Извештајот од стручната Комисија за починатата родилка од Делчево ќе биде објавен идната недела


Следната недела ќе се објави извештајот од стручната Комисија која ја формираше министерот за здравство Фатмир Меџити за случајот со починатата 26-годишна родилка од Делчево, која почина на 26 декември на КАРИЛ во Скопје, а беше донесена во лоша здравствена состојба од штипската Клиничка болница. Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека деновиве го …

Извештајот од стручната Комисија за починатата родилка од Делчево ќе биде објавен идната недела Read More »

Почина родилката која скокна од прозорец на ГАК


Почина 39-годишната родилка која пред 12 дена скокна низ прозорец од првиот спрат на Клиниката за гинекологија и акушерство. Родилката починала вечерва околу 21 часот на Клиниката КАРИЛ. Жената била донесена на ГАК во 36 недела од бременоста, а по породувањето со царски рез, мајката и бебето биле во добра здравствена состојба. Детето на родилката …

Почина родилката која скокна од прозорец на ГАК Read More »

(Видео) Родилката што се фрли од прозорец на ГАК е во многу критична состојба


Пациентката е во многу критична состојба, откако вчера во 21.30 часот се фрлила од прозорецот во ходникот на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, три дена откако се породила со живо машко дете.  Ова го потврди директорката на ГАК, на денешната прес-конференција. Како што појасни оперативниот директор на ГАК, Јетон Шаќири, пациентката на 39-годишна возраст од Скопје, …

(Видео) Родилката што се фрли од прозорец на ГАК е во многу критична состојба Read More »

Родилка се бори за живот откако се фрли од првиот кат на Клиниката за гинекологија


Родилка се фрлила од првиот кат на ЈЗУ Клиниката за гинекологија и акушерство, откако претходно родила здраво машко дете, информираат од болницата. Како што стои во соопштението, пациентката на 39-годишна возраст од Скопје, била примена на Гинекологија на 28.06. во 21.16 часот заради крвавење во последниот триместар од бременоста (36 гестациска недела). -Пациентката веднаш е …

Родилка се бори за живот откако се фрли од првиот кат на Клиниката за гинекологија Read More »

Инспекторатот прекршочно ќе го гони гинекологот кој ја отпуштил дома битолската родилка


  БИТОЛА – За констатирани недостатоци во третманот на 24-годишната родилка од Битола чие новороденче почина во неделата во Битолската болница,  Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) прекршочно ќе го гони битолскиот гинеколог М.В.. Иницијалите кажуваат дека најверојатно се работи за младиот лекар Михајло Вангелов, кој воедно е и политичар, советник во Советот на Општина …

Инспекторатот прекршочно ќе го гони гинекологот кој ја отпуштил дома битолската родилка Read More »

За родилката во Тетово прво ќе се направи анализа и стручен надзор, сè што ќе добиеме ќе објавиме јавно, порача Филипче


Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека прво треба да се направи анализа за случајот во кој родилка од Тетово со некроза на матка заврши во Скопје, да се изврши увид и стручен надзор, а се што ќе добијат како документ, како што најави, ќе биде соопштено јавно. – За секој еден од случаите, …

За родилката во Тетово прво ќе се направи анализа и стручен надзор, сè што ќе добиеме ќе објавиме јавно, порача Филипче Read More »

Се испитува зошто почина родилка од Гевгелија


Гевгеличанката Елизабета Савиќ-Динева (31) вчера беше погребана во Гевгелија, откако почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) каде била префрлена откако ѝ се искомплицирала здравствената состојба по породувањето на 29 јуни. Блиски на жената во информациите што ги споделуваат на социјалните мрежи обвинуваат за лекарска негрижа. Савиќ-Динева се породила на 29 јуни  …

Се испитува зошто почина родилка од Гевгелија Read More »

Почина родилка во Штип


Дваесет и осум годишната Маја Паневска од Свети Николе починала по 24 часа откако била примена на акушерското одделение во штипската Клиничка болница, потврди директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеоргијев. Тој вели дека синоќа во 21 часот, по природен пат родилката на свет донела здраво машко дете, но од засега непознати причини починала утринава околу …

Почина родилка во Штип Read More »

Министерството за здравство ја одзеде дозволата за работа на „Санте Плус“


Министерството за здравство донесе решение да ја одземе дозволата за работа на ПЗУ „Санте Плус гроуп“ откако по извршениот вонреден испекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат беа утврдени неправилности во работата на болницата во однос на кадарот и опремата. Родилката од Кичево почина при породување со царски рез, па од приватната болница била однесена …

Министерството за здравство ја одзеде дозволата за работа на „Санте Плус“ Read More »

Обвинителството отвори истрага за смртта на родилката во „Санте плус“


Основното јавно обвинителство отвори истрага за смртта на родилката во приватната здравствена установа „Санте плус“ во Скопје Од таму велат дека вчера добиле известување за настанот од скопската полиција, по што наредено е за прибирање на потребната документација и податоци. „По разгледување и анализа на пристигнатиот материјал и по добивањето на обдукцискиот протокол од Институтот за …

Обвинителството отвори истрага за смртта на родилката во „Санте плус“ Read More »

Смртта на родилката се испитува, бебето е во стабилна состојба


Бебето чија мајка почина на 18 јануари за време на породувањето во приватната болница „Санте плус“ во Скопје, кое оттаму било донесено на Клиниката за детски болести, е во релативно стабилна здравствена состојба, прима терапија и се уште е приклучено на респиратор. Ова за МИА го изјави директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ. …

Смртта на родилката се испитува, бебето е во стабилна состојба Read More »

Министерството за здравство формира комисијата која ќе истражува како починала родилката во приватната болница


Министерството за здравство формираше комисија која ќе треба да ја истражи смртта на 31-годишната родилка во приватната болница „Санте Плус“ во Скопје. Родилката починала во четвртокот, а во болницата требало да се породи со своето прво дете. Смртта кај неа настапила кога почнала процедурата за царски рез, поради компликации при дишењето. Состојбата на бебето е …

Министерството за здравство формира комисијата која ќе истражува како починала родилката во приватната болница Read More »

Родилката на која што и дадоа сендвич со таблети, роди здраво дете


Вистинска драма се одвивала вчеравечер во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Триесет и тригодишна скопјанка била примена со породилни болки, по што три машки лица – нејзини познаници дошле во болницата за да ја посетат. Меѓудругото, и донеле сендвич, а во него вработените пронашле четири големи таблети сина боја, информираат од полицијата. Од …

Родилката на која што и дадоа сендвич со таблети, роди здраво дете Read More »