Заев: Уште еден голем ден и големо признание за нашата земја


Уште еден голем ден за Република Македонија. Уште едно големо признание за нашата земја, напиша попладнево премиерот Зоран Заев на својата Фејсбук страница по одлуката на Советот на министри на ЕУ преговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни наредната година. – Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, на …

Заев: Уште еден голем ден и големо признание за нашата земја Read More »

Македонија ќе претседава со Светскиот корпоративен регистарски форум 2019


Република Македонија и Централниот регистар по работните сесии предвидени во агендата на Светскиот  корпоративен регистарски форум – ЦРФ 2018 и по одржаното Генерално собрание на Извршниот комитет во Габорон – Боцвана, го превзема претседателството на Форумот за 2019 година. – Во изминатиот период Централниот регистар напорно работеше на проектите кои ќе бидат главен мотив и …

Македонија ќе претседава со Светскиот корпоративен регистарски форум 2019 Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија на чело со СДСМ е пред економски колапс


Република Македонија на чело со СДСМ е пред економски колапс. Граѓаните живеат се потешко, а СДСМ им порачува на сиромашните дека повисоките акцизи секако немале да ги погодат бидејќи тие и онака не возеле. Економијата стагнира, правната држава е деградирана, институциите се злоупотребуваат, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Стопанството е во слободен пад. Моторот на македонската економија, …

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија на чело со СДСМ е пред економски колапс Read More »

Уставот издаден на Брајова азбука


Специјално издание на Уставот на РМ изработен со Брајова азбука денеска беше промовиран во Скопје како заеднички проект на Јавното претпријатие „Службен весник“ на Република Македонија и Средното училиште за лица со оштетен вид „Димитар Влахов“. Министерката за образование, Рената Дескоска на промоцијата ја поздрави идејата темелниот правен документ- Уставот на РМ да го направат …

Уставот издаден на Брајова азбука Read More »

Денот на трудот 1 Мај неработен за сите граѓани


Денот на трудот 1 Мај 2018 година (вторник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот. сст/скс/10:51

Промовирани 609 кандидати за полициски службеници


Во Центарот за обука во Идризово денеска беа промовирани 609 кандидати за полициски службеници кои успешно ја завршија едногодишната обука поделена во три образовни модули – сообраќај, јавен ред и мир и гранични работи. На промовирањето на новите кандидати за полициски службеници присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот заменик Агим Нухиу. Спасовски …

Промовирани 609 кандидати за полициски службеници Read More »

Македонските возачки дозволи ќе важат и во Германија


Постигнат е договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија. Се очекува договорот наскоро да стапи во сила, иако никој не сака да прогнозира кога точно тоа би можело да се случи. Билатералниот договор меѓу Македонија и Германија за меѓусебно признавање на возачките дозволи е постигнат, велат извори на …

Македонските возачки дозволи ќе важат и во Германија Read More »

Дачиќ: ЕУ ни се лути што употребуваме Република Македонија


Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во интервју за телевизијата „Хепи“ повторно се врати на прашањето за уставното име на Македонија тврдејќи дека овој пат Европската Унија била лута бидејќи официјален Белград го користи името Македонија, а не БЈРМ. „Од ЕУ нѐ предупредуваат бидејќи го користиме терминот Република Македонија, имаме проблеми во преговорите …

Дачиќ: ЕУ ни се лути што употребуваме Република Македонија Read More »