Дневник на глупости во Северна Македонија


Роберт Несими    Ако пројде, пројде. По релативно тивкиот период по транзицијата на власта, дојде редот и сегашната влада да продолжи со стариот, проверен начин на вработување, тој преку врски. Во последните недели се интензивираше вработувањето по државни институции и фирми на браќа, сестри, синови, ќерки, братучеди, братучетки и секаков вид други роднини на високи …

Дневник на глупости во Северна Македонија Read More »

Венецуела, најновиот дебакл на социјализмот


Роберт Несими   За повеќемина кризата во Венецуела влезе во нивниот радар само во последните неколку недели, но во реалност земјата е во постојана криза во поголемиот дел од оваа декада. Катализатор за ова најнова криза беше одлуката на претседателот на парламентот Хуан Гуаидо, кој во рамки на своите уставни надлежности привремено ја презеде функцијата …

Венецуела, најновиот дебакл на социјализмот Read More »

Имер Селмани ја декласираше идејата за консензуален претседател


Роберт Несими Теоретски концептот за консензуален претседател е добра идеја. Според сите демократски норми и традиции, но согласно и со нашиот Устав, закони и други прописи, претседателот на државата треба да биде претседател на сите граѓани на државата, без разлика на нивната националност, вера, пол, политички идеологии или какви било други карактеристики. Вистина е дека …

Имер Селмани ја декласираше идејата за консензуален претседател Read More »

Востанието на Дервиш Цара


Роберт Несими Во светот на книгата, „Востанието на Дервиш Цара“ сигурно зема посебно место. Тоа e книга која никогаш не го виде белиот свет во оригиналниот јазик на кој е пишувана, но затоа пак е издадена двапати на друг јазик, преведена од два различни преведувачи. Книгата ја пишувал познатиот историчар Александар Матковски во 1980-тите години …

Востанието на Дервиш Цара Read More »

Реприза 2002-2006


Роберт Несими Минатата недела Македонија направи уште еден голем исчекор на нејзиниот пат за ЕУ и НАТО. Вкупно 80 пратеници гласаа да започне процесот на уставни измени што се потребни за целосна имплементација на договорот со Грција, при што лесно може да се претпостави дека овие гласови ќе бидат тука и за гласање на самите …

Реприза 2002-2006 Read More »

Различни сценарија за референдумот и договорот со Грција


Договорот со Грција, кој ветува да ги отвори вратите на Македонија за евроатлантските интеграции, треба да помине уште неколку пречки во наредните месеци. Прво, тој треба да помине на референдум закажан за 30 септември, а потоа го чека ратификација во Собранието, заедно со придружните уставни измени. Иако сум прилично сигурен дека на крајот договорот ќе …

Различни сценарија за референдумот и договорот со Грција Read More »

Здравство за сите – со сила!


Роберт Несими Гледајќи ги последните настапи на Министерството за здравство во врска со одливот на здравствените работници од државата, не можев, а да не се потсетам и да не направам паралела со сличен настап на режимски мегафон во една друга пригода. Беше тоа времето кога ЕУ ни ги укина визите и граѓаните на Македонија првпат …

Здравство за сите – со сила! Read More »

Изборниот модел мора да се промени


Роберт Несими Во последните шеснаесет години Македонија избира пратеници со пропорционален изборен систем, со затворени листи поделени во шест изборни единици. Во овој период се одржани шест циклуси парламентарни избори, што е богато искуство за да се каже дека овој модел има многу слабости и време е да се промени. Тој не гарантираше адекватно претставување …

Изборниот модел мора да се промени Read More »

Кој го урна режимот?


Роберт Несими 1. Година и пол по парламентарните избори во 2016 година веќе е иритантно да се слуша како важни политички актери сѐ уште се преправат како да не знаат што навистина се случи на тие избори. На пример, ВМРО продолжува да претендира дека доби мнозинство, па е неоправдано сега да биде во опозиција. ДУИ, …

Кој го урна режимот? Read More »

Американска дебата за македонски буџет


Роберт Несими „Вчера премиерот Заев во придружба на министерот за финансии Тевдовски продолжи со средбите во Собранието во обид да лобира за предлог-буџетот на Владата за 2018 година. Веќе трет ден по ред тој настојува да ги убеди пратениците од неговата коалиција да гласат за буџетот без понатамошни одложувања. Според проценките на нашиот весник Заев …

Американска дебата за македонски буџет Read More »

Јавни, тајни, принципиелни и непринципиелни коалиции


Роберт Несими, публицист Конвенционално и општоприфатливо е веќе да се каже дека декемвриските парламентарни избори донесоа вистински потрес во политичката сцена, и тоа поради крајот на десетгодишната доминација на ВМРО и смената на власта. Всушност, вистинскиот потрес беше појавата и успехот на двете нови албански субјекти, „Алијанса за Албанците“ и Движењето Беса, феномен што им …

Јавни, тајни, принципиелни и непринципиелни коалиции Read More »