Нападната медицинска сестра во Струшката болница, кривична за напад на вработен во хирургија


Во Општата болница во Струга вчера била нападната медицинска сестра, сопшти денеска СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски информира А.Н. од струшкото село Велешта физички ја нападнал вработената Р.Н.(23) од истото село. – Вчера во 17 часот и 50 минути во ОВР Струга е пријавено дека во објект во состав на Општата болница во Струга, А.Н. …

Нападната медицинска сестра во Струшката болница, кривична за напад на вработен во хирургија Read More »

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга


Четириесет и тригодишниот Дарко Паскоски од Струга беше најсреќен меѓу големиот број верници што денеска скокнаа во студените води на реката Црн Дрим и го извади светиот крст. Паскоски, кој традиционално секоја година скока во осветените води на Црн Дрим, по четврти пат го вади светиот крст. – Секоја година за Богојавление скокам по крстот …

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга Read More »

Во Основниот суд во Струга утре третпат почнува судскиот процес за родилката од Дебар


Во Основниот суд во Струга утре третпат ќе почне судскиот процес против тројцата лекари од Струшката болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети од Јилдз Веапоска, од Дебар на која при породување со царски рез и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Судскиот процес, како што информира  претседателот …

Во Основниот суд во Струга утре третпат почнува судскиот процес за родилката од Дебар Read More »

Дала 23.000 евра за три апартмани во Струга – ги нема ни парите, ни апартманите


СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.К. (41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци’’ и ,,измама’’. Пријавениот, лажно претставувајќи се во име на лице од Струмица, преку мобилни апликации довел во заблуда жена од Скопје дека ќе ѝ помогне при купување на три апартмани во Струга,  …

Дала 23.000 евра за три апартмани во Струга – ги нема ни парите, ни апартманите Read More »

Струшкиот суд останува без судија кривичар


Основниот суд во Струга останува без судија кој ќе суди потешки кривични дела, а од почетокот на идната година ќе остане само со двајца судии, информира претседателот на судот Ифет Бајрамоски. Во овој суд, иако по систематизација предвидени се 15 судии, во моментов има шестмина заедно со претседателот. Но, од први октомври единствениот кривичен судија …

Струшкиот суд останува без судија кривичар Read More »

Напад врз полициски службеници во Струга


Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за определување мерка притвор против двајца осомничени од селото Велешта, за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик. Како што информира …

Напад врз полициски службеници во Струга Read More »

ДКСК: Мерко заверил фалсификуван документ за оттуѓување земјиште во центарот на Струга


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за случај за отуѓување на 143 м2 државен имот во центарот на Струга на денешната седница донесе одлука за поведување иницијатива за кривична постапка против градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко, вработени во општината, геодетско друштво, стручни лица, како и да се преиспита работењето на судии од Управниот …

ДКСК: Мерко заверил фалсификуван документ за оттуѓување земјиште во центарот на Струга Read More »

ПМФЛ: Струга го совлада Тиквеш


Фудбалерите на Струга Трим Лум го совладаа попладнево Тиквеш со 3-1 на домашен терен во последниот натпревар од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).  Во натпревар со по еден црвен картон на двете страни, актуелниот шампион ја забележа втората победа сезонава со головите на Марјан Радески (15 минута) и двојниот стрелец  Агим Ибраими …

ПМФЛ: Струга го совлада Тиквеш Read More »

Почнува 51. издание на Струшкиот ракометен турнир


На ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга денес почнува 51. издание на Струшкиот ракометен турнир. Турнирот ќе го отворат, домаќинот Струга и повеќекратниот освојувач Вардар, а силите ќе ги одмерат и екипите на Алкалоид и Динамо Панчево. Љубителите на ракометот утре ќе може да ги погледнат дуелите меѓу АЕК Атина од Грција и …

Почнува 51. издание на Струшкиот ракометен турнир Read More »

Забранета водата за пиење во Струга поради дефект на водоводната мрежа


Водата за пиење од градскиот водовод во Струга е забранета за конзумирање поради дефект на водоводната мрежа, соопшти денеска јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Работните тимови на претпријатието, според информацијата, се на терен е работат на надминување на проблемот. – Ги замолуваме сите граѓани да не ја користат водата за пиење до следното известување, порачуваат …

Забранета водата за пиење во Струга поради дефект на водоводната мрежа Read More »

Расекотината била долга 11 и длабока пет сантиметри: Предложен притвор за Велештанецот за напад на началникот на ОВР Струга


