Први погодоци за Роналдо во дресот на Јуве


Во 4. коло од италијанскиот шампионат, Јувентус го победи Сасуоло со 2-1 и продолжи со максималниот ефект. Стрелец на обата гола беше Кристијано Роналдо, кој погоди во второто полувреме. Мечот го одбележа и срамотниот испад на Даглас Коста, кој на крајот на натпреваерот плукна противнички играч.