Дел од наставниците на протест – бараат да не се спојуваат предметите и да им се зголемат платите


Независниот синдикат за образование и НСОН денеска во Скопје одржаа протест, како што нагласија, во интерес на правата на просветните работници и побараа да не се спојуваат наставните предмети и да се почитуваат колективните договори. Протестот започна напладне од Жена парк, а учесниците пешачеа до зградата на Министерството за образование и наука, каде одржаа говори. …

Дел од наставниците на протест – бараат да не се спојуваат предметите и да им се зголемат платите Read More »

„Специјалните“ си одат, но пак ќе ги водат случаите


Советот на јавни обвинители денеска ќе расправа за статусот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство. По разрешувањето на нивната шефица Катица Јанева, се очекува формално да биде констатирано оти завршува и нивниот мандат. Според законот, мандатот на обвинителите не може да го надмине мандатот на специјалната јавна обвинителка. Десеттемина обвинители потоа ќе се вратат во …

„Специјалните“ си одат, но пак ќе ги водат случаите Read More »

Обичните обвинители ќе им ја довршуваат работата на специјалните


Специјалното јавно обвинителство и официјално заминува во историја. Основното обвинителство со кое што раководи Љубомир Јовески прифати да ги презеде предметите што СЈО ги работи во моментот. Постапките по нив, без оглед дали се во судски процес, предистрага или истрага, ќе продолжат во надлежните јавни обвинителства. Сѐ уште е нејасно дали по нив ќе постапуваат …

Обичните обвинители ќе им ја довршуваат работата на специјалните Read More »

Јовески за „Независен“: Најважно е предметите да бидат „живи“


Државниот обвинител, Љубомир Јовески во изјава за „Независен весник“, вели дека сѐ уште е рано да се разговара кој од обвинителите ќе ги преземе предметите на Специјалното јавно обвинителство, односно дали е можно по нив да продолжат да постапуваат специјалните обвинители. „Тоа се технички прашања. Важно е и да се види дали партиите ќе успеат …

Јовески за „Независен“: Најважно е предметите да бидат „живи“ Read More »

Трансферот на предметите – спасувачка гума за СЈО


Сите предмети на СЈО, според вчерашните последни неофицијални информации, ќе преминат во посед на Државното јавно обвинителство предводено од Љубомир Јовески, откако тоа го побара специјалната обвинителка Катица Јанева, која се наоаѓа во притвор како осомничена во случајот „Рекет“. Тимот на СЈО вчера чекаше обвинителот Јовески официјално да го означи стартот на трансферот на комплетната …

Трансферот на предметите – спасувачка гума за СЈО Read More »

Јанева: За сите отворени предмети има материјални докази и сведоци


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева презентирајќи го шестмесечниот извештај на СЈО пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците рече дека прислушуваните разговори кои се предмет на ова Обвинителство се само индиција врз основа на која е остварена предистражната постапка и дека за сите отворени предмети има материјални докази и сведоци. …

Јанева: За сите отворени предмети има материјални докази и сведоци Read More »