Швајцарците на референдум изгласаа воведување 13-та пензија


Швајцарците во неделата на референдум се изјаснија за воведување на 13-та пензија, според првите проекции на јавната телевизија СРФ. Анкетата на СРФ покажа дека за дополнителна пензија гласале 58 отсто од гласачите, а против биле 42 отсто. Мерката беше предложена од Швајцарската федерација на синдикати и партиите од левиот центар, а сега е потребна поддршка …

Швајцарците на референдум изгласаа воведување 13-та пензија Read More »

Швајцарците на референдум гласаат за 13-та пензија и зголемување на старосната граница за пензионирање


Швајцарија, чие население старее и се соочува со зголемени трошоци за живот, денеска одржува референдум за два клучни предлози за пензионерите: исплата на 13-та пензија и зголемување на старосната граница за пензионирање. Предлогот за постепено зголемување на старосната граница за пензионирање од 65 на 66 години во следните десет години за да се обезбеди целосно …

Швајцарците на референдум гласаат за 13-та пензија и зголемување на старосната граница за пензионирање Read More »

Пет години од референдумот за Договорот со Грција


Пред пет години на 30 септември во земјата се одржа референдум на кој се гласаше за Договорот меѓу Македонија и Грција.  На 30 септември 2018 година, од вкупно 1.806.336, на референдумот излегоа 666.743 граѓани, од кои 609.813 гласаа „за“, а 37.700 гласаа „против“, додека 19.230 ливчиња беа прогласени за неважечки. Одлуката на референдумот не беше …

Пет години од референдумот за Договорот со Грција Read More »

На референдум, Швајцарците одобрија зголемување на даноците за големите компании


  На референдумот одржан викендов, швајцарските граѓани одобрија зголемување на минималниот данок за компаниите и Законот за климата, чија цел е да се намали употребата на фосилни горива и нула емисии до 2050 година, објави јавниот сервис SRF, пренесува N1. Речиси 80 отсто од оние што гласаа на националниот референдум го поддржаа зголемувањето на корпоративниот …

На референдум, Швајцарците одобрија зголемување на даноците за големите компании Read More »

Жителите на Берлин на референдум ги отфрлија построгите климатски цели


Референдумот на кој жителите на Берлин вчера одлучуваа за тоа дали нивниот град треба да стане климатски неутрален до 2030 година не успеа, изјави градоначалничката Франциска Гифи. Таа мерка би ја натерала новата конзервативна локална влада да инвестира во обновливите извори на енергија, ефикасноста на зградите и јавниот транспорт. Доколку референдумот беше успешен, Берлин ќе …

Жителите на Берлин на референдум ги отфрлија построгите климатски цели Read More »

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност


 Словачкиот референдум за уставните измени за изборните реформи пропадна поради недоволна излезност, покажаа првите податоци на државната изборна комисија. Само четвртина од запишаните гласачи се изјаснија на референдумот, а за неговата законска важност потребна е излезност од 50 проценти. Право на глас имаа вкупно 4,5 милиони гласачи. Уставните измени требаше да овозможат предвремени избори, како …

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност Read More »

На референдум отповикан градоначалникот на Франкфурт


Петер Фелдман, контроверзниот градоначалник на германскиот финансиски центар – Франкфурт, преку граѓански референдум е сменет од функцијата, покажаа резултатите од вчерашното гласање. Повеќе од 95 отсто од гласачите гласаа за отповикување на Фелдман, политичар од централно-левичарската Социјалдемократска партија (СПД). Тој се соочува со обвинувања за корупција и неговиот мандат беше исполнет со гафови. Фелдман го …

На референдум отповикан градоначалникот на Франкфурт Read More »

Џафери: Моите одлуки за иницијативите за референдум се исправни


  Имајќи ги предвид моите шест пратенички мандати и ова искуство како претседател на Собранието во втор мандат, функција која првенствено подразбира преземање одговорност, немам дилеми дека двете одлуки што ги донесов се сосема исправни вклучително и овие за иницијативите за референдумите. Во тој контекст јас ништо не сум направил што е надвор од моите …

Џафери: Моите одлуки за иницијативите за референдум се исправни Read More »

Пендаровски: Прашањето на Левица за референдумот е збунувачко и нејасно за граѓаните


Прв ќе излезам на гласање на евентуален референдум и тоа изутрината во 7 часот на гласачките места доколку прашањето гласи: „Дали сте за тоа Северна Македонија да стане членка на Европската унија?“, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Слободен печат“. Партијата Левица денеска до архивата во Собранието го достави барањето за спроведување задолжителен референдум …

Пендаровски: Прашањето на Левица за референдумот е збунувачко и нејасно за граѓаните Read More »

Левица ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК


Лидерот на Левица Димитар Апасиев денеска ја поднесе Иницијативата за референдум до Државната изборна комисија. -Денес Левица поднесе предлог за поднесување граѓанска иницијатива за референдум. Народот треба да го има зборот кога станува збор за прашања од национален интерес, изјави Апасиев. Левица најави целосна блокада на Собранието, доколку собранискиот спикер Талат Џафери ја одбие и …

