Утре поројни врнежи и силен ветер
УХМР соопшти дека утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 километри на час). Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 12 до 19 степени. …