Со супер вештачење ќе продолжи судскиот процес за родилката од Дебар


Судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети за отстранувањето на три органи на родилката од Дебар Јилдз Веапоска ќе продолжи со супер вештачење, беше одлучено на денешното рочиште во Основниот суд во Струга.  Таквата одлука на судијата Јордан Јованов дојде поради …

Со супер вештачење ќе продолжи судскиот процес за родилката од Дебар Read More »

Вкупно осум години затвор пресуди Кривичен за грабнувачите на Самоил Костадиновски


 Вкупно осум години затвор пресуди Основниот Кривичен суд Скопје на обвинетите Виктор Милановски и Саша Челичиќ против кои се водеше процес за грабнување на Самоил Костадиновски. Како што соопшти при денешната објава на пресудата, судијката Славица Наумова Јосифовска, обвинетите Виктор Милановски и Александар Трпков, кој е недостапен на органите за прогон, се виновни затоа што …

Вкупно осум години затвор пресуди Кривичен за грабнувачите на Самоил Костадиновски Read More »

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на Денис Тот


Врховниот суд ги одби како неосновани барањата на одбраната за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. По предметот по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, како што информираат од Врховен, одлучувал Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна …

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на Денис Тот Read More »

Љупчо Георгиевски – „војводата“ ќе го брани Љупчо Георгиевски од бугарскиот клуб во Битола


  БИТОЛА – Љупчо Георгиевски – „војводата“, претседател на ВМРО-Народна партија и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде сведок на одбраната на судењето на имењакот Љупчо Георгиевски, екс-претседателот на сега згаснатиот бугарски клуб во Битола „Ванчо Михајлов“. Во Основниот суд во Битола денес се одржа третото по ред рочиште за судењето на Љупчо Георгиевски …

Љупчо Георгиевски – „војводата“ ќе го брани Љупчо Георгиевски од бугарскиот клуб во Битола Read More »

Во Кривичен продолжи судењето за Ласкарци – вештак ќе биде испрашуван од адвокатот на возачот


Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.  Постолов денеска ќе биде испитуван од адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот – возачот на автобусот. Покрај …

Во Кривичен продолжи судењето за Ласкарци – вештак ќе биде испрашуван од адвокатот на возачот Read More »

Почнува судскиот процес против Гугл. „Некогаш миленик на Силиконската долина, но не повеќе“


Интернет-гигантот Гугл денеска започнува маратонска правна битка пред федералниот суд, каде што се соочува со обвинувања од американската влада дека постапил незаконски за да стане водечки светски пребарувач. Во текот на 10 недели, со повеќе од 100 сведоци, Google ќе се обиде да го убеди судијата Амит П. Мехта дека големата правна постапка иницирана од …

Почнува судскиот процес против Гугл. „Некогаш миленик на Силиконската долина, но не повеќе“ Read More »

Адвокатите на Трамп побараа судење во април 2026 година


 Адвокатите на Доналд Трамп побараа од федералниот судија во Вашингтон да го одреди судењето на поранешниот претседател за април 2026 година поради обвиненијата дека тој наводно се обидел да ја поништи неговата загуба на федералните избори во 2020 година од демократот Џо Бајден. Бараниот датум за судење ќе биде по американските избори во ноември 2024 …

Адвокатите на Трамп побараа судење во април 2026 година Read More »

„Кој беше Ванчо Михајлов?“: Жестока расправа во битолскиот суд


  БИТОЛА – Во тензична атмосфера, со жесток вокабулар, напати и со клевети и лични дискредитации, почна главната расправа на судењето на Љупчо Георгиевски, сега екс-претседател на бугарскиот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“.  Георгиевски според обвинителниот предлог се товари за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, или народски кажано за …

„Кој беше Ванчо Михајлов?“: Жестока расправа во битолскиот суд Read More »

Судењето за родилката од Дебар се враќа на почеток, судијата и обвинителот заминуваат во пензија


Повторно одложено судското рочиште за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, која при породување во 2020 година во струшката болница, остана без три органи: бубрег, матка и јајник. На денешното рочиште требаше да сведочи вештак од Клиниката за гинекологија и акушерство но тој не дојде поради годишен одмор. Веапоска видно вознемирена и разочарана, рече нема никакви …

Судењето за родилката од Дебар се враќа на почеток, судијата и обвинителот заминуваат во пензија Read More »

Судењето на Трамп за задржување на доверливи документи е закажано за 14 август


 Почетокот на судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, обвинет за несовесно постапување со државни тајни, е закажан за 14 август во Мајами. Поранешен претседател и претседателски кандидат за изборите во 2024 година, е обвинет дека ја загрозил безбедноста на САД со задржување на доверливи документи по напуштањето на Белата куќа. Трамп се изјасни за …