Левица ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК Read More »

Трудо: Канада ќе воведе нови санкции кон Москва за „лажните“ референдуми


Канада ќе воведе нови санкции кон Москва поради „лажните“ руски референдуми во четири окупирани украински региони, изјави премиерот Џастин Трудо. -Канада никогаш нема да ги признае резултатите од референдумите или обидот на Русија за илегална анексија на украински територии, рече канадскиот премиер. „Имаме намера да воведеме нови санкции против поединци и ентитети кои се вклучени …

Трудо: Канада ќе воведе нови санкции кон Москва за „лажните“ референдуми Read More »

Четврти ден од референдумското изјаснување во украинските области под руска контрола


Во украинските области под руска контрола денеска четврти ден се спроведуваат референдумите за присоединување кон Русија. Во првите три дена од референдумското изјаснување најголем одѕив забележала изборната комисија на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), каде гласале 77,12 отсто од запишаните избирачи, соопшти претседателот на Централната изборна комисија на ДНР, Владимир Висоцки. Серхиј Гајдаи, регионалниот гувернер …

Четврти ден од референдумското изјаснување во украинските области под руска контрола Read More »

Сепартистите од окупираниот Херсон ќе одржат итен референдум за спојување со Русија


  Официјални лица инсталирани од Русија во регионот Херсон во Украина изјавија дека одлучиле да одржат референдум за приклучување кон Русија и побараа од Кремљ да даде дозвола што е можно поскоро, изјави во вторникот шефот на сепаратистите на регионот. Во објава на апликацијата за пораки Телеграм, Володимир Салдо, шефот на Херсон назначен од Русија, …

Сепартистите од окупираниот Херсон ќе одржат итен референдум за спојување со Русија Read More »

Османи: За договорот со Бугарија ниту може, ниту смее да има референдум


  За Договорот со Бугарија ниту може, ниту смее да има референдум. Тој е еден од столбовите на евроатлантска Република Северна Македонија, заедно со Преспанскиот и Охридскиот договор, а еднонационални референдуми за стратешки прашања на државата се опасен преседан и тие не смеат да се случат, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Дополнително, …

Османи: За договорот со Бугарија ниту може, ниту смее да има референдум Read More »

Власта бара консензус за уставните измени, опозицијата референдум


  Отворање на Пандорината кутија, непотребно трошење во услови на криза, иницијатива со бројни аномалии. Вака власта го оценува барањето за референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија, што претседателот на Собранието Талат Џафери го отфрли како неуставно. За опозицијата, пак, референдумот е излезот од „штетниот договор со Софија“. Остануваат на ставот дека …

Власта бара консензус за уставните измени, опозицијата референдум Read More »

Сагата за референдумот е приказна за аматеризам и силување на процедурите, вели уставниот експерт Денис Прешова


  Доцентот по уставно право на Правниот факултет во Скопје, Денис Прешова, е меѓу ретките правни експерти кои се огласи и околу иницијативата за референдумот и нејзиното одбивање од страната на претседателот на Собранието. Според Прешова, „иницијативата очигледно страда од сериозни недостатоци поради кои би било нормално да се очекува таа да биде одбиена како …

Сагата за референдумот е приказна за аматеризам и силување на процедурите, вели уставниот експерт Денис Прешова Read More »

Арсовски: Попаметно ќе беше да се оставеше референдумот да пропадне


  Како непотребен и непродуктивен политички маневар ја оцени аналитичарот Петар Арсовски одлуката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да го одбие барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум  за поништување на договорот со Бугарија од 2017 година – со оценката дека Уставот не дозволува меѓународни договори да се менуваат со закон.  „Колку што гледам иницијативата за …

Арсовски: Попаметно ќе беше да се оставеше референдумот да пропадне Read More »

Партијата на Путин предлага референдуми за анексија на украинските територии на 4 ноември


  Партијата Единствена Русија на Владимир Путин предлага на 4 ноември да се одржи референдум за анексија на украинските територии кои се под контрола на руските сили. „Доњецк, Луганск и многу други руски градови конечно повторно ќе го најдат своето матично пристаниште. И рускиот свет, денес поделен со формални граници, повторно ќе го најде својот …

Партијата на Путин предлага референдуми за анексија на украинските територии на 4 ноември Read More »

Мицкоски бара со референдумот да се организираат и избори


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Државната изборна комисија (ДИК) поднесе иницијатива за Референдум. Мицкоски очекува денеска во подрачните канцеларии на ДИК да бидат собрани сто потписи за таа да биде доставена до Собранието по националниот празник. Тој, како што кажа, ќе биде меѓу првите потписници во подрачната канцеларија на ДИК во Карпош, …

Мицкоски бара со референдумот да се организираат и избори Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ја почнува процедурата за референдум


  Лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски денеска напладне во Државната изборна комисија ќе достави иницијатива за одржување задолжителен референдум со прашање: Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Претседателот на државата Стево Пендаровски предупреди дека прашањето на опозицијата …

ВМРО-ДПМНЕ ја почнува процедурата за референдум Read More »