајден мртов во Охридско езеро


Полицијата го утврди идентитетот на починатото лице пронајдено во неделата во водите на Охридското езеро кај селото Подмоље. Станува збор за Б.Ј. (54) од Куратица, чие тело е дадено за обдукција. Трупот беше пронајден вчераутро во 9.55 часот на неколку метри од брегот кај месноста „Оровничка плажа“.