Центрите за мигранти во Албанија ќе профункционираат на 20 мај


На 20 мај, во Албанија ќе профункционират центрите за мигранти, што е врз основа на догоровор, кој на 6 ноември минатата година, во Рим, го потпишаа премиерите на Албанија и на Италија, Еди Рама и Џорџа Мелони. Италијанската влада го одреди овој датум, 20 мај, кога ќе го изврши првиот трансфер на групи кои илегално …

Центрите за мигранти во Албанија ќе профункционираат на 20 мај Read More »

Еди Рама направи скандал: Не му се допадна прашање од новинарка, па ја оттурна (видео)


Албанскиот премиер Еди Рама денеска за време на прес-конференцијата ја оттурна новинарката, откако, според локалните медиуми, не му се допаднало прашањето што таа му го поставила. Како што пренесува „Газета10“, Еди Рама ја турнал репортерот на телевизијата СИРИ, откако таа му поставила прашање. Наводно, новинарот го прашал премиерот „зошто парите на албанските даночни обврзници одат …

Еди Рама направи скандал: Не му се допадна прашање од новинарка, па ја оттурна (видео) Read More »

Рама со амбиции за четврти мандат, сака историска победа во 2025 година


Лидерот на Социјалистичката партија и актуелен албански премиер, Еди Рама, не ги крие амбициите за нов четврт мандат, за што веќе ја почна кампањата со посета на градови каде порача дека очекува „историска победа на изборите во 2025 година“. Придружуван од пратеници, локални избраници, на средбата со општинската организација во Елбасан, Рама побара повторно „заживување …

Рама со амбиции за четврти мандат, сака историска победа во 2025 година Read More »

Рама: Косово треба да се координира со сојузниците


Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше во врска со одлуката на Централната банка на Косово да ја отстрани од пазарот српската валута динар, пренесуваат албанските медиуми. Рама побарал од Косово да се координира со сојузниците, кои побараа суспензија на оваа мерка, бидејќи според нив, таа може да поттикне нови тензии на Косово. Како што навел …

Рама: Косово треба да се координира со сојузниците Read More »

Рама најави дека Албанија ќе произведува автомобили за државните институции


Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека Албанија има подготвен проект за производство на автомобили за потребите на државата, со домашна компанија, која до сега  произвела амбулантни возила за Украина, но и за соседните земји Северна Македонија, Бугарија, Турција. Додаде дека овие автомобили ќе бидат пуштени во употреба за потребите на министерството за здравство, за внатрешни …

Рама најави дека Албанија ќе произведува автомобили за државните институции Read More »

Рама потрошил илјадници долари во хотел на Трамп


Комитетот за надзор и одговорност во Претставничкиот дом на САД подготви детален извештај за тоа како Доналд Трамп ја злоупотребил позицијата на претседател за да профитира милиони долари од светските лидери, во кој се споменува и премиерот Еди Рама, објави Ора њуз. Во извештајот стои дека за време на претседателствувањето на Трамп, во периодот од …

Рама потрошил илјадници долари во хотел на Трамп Read More »

Албанија, целата планина мерки на ЕУ, ќе ги воведе преку ChatGPT


Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека имал разговор со главниот технолошки директор на стартап компанијата OpenAI, Албанката Мира Мурати, за да се забрза пристапот на Албанија во ЕУ, објави ТВ Топ чанел. Рама ова го изјави за време на годишниот конгрес на Социјалистичката партија на Албанија во Тирана пред неколку дена. Компанијата „Отворена вештачка интелигенција“ …

Албанија, целата планина мерки на ЕУ, ќе ги воведе преку ChatGPT Read More »

Рама на партискиот конгрес: Во Брисел одиме со крената глава


Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, на денешнот партиски конгрес, својот говор го започна со пораката дека во Брисел следната недела ќе одат со крената глава и оти доколку има грчко вето „нема да се врати вознемирен, туку уште погорд на Албанија и помотивиран да продолжат на патот до ЕУ“. -Одиме во Брисел следната …

Рама на партискиот конгрес: Во Брисел одиме со крената глава Read More »

Италија ќе гради прифатен центар за мигранти во Албанија


  Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави дека во албанскиот пристаништен град Шенѓин ќе биде изграден прифатен центар за имигранти, кој се очекува да биде отворен идната пролет. Ова, како што рече таа, по договорот за соработка за имигрантите меѓу двете земји, што денеска го потпишале со албанскиот премиер Еди Рама, кој е во посета на …

Италија ќе гради прифатен центар за мигранти во Албанија Read More »

Рама: Не можеме да му помогнеме на Косово, тоа може да ја ослаби нашата меѓународна позиција


Убедувањето и одговорноста на Рама за Косово не се разнишани, кога ризикот од губење на мирот по победата на војната е додаден на ризикот од ескалација со оружје по конфликтот на северот, рече албанскиот премиер Еди Рама во обраќањето на денешната пленарна седница на законодавниот дом, на која на дневен ред е Резолуцијата за настаните …

Рама: Не можеме да му помогнеме на Косово, тоа може да ја ослаби нашата меѓународна позиција Read More »

Рама на „Берлински глобален дијалог“: Некои земји во регионот се под руско влијание


