Седум кандидати во трка за претседател на државава


  На полноќ истече рокот за собирање потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори, што почна на 23 февруари. Официјално во трка се седум кандидати за претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи на 24 април годинава. Според податоците од ДИК, од 7 март до 20 часот, од 15-те пријавени кандидати за собирање …

Седум кандидати во трка за претседател на државава Read More »

И Драган Николовски собира потписи за кандидатура за претседател


На само два дена од истекот на рокот за собирање на потписи за кандидати за претседател, до Државната изборна комисија денеска била доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура од страна на Драган Николовски. Како што информираат од ДИК потписите и за овој ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на …

И Драган Николовски собира потписи за кандидатура за претседател Read More »

Седуммина кандидати досега во трката за претседател на државата


Досега седум кандидати успеаа да го обезбедат своето место на изборите за претседател на државата, со последниот пресек на ДИК и партиските конвенции на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ што се одржаа викендов. ВМРО-ДПМНЕ официјално на конгрес ја потврди поддршката за Гордана Силјановска-Давкова, а СДСМ за реизбор на актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски. И двајцата во …

Седуммина кандидати досега во трката за претседател на државата Read More »

Христијан Мицкоски ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ


  Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги одреди активностите на партијата за следните избори.  „Споените избори беа и наше барање затоа што тоа е логичен слет на работите особено што на тој начин се намалуваат и трошоците за одржувањето на истите, исто така се скратува времето во кое што економијата ќе е замрзната, и граѓаните ќе …

Христијан Мицкоски ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Претседателот на Кенија: Време е за европски инвестиции во Африка


Време е Европа да го пренесе својот капитал и технологија во Африка за да го отклучи својот потенцијал во корист на двата континента, изјави денеска во Европскиот парламент кенискиот претседател Вилијам Руто. Лидерот на африканска земја со околу 53 милиони жители се смета за клучен сојузник на Западот во Африка. Руто ја критикуваше одлуката на …

Претседателот на Кенија: Време е за европски инвестиции во Африка Read More »

Португалскиот претседател накусо бил примен во болница откако паднал во бесознание на јавен настап


Португалскиот претседател, Марсело Ребело де Соуса, вчера бил примен во болница откако изгубил свест за време на јавен настан, но тој денеска е веќе  отпуштен, јави шпанската агенција ЕФЕ. „Се чувствувам добро“, изјави 74-годишниот шеф на државата, објаснувајќи дека морал двапати да биде подложен на испитувања во болницата.  Ребело де Соуса објасни дека паднал во …

Португалскиот претседател накусо бил примен во болница откако паднал во бесознание на јавен настап Read More »

Платата за Кабинетот на претседателот ќе биде исплатена со 5 отсто зголемување


Најдено е решение помеѓу институциите Претседател на Република Северна Македонија и Министерството за финансии за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари 2023 година. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5 проценти за административните службеници во …

Платата за Кабинетот на претседателот ќе биде исплатена со 5 отсто зголемување Read More »

Финскиот претседател верува дека Финска и Шведска ќе влезат во НАТО до лето


Финскиот претседател, Саули Нинисте, денеска изјави дека верува оти Финска и Шведска ќе бидат примени во НАТО во јули и посочи дека сака САД да ја притиснат Турција да ги одобри барањата за членство што ги поднесоа две држави. Нинисте изјави дека доколку се пролонгира решавањето на проблемот, ќе се доведе во прашање целиот процес …

Финскиот претседател верува дека Финска и Шведска ќе влезат во НАТО до лето Read More »

Црногорската опозиција се уште без договор за заеднички кандидат за претседателските избори


Лидерите на црногорските опозициски партии вчера во Подгорица разговараа за претседателските избори закажани за 19 март и заедничкиот опозициски кандидат за нов претседател на Црна Гора. Најголем дел од учесниците на средбата сметаа дека опозицијата мора да претстави заеднички кандидат за претседателските избори. Порталот РТЦГ јавува дека на средбата присуствувале претставници на парламентарната опозиција – …

Црногорската опозиција се уште без договор за заеднички кандидат за претседателските избори Read More »

Чесите бираат нов претседател, фаворит е поранешниот генерал Павел


 Поранешниот командант на чешката армија Петр Павел, прозападен кандидат кој ја поддржува помошта за Украина, има голема предност пред поранешниот премиер Андреј Бабиш додека Чесите влегуваат во вториот круг од гласањето за нов претседател. Пензионираниот генерал Павел (61) се кандидираше како независен кандидат и има поддршка од централно-десничарската чешка влада. Чешките претседатели немаат многу секојдневни …

Чесите бираат нов претседател, фаворит е поранешниот генерал Павел Read More »

Претседателот со најдолг стаж во светот го продолжува своето 43-годишно владеење


Претседателот на Екваторијална Гвинеја, Теодоро Обианг Нгуема Мбасого е реизбран на функцијата со 95 отсто од гласовите на изборите одржани на 20 ноември. Неговиот син и потпретседател на земјата, Теодоро Нгуема Обианг Манге, го овјави тоа на Твитер. Засега западни медиуми не можат да потврдат дали тоа тврдење е веродостојно. Победата ќе му даде на …