Судењето на Трамп за задржување на доверливи документи е закажано за 14 август Read More »

Кривичен суд ги отфрли барањата за амнестија за случајот „Организатори на 27 април”


  Основниот кривичен суд Скопје на денешното рочиште ги отфрли како неосновани барањата на Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски за амнестија за случајот „Организатори на 27 април”.  Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, информираше дека по барањето на одбраната за примена на Законот за амнестија од 2018 година за обвинетите …

Кривичен суд ги отфрли барањата за амнестија за случајот „Организатори на 27 април” Read More »

Со сведочење на оштетени во Кривичен продолжи судењето против „Жан Митрев“


 Со изведување на доказите од обвинителството, односно сведочење на оштетените, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против Жан Митрев. Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот …

Со сведочење на оштетени во Кривичен продолжи судењето против „Жан Митрев“ Read More »

„Невин сум“: Трамп се изјасни за обвиненијата дека нелегално чувал класифицирани документи


  МАЈАМИ – Доналд Трамп стана првиот поранешен американски претседател кој се соочи со судија по федерални обвиненија, откако во вторникот во судницата во Мајами се изјасни за невин по десетици обвиненија за кривично дело дека натрупал доверливи документи и ги одбил владините барања да ги врати. Со обвинението фокусирано на тоа дека Трамп погрешно …

„Невин сум“: Трамп се изјасни за обвиненијата дека нелегално чувал класифицирани документи Read More »

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“


Мотивот колку што беше докажување на невиноста, толку беше и докажување на еден нов начин на водење на судска пракса, изјави денеска обвинетиот Драги Рашковски во своите завршни зборови за случајот „Софтвери“. Во Основниот кривичен суд Скопје, Рашковски денеска детално ги образложи завршните зборови и ги изнесе аргументите со кои ги побива, како што рече, …

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“ Read More »

Во Москва започна судењето на истакнат активист за наводна дискредитација на армијата


Во Москва денеска почна судењето на Олег Орлов, еден од лидерите на невладината организација Меморијал, обвинет за „дискредитација“ на руската армија, за што му се заканува затворска казна до пет години. Орлов (70), позната личност на Меморијал, организација која доби Нобелови награди за мир и во неколку наврати ја критикуваше руската инвазија на Украина, ги …

Во Москва започна судењето на истакнат активист за наводна дискредитација на армијата Read More »

Привршува судењето на групата „Горди момци“ за нeредите со упадот во американскиот Капитол


Судскиот процес против лидерите на групата Proud Boys (Горди момци) привршува со денешниот настап на обвинителот кој изјави дека со нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година, обвинетите покажале „жед за насилство и организирале акции“.  Според заменик обвинителот Конор Малро, Гордите момци се сметале за воена сила на поранешниот претседател Доналд Трамп и биле „спремни да …

Привршува судењето на групата „Горди момци“ за нeредите со упадот во американскиот Капитол Read More »

Почна судењето против Османи, тој го испрати својот адвокат


Во Основниот граѓански суд Скопје денеска започна судењето по тужбите поднесени на 27 јануари 2023 година против министерот за надворешни работи Бујар Османи од страна на претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов и ММДЧП како организација. Станува збор за тужби според Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Од …

Почна судењето против Османи, тој го испрати својот адвокат Read More »

Одложено судењето за Жан Митрев – оштетените и пред судот ја бараат правдата


Судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница повторно се одложи за 12 мај. На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје беше присутен Жан Митрев со неговите бранители, додека пред судската зграда беа собрани десетина оштетени граѓани, кои држеа транспаренти „Профитер на грбот на болните” и „Бараме правда”. Причина за повторното одложување на …

Одложено судењето за Жан Митрев – оштетените и пред судот ја бараат правдата Read More »

Илија Спасески не се чувствува виновен за тепањето на Пендиков


Илија Спасески, единствениот обвинет за претепувањето на Христијан Пендиков, не се чувствува за виновен во случајот. – Јасно ми е обвинението, но не се чувствувам за виновен, рече Спасески на второто рочиште од судскиот процес во Основниот суд во Охрид, јавува Макфакс. Натепаниот Христијан Пендиков не дојде ниту на денешното рочиште на кое му се …

Илија Спасески не се чувствува виновен за тепањето на Пендиков Read More »

Трамп се изјасни за невин по 34 обвиненија; доби опомена од судијата


  ЊУЈОРК – Доналд Трамп направил заговор за незаконско влијание на изборите во 2016 година преку серија плаќања на пари со цел да ги задуши тврдењата кои би можеле да бидат штетни за неговата кандидатура, објавија обвинителите во вторникот во обелоденувањето на историското обвинение за кривично дело од 34 точки против поранешниот претседател. Плаќањата, рече …

Трамп се изјасни за невин по 34 обвиненија; доби опомена од судијата Read More »