Албанскиот премиер Еди Рама на меѓународниот форум „Берлински глобален дијалог“ (Berlin Global Dialogue) оцени дека „некои земји во регионот се под руско влијание“ и и затоа „неопходно е забрзување на интегративниот процес на Западен Балкан во Европската Унија“. -Морам да кажам дека по руската инвазија, дури и најскептичните, дури и најоддалечените од Западен Балкан, ја …

Рама на „Берлински глобален дијалог“: Некои земји во регионот се под руско влијание Read More »

Рама: На ЕУ и е потребен Западен Балкан исто како што на Западен Балкан му е потребна ЕУ


 Во рамките на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи во Албанија на 16 октомври 2023 година, Министерството за финансии и економија денеска во Тирана е домаќин на Форум на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствената ЕУ пазар“. Отворајќи го овој министерски состанок, премиерот Еди Рама го започна својот говор со …

Рама: На ЕУ и е потребен Западен Балкан исто како што на Западен Балкан му е потребна ЕУ Read More »

Албин Курти не оди на состанок со Рама и Вархеи


Портпаролот на Владата во Приштина, Перпарим Криезиу, изјави дека Албин Курти нема да оди на денешната средба во Тирана со Еди Рам. Според „Репортерс“, на негово место ќе оди пратеникот Бесник Бислими. Во Тирана се одржува неформален состанок на регионалните лидери на кој присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи. Криесиу на …

Албин Курти не оди на состанок со Рама и Вархеи Read More »

Курти одби да се сретне со Рама во Приштина, бара одржување на седница на двете влади


 Косовскиот премиер, Албин Курти одби да се сретне со неговиот албански колега, Еди Рама, кој утре ќе допатува во дводневна посета на Косово, и нагласи дека тоа ќе го направи единствено на заедничка седница на двете влади, јави дописникот на МИА од Приштина. По денешната владина седница, Курти пред новинарите изјави дека заедничката седница на …

Курти одби да се сретне со Рама во Приштина, бара одржување на седница на двете влади Read More »

Рама балканската турнеја в четврток ја почнува со посетата на Скопје


Албанскиот премиер Еди Рама в четврток и петок ќе биде на балканска турнеја, во која со своите колеги ќе разговара за кризата во Косово, иницијативата „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес, јавија медиумите. – В четврток наутро премиерот  Рама ќе замине за Скопје. Тоа е неговата прва од петте станици, во земји од Западен Балкан кои …

Рама балканската турнеја в четврток ја почнува со посетата на Скопје Read More »

Рама до Клинтон: Вие сте најалбанскиот претседател што можевме да го најдеме


Албанскиот премиер Еди Рама, на големата свеченост, организирана во чест на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, пред владата во Тирана, оцени дека неговиот придонес за мирот, стабилноста и иднината на нашиот регион ќе остане драгоцено наследство на страниците на историјата. – Донесовте историска одлука за ослободување на Косово и ја одредивте иднината на Балканот, оцени …

Рама до Клинтон: Вие сте најалбанскиот претседател што можевме да го најдеме Read More »

Рама: Постои сериозен ризик од вооружен конфликт на северот на Косово, фатален за целиот регион


Албанскиот премиер Еди Рама изрази загриженост за состојбата на северот на Косово и предупреди дека “реториката на лидерите на Косово и Србија го води северот кон вооружен судир меѓу српските групи и специјалните сили на косовската полиција”.  Според него доколку се случи вооружен конфликт дури и за три часа, тогаш целиот балкански регион ќе направи …

Рама: Постои сериозен ризик од вооружен конфликт на северот на Косово, фатален за целиот регион Read More »

Рама: Со Курти имаме исти цели, но не одиме по исти патишта, регионот е и наш, не им припаѓа само на Косово и Србија


      Албанскиот премиер Еди Рама во врска со односите со косовскиот премиер Албин Курти, оценил дека ” имаат исти цели, но не одат по исти патишта”, јавија медиумите. -Мојата цел и целта на премиерот на Косово се идентични, но,  постигнувањето на таа цел не го гледаме на ист начин, особено во последно време. …

Рама: Со Курти имаме исти цели, но не одиме по исти патишта, регионот е и наш, не им припаѓа само на Косово и Србија Read More »

Рама оптимист дека ќе бидат исполнети барањата поставени од ЕУ и од Косово и од Србија


Албанскиот  премиер Еди Рама им се заблагодари на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, за покажаното инсистирање и посветеност да седнат  претседателката на Косово Вјоса Османи и српскиот претседател Александар Вучиќ да разговараат. Преку објава на Твитер, Рама нагласува дека се надева оти барањата …

Рама оптимист дека ќе бидат исполнети барањата поставени од ЕУ и од Косово и од Србија Read More »

Рама: Не барајте Кинези, Руси, Марсовци зад Отворен Балкан


Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека денеска, премиерот на Црна Гора во технички мандат, Дритан Абазовиќ, изразил намера да организира неформален самит на иницијативата Отворен Балкан во Црна Гора во јуни годинава, и оцени дека оваа иницијатива е „неопходна и комплементарна“ на Берлинскиот процес. – Му благодарам на Абазовиќ за изразената желба да го …

Рама: Не барајте Кинези, Руси, Марсовци зад Отворен Балкан Read More »