Во пораст семејното насилство, жртви – жените, синовите сторители во 16 отсто од случаите


Во 2022 година се бележи пораст за 61% на пријавите за семејно насилство во споредба со 2018 година. 92% од сторителите се мажи, а 80% од жртвите најчесто се жени. До овие заклучоци дошле во Државниот завод за ревизија (ДЗР) по анализа на податоци од Министерството за внатрешни работи. Од ДЗР информираат дека во 2022 година регистриран …

Во пораст семејното насилство, жртви – жените, синовите сторители во 16 отсто од случаите Read More »

Тркалезна маса како да се зајакне борбата против семејното насилство


По повод 16 дена активизам против родово базирано насилство, Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска организира тркалезна маса на високо ниво на која ќе присуствуваат претставници од институции и граѓански организации кои работат во областа на спречување и заштита од родово базираното насилство. Како што е најавено од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на тркалезната …

Тркалезна маса како да се зајакне борбата против семејното насилство Read More »

Жените се убивани и тепани. Огромниот дел молчат за насилството, државата исто така


  Освен скопските и велешкиот, другите шелтер-центри за жртвите на семејно насилство не функционираат. Проблеми има и кај функционалните: нема доволно кадар, несоодветни просторни услови, нема надзор и обезбедување. Проценка на ризик вршат лица кои не се обучени за тоа, па случаите не стигнуваат до оние што се вистински надлежни. Сите овие системски проблеми, придонесуваат, …

Жените се убивани и тепани. Огромниот дел молчат за насилството, државата исто така Read More »

Речиси 1.000 жени лани биле жртви на семејно насилство


Минатата година од вкупно 1.117 регистрирани кривични дела од областа на семејното насилство, 942 се жени, сопруги, мајки или ќерки, а од вкупно пријавените сторители 1.061 се мажи. Ова, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, укажува на потребата од заедничко институционално дејствување и преземање мерки кои ќе придонесат за намалување на семејното насилство. Министерот …

Речиси 1.000 жени лани биле жртви на семејно насилство Read More »

Отворање советувалиште за жртви на семејно насилство


Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) денеска ќе отвори советувалиште за жртви на семејно насилство. На настанот ќе биде потпишан и меморандум со Министерството за внатрешни работи за соработка кон изнаоѓање решение за проблемот со семејното насилство врз жените, како и овозможување безбедна околина и ресоцијализација на жените и децата.  НСРР повеќе години работи на …

Отворање советувалиште за жртви на семејно насилство Read More »

Во Шпанија од почетокот на годината убиени шест жени, Владата свика итен состанок на експерти за семејно насилство


Шпанската влада свика втор итен состанок на експерти за семејно насилство за помалку од еден месец, по убиствата на шест жени и една млада девојка од почетокот на јануари. Владата во Мадрид ја разгледува идејата да ги информира злоупотребените жени за тоа дали нивните партнери се осудени за кривични дела насилства, објави Гардијан. Шпанскиот кризен …

Во Шпанија од почетокот на годината убиени шест жени, Владата свика итен состанок на експерти за семејно насилство Read More »

Се бара притвор за битолчанец што ја малтретира својата поранешна сопруга


Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста. Осомничениот ја загрозил сигурноста на неговата поранешна сопруга, непочитувајќи го решението на Основен суд Битола со кое му била изречена забрана да се заканува дека ќе стори семејно …

Се бара притвор за битолчанец што ја малтретира својата поранешна сопруга Read More »

Национална мрежа против насилство: Дали државата навистина ги штити жените жртви на семејно и родово базирано насилство


  Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска преку соопштение реагира во врска со непостапувањето на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи (МЦСР) на Град Скопје во конкретен случај каде по пријава од страна на жртвата и после четири месеци, до ден денес, не се преземени никакви мерки на заштита. – Последните настани …

Национална мрежа против насилство: Дали државата навистина ги штити жените жртви на семејно и родово базирано насилство Read More »

Вкупно 25 пријави за семејно насилство за шест месеци во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија


Вкупно 25 пријави за семејно насилство има за шест месеци во општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија. Ова го соопшти денеска за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. -СВР Велес ве известува дека бројот на пријави од граѓани по основ на семејно насилство во периодот од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година, за територијата …

Вкупно 25 пријави за семејно насилство за шест месеци во Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија Read More »

Неделава поголем број пријави за семејно насилство во Тетово


Зголемен број на пријави за семејно насилство бележи тетовската полиција оваа недела.  Карактеристично е дека сите пријави се однесуваат за настани случени во градот Тетово. -Вчера во 21 часот и 10 минути во СВР Тетово се пријавил 43-годишниот тетовец Г.Ѓ., откако претходно неговата 63-годишна мајка пријавила дека физички ја нападнал и оштетил дел од покуќнината.Исто …

Неделава поголем број пријави за семејно насилство во Тетово Read More »

Во општините од североистокот недостигаат засолниште, кризен центар и СОС линии за жртвите на семејно насилство


Во шесте општини од североисточниот регион недостигаат засолниште, кризен центар и СОС линии за жените жртви од родово базирано и семејно насилство, покажува анализата на невладините организации од Куманово. Постоечките програми од социјална заштита не ги препознаваат жртвите на насилството, како лица во социјален ризик, се наведува во анализата на Националниот ромски центар, Националната мрежа …

Во општините од североистокот недостигаат засолниште, кризен центар и СОС линии за жртвите на семејно насилство Read More »

Семејно насилство во Гостивар, синот ги нападнал родителите


Триесетгодишниот Х.М. од Гостивар вчера е приведен и задржан во полицијата откако физички ги нападнал своите родители. Министерството за внатрешни работи информира дека Џ.М. (61) ноќеска во 2 и 15 часот пријавил семејно насилство што го извршил неговиот син Х.М.(30). Х.М. најпрво започнал вербално да се расправа со неговиот татко, а потоа физички ги нападнал …

Семејно насилство во Гостивар, синот ги нападнал родителите Read More »

Тетовци ја претепале ќерка си оти не сакала да им ја даде платата


Родители од Тетово ја натепале својата 24-годишна ќерка зашто не сакала да им ја даде својата плата. Како што известуваат од МВР, вчера околу 22 часот С.Џ. (24) од Тетово пријавила дека нејзините родители физички ја нападнале затоа што не им ја давала платата на родителите. „Во наведеното време, во нејзината соба влегла мајка ѝ …

Тетовци ја претепале ќерка си оти не сакала да им ја даде платата Read More »

За 24 часа два нови случаи на семејно насилство


Два случаи на семејно насилство се пријавени во изминатите 24 часа во СВР Тетово. Во едниот случај жителка на Гостивар била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг, а во другиот случај жител на Шемшово бил тепан од неговиот татко. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека 25-годишната Ц.Д. од Гостивар го пријавила случајот синоќа …

За 24 часа два нови случаи на семејно насилство Read More »

Син претепал мајка во Визбегово


Син со боксови ја повредил својата мајка по што паднала и се здобила со повреди на главата. Како што соопшти МВР вчера во 21.50 часот Р.Т. (83) пријавила дека во дворот од нивната куќа во село Визбегово била физички нападната од страна на нејзиниот син Н.Т.(50), кој ја удрил со две тупаници во пределот на …

Син претепал мајка во Визбегово Read More »