Под мост кај Струга сокриле 60 килограми марихуана


Околу 60 килограми опојна дрога марихуана се пронајдени во близина на мостот на реката Сатеска на стариот пат меѓу Охрид и Струга. Акцијата на полицијата била реализирана во четвртокот околу 21 часот. Дрогата била сокриена во 59 пакувања. Засега не се знае кој и зошто ја оставил.