Основното јавно обвинителство Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 44 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство, според член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Како што соопштија од Јавното обвинителство, осомничениот се обидел да лиши …

Расекотината била долга 11 и длабока пет сантиметри: Предложен притвор за Велештанецот за напад на началникот на ОВР Струга Read More »

Се реконструира ООУ „Јосип Броз Тито“ во Струга


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска го посети ООУ „Јосип Броз Тито“ во општина Струга, каде што во тек е реконструкција на столаријата, односно се врши замена на дотраените врати во училниците. – Оваа инвестиција за која се одвоени над 700 илјади денари е со поддршка на Светска банка, нашиот партнер со кој …

Се реконструира ООУ „Јосип Броз Тито“ во Струга Read More »

Забрането шетање во костими за капење низ центарот на Струга


Општина Струга забранува шетање во костими за капење низ централното градско подрачје. Преку официјалната фесјбук страница ги замолуваат гостите и туристите, кои се разладуваат во водите на Охридското езеро или Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори.   – Заради почитување …

Забрането шетање во костими за капење низ центарот на Струга Read More »

Нема интерес за спасители на вода на струшките плажи


Само две капалишта на струшкото крајбрежје имаат спасители на отворени води, интерес кај концесионерите речиси и да нема, информира секретарот на Струшкиот Црвен крст Адуриме Даути. Обуката за спасители на отворени води што Црвен крст Струга ја реализира секоја година, годинава ја следеле деветмина, кои се стекнале со соодветен сертификат. Но, посочи Даути, во моментот …

Нема интерес за спасители на вода на струшките плажи Read More »

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан


Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Петар Пан“ на драмското студио „Миладин“. Режијата е на Ристе Миладинов, а улогите ги толкуваат Дафина Дејкоска, Даниел Спироски, Ива Шајноска, Емилија Спасеска… Влезниците за претставата се 100 денари, а средствата ќе бидат донирани за лекување на Бојан, кој се наоѓа …

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан Read More »

Гори трска во близина на индустриската зона во Струга


Гори трска во Струга, во близина на индустриската зона, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица Фети Мазари. Пожарот, како што информира, бил пријавен после 17 часот, по што на терен излегол тим со едно против пожарно возило. – Зафатена е мала површина трска, пожарот е ставен под контрола. На терен е екипа …

Гори трска во близина на индустриската зона во Струга Read More »

Со пари од ЕУ ќе се поттикнуваат туристичките екобизниси во Струга


Ќе се поддржуваат туристичките екобизниси во Струга и Поградец. Целта е подобрување на туристичката инфтраструктура преку вложување во зелени бизниси за заштита на животната средина. Поголема промоција на природното и културното наследство, историските знаеменитости, како и привлекување на што повеќе туристи, пренесува Охриднет. Субвенции за поставување соларни панели и подобра енегретска ефикасност ќе добијат 40 …

Со пари од ЕУ ќе се поттикнуваат туристичките екобизниси во Струга Read More »

До есен ќе заврши реконструкцијата на патот Струга – Ќафасан


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на јавното претпријатие државни патишта, Ејуп Рустеми и градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, денеска извршија увид во градежните работи на рехабилтација на регионалниот пат Струга – Ќафасан. Рехабилитацијата, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, се реализира во должина од 19,3 километри, на потег од …

До есен ќе заврши реконструкцијата на патот Струга – Ќафасан Read More »

Шаќири: Една од стратешките цели на МОН е поддршката на квалитетно и инклузивно високо образование и на студентскиот стандард


На почетокот на новата академска година сакам да им честитам на младите кои одлучиле својот животен пат да го продолжат со стекнување нови знаења и вештини, за да го извлечат најдоброто од себе, да продолжат да растат интелектуално и да си отворат повеќе можности за иднина. Пред вас е нова, возбудлива етапа исполнета со предавања …

Шаќири: Една од стратешките цели на МОН е поддршката на квалитетно и инклузивно високо образование и на студентскиот стандард Read More »

Индискиот поет Сонет Мондал ќе учествува на Струшките вечери на поезијата


Најпрестижниот и најстариот се уште постоечки поетски фестивал во светот, Струшките вечери на поезијата, упати покана до индискиот поетот Сонет Мондал да ја претставува Индија на 61-во фестивалско издание, што ќе се одржи во градот Струга, со придружни настани во Скопје и Охрид, од 24 до 29 август, објави „Индиантвњуз“.   Годинава Мондал ја објави својата …

Индискиот поет Сонет Мондал ќе учествува на Струшките вечери на поезијата Read More »