Претседателот со најдолг стаж во светот го продолжува своето 43-годишно владеење Read More »

Утре прв круг од претседателските избори во Словенија


Словенечките граѓани утре гласаат во првиот круг од претседателските избори, а анкетите покажуваат дека ниту еден од кандидатите нема да освои повеќе од 50 отсто од гласовите, неопходни за победа. На изборите учествуваат седум кандидати, од кои тројца имаат најмногу шанси за победа – поранешниот министер за надворешни работи Анже Логар, адвокатката и активистка за …

Утре прв круг од претседателските избори во Словенија Read More »

Еден од кандидатите за претседател на Словенија ја повлече кандидатурата поради закани


Музичарот Грегор Безеншек, кој се кандидираше на словенечките претседателски избори, денеска ја повлече својата кандидатура. Безеншек во септември прв поднесе кандидатура за изборите закажани за 23 октомври. Тој на прес-конференција појасни дека поради тоа, изминатиов период бил изложен на „исклучителни притисоци, непријателски пораки и закани“, јави словенечката новинска агенција СТА. Без да каже детали, Безеншек …

Еден од кандидатите за претседател на Словенија ја повлече кандидатурата поради закани Read More »

Бразил денеска избира нов претседател


По жестоката изборна кампања, Бразилците денеска излегуваат на гласање за да изберат нов претседател, а главни претседателски кандидати се актуелниот претседател, десничарот Жаир Болсонаро, и левичарскиот поранешен претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој беше на власт од 2003 до 2010 година. Анкетите му даваат јасна предност на Лула, но Болсонаро претходно изрази сомневање за …

Бразил денеска избира нов претседател Read More »

На возраст од 100 години почина поранешниот мексикански претседател Ечеверија


Поранешниот мексикански претседател Луис Ечеверија, кој ја презеде функцијата во 1970 година ветувајќи дека ќе ја отвори земјата демократски, но во реалноста неговиот мандат беше обележан со шест години од таканаречената „валкана војна“ против дисидентите, почина на возраст од 100 години. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор ја потврди смртта на Твитер во саботата и …

На возраст од 100 години почина поранешниот мексикански претседател Ечеверија Read More »

Неочекувана критика за Путин од претседателот на Казахстан


Рускиот претседател Владимир Путин наиде на неочекувана реакција од претседателот на Казахстан, кој го критикуваше за инвазијата на Украина и го постави прашањето за правото на народите на сопствена држава. Рускиот претседател, вчера на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, се обиде да ја оправда својата инвазија на Украина , опишувајќи ја како „легална според …

Неочекувана критика за Путин од претседателот на Казахстан Read More »

Бајрам Бегај нов претседател на Албанија


Албанскиот Pарламент доцна попладнево за нов претседател на државата го избра  генерал Бајрам Бегај, досегашен nачалник на Генералштабот на вооружените сили. За неговиот избор гласаа 78 пратеници, а покрај владејачките социјалисти поддршка му дадоа и опозициски пратеници. На пленарната седница пристигнаа дел од пратениците на Демократската партија приврзаници на Енкелејд Алибеај, но веднаш ја напуштија, …

Бајрам Бегај нов претседател на Албанија Read More »

Жена ќе биде претседател на Албанија?


  Социјалистичката партија на Албанија, која има мнозинство во парламентот, формираше работна група која ќе предложи претседателски кандидат. Меѓу имињата кои доминираат има најмногу жени, пренесе „Сот њуз“. Мандатот на Илир Мета престанува на 24 јули, а како што се наведува, Еди Рама е премиер кој им дал повеќе простор на жените во политиката од …

Жена ќе биде претседател на Албанија? Read More »

Чавез: Нема само да воведеме ред, туку повторно ќе ја изградиме Костарика


Новиот социјалдемократски претседател на Костарика, Родриго Чавез вчера положи заклетва најавувајќи инвестиции во образованието и борбата против корупцијата. „Контрадикторностите на нашата држава ни штетат и ги отежнуваат животите на нашите граѓани повеќе отколку што треба во една демократска, мирна земја, богата како нашата“, рече Чавез од Социјалдемократската партија на напредокот (ППСД) во заклетвата. „Знам дека …

Чавез: Нема само да воведеме ред, туку повторно ќе ја изградиме Костарика Read More »

Почина првиот претседател на независна Белорусија Станислав Шушкевич


Почина првиот претседател на независна Белорусија, по одвојувањето од Советскиот Сојуз, Станислав Шушкевич. Информацијата денеска ја потврди неговата сопруга. Осумдесет и седумгодишниот Шушкевич почина во болница од компликации предизвикани од Ковид-19. Тој беше еден од тројцата лидери, кои во декември 1991 година потпишаа договор, со што СССР престана да постои. Шушкевич беше противник на актуелниот …

Почина првиот претседател на независна Белорусија Станислав Шушкевич Read More »