Дваесет и една година Рамковен договор


  Со доделувањето на сертификати за учесниците на Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ од страна на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби вчера во Маврово, започна овогодишното одбележување на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава …

Дваесет и една година Рамковен договор Read More »

Хазби Лика се сели кај Села


Во рок од неколку дена вицепремиерот Хазби Лика остана без двете функции, кои, барем на хартија, ги исполнуваше изминатиот период. Владата ќе му го укине Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, а со тоа и неговото работно место, а матичната ДУИ го разреши од позицијата организациски секретар. Тој, пак, според информациите, веќе стапил во контакт …

Хазби Лика се сели кај Села Read More »

Како Рамковниот влезе во Уставот?


Владата ги одби предлозите на двете опозициски партии од албанскиот блок – Беса и Алијансата за Албанците за дополнителни амандмани на Уставот со етнички предзнак и без директна поврзаност со преспанскиот договор, со образложение дека не треба да се отвора Пандорината кутија. Затоа, пак, во преамбулата на Уставот влегува Рамковниот договор, како еден од конститутивните …

Како Рамковниот влезе во Уставот? Read More »

Седумнаесет години Охридски рамковен договор


На 13 август пред седумнаесет години беше потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001 година. Документот по повеќедневно услогласување во Охрид, во Скопје го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски, на …

Седумнаесет години Охридски рамковен договор Read More »

Рамковните олеснувачи ќе ни олеснуваат за НАТО и за ЕУ


Поранешни високи дипломати и  олеснувачи во преговорите за Рамковниот договор сега ќе лобираат за забрзување на интеграциските процеси на Македонија. Предводник на новата меѓународна група на пријатели на Македонија наречена „Охрид“ е лорд Џорџ Робертсон, кој во времето на преговорите во Охрид во 2001 година беше генерален секретар на НАТО и, како што соопшти, во …

Рамковните олеснувачи ќе ни олеснуваат за НАТО и за ЕУ Read More »

Минатиот месец исплатени над 784 000 евра за вработените по Рамковен


Вработените според  Рамковен договор кои не се распоредени на работни места, ќе добијат понуда да одат на работа не само во јавната администрација како досега, туку во целиот јавен сектор, што подразбира дека може да бидат ангажирани во училишта, градинки, здравствени установи, јавни претпријатија. Како што изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан …

Минатиот месец исплатени над 784 000 евра за вработените по Рамковен Read More »

Вработените по Рамковен ќе се распределат низ целиот јавен сектор


Вработените според Рамковен договор кои не се распоредени на работни места, ќе добијат понуда да одат на работа не само во јавната администрација како досега, туку во целиот јавен сектор, што подразбира дека може да бидат ангажирани во училишта, градинки, здравствени установи, јавни претпријатија…Тоа се овозможи откако беа променети четири закони што ја покриваат проблематиката …

Вработените по Рамковен ќе се распределат низ целиот јавен сектор Read More »

Вработените по Рамковен кои седеа дома ќе почнат да работат


Во наредните недели ќе започне процесот за прераспеделба на вработените по Рамковен договор кои беа распоредени на работни места, а седеа дома, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. – До крајот на овој месец доста ќе одминеме од оваа фаза. Правиме некакви пилотирања на распределбата што отприлика ќе ни ја даде …

Вработените по Рамковен кои седеа дома ќе почнат да работат Read More »