Најмалку 11 лица исчезнаа во поплавите во кинеската провинција Гуандонг


Најмалку 11 лица ги загубија животите во поплавите предизвикани од обилните дождови кои претходниот ден ја погодија источната кинеска провинција Гуангдонг, јавија британските медиуми. Поради поплавите повеќе од 50.000 луѓе се раселени, соопшти Одделот за управување со вонредни состојби во Гуангдонг, пренесува Чајна дејли. Лошото време најмногу ги погоди градовите Шаогуан, Гуангжу, Хехуан, Џаокинг, Меиџоу …

Најмалку 11 лица исчезнаа во поплавите во кинеската провинција Гуандонг Read More »

Огромно невреме ги погоди Оман и Дубаи – има мртви


Осумнаесет лица загинаа во поплавите во Оман, а се трага по исчезнатите. Како последица на обилните дождови, поплави го погодија Дубаи и во соседните Обединети Арапски Емирати. 🔴 الاوضاع الحالية في البريمي #منخفض_المطير pic.twitter.com/TLXz9FE0LM — طقس عُمان 🌦 (@WeatherOman) April 16, 2024 Во текот на ноќта почна да врне дожд, а луѓето ги оставија своите …

Огромно невреме ги погоди Оман и Дубаи – има мртви Read More »

Прогласена вонредна состојба: Поплавите однесоа повеќе од 70 животи (видео)


Силно невреме ги погоди Авганистан и Пакистан и предизвика поплави кои досега однесоа повеќе од 70 животи. Најмалку 39 лица загинаа во Пакистан откако силно невреме го погоди југозападниот дел на земјата. Силни поплави се забележани и во соседен Авганистан, каде животот го загубија 33 лица, а стотици куќи беа оштетени, соопштија авганистанските власти. Најпогодена …

Прогласена вонредна состојба: Поплавите однесоа повеќе од 70 животи (видео) Read More »

Десетици илјади луѓе евакуирани по поплавите во Русија. Врвот допрва се очекува


Врвот на поплавите во руската област Курган, која се протега на реката Тобол, во близина на границата со Казахстан, се очекува денеска, по драматичното зголемување на нивото на водата. Повеќе од 7.100 луѓе вчера беа евакуирани од неколку стотици станбени згради кои беа поплавени. Агенцијата РИА јавува, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации, дека …

Десетици илјади луѓе евакуирани по поплавите во Русија. Врвот допрва се очекува Read More »

Силен дожд во источна Австралија, опасни поплави во Сиднеј, спасени 152 лица


Австралиските власти соопштија дека 152 лица се спасени од поплавите во источната држава Нов Јужен Велс по обилните дождови што предизвикаа предупредувања за жителите да се преселат на повисоките места. Властите соопштија дека биле извршени 72 спасувања во најголемиот австралиски град Сиднеј, каде што дојде до опасни поплави во неколку ниски предградија. На сила беа …

Силен дожд во источна Австралија, опасни поплави во Сиднеј, спасени 152 лица Read More »

Калифорнија ја погоди големо невреме, го нарекоа „Ананас експрес“


Американската национална метеоролошка служба (NWS) објави дека се очекува „невидена бура“ во Лос Анџелес, пренесува Sky News. Тоа е бура што ја нарекоа „Ананас Експрес“ затоа што доаѓа од Хаваи. Една таква бура веќе ја погоди Калифорнија минатата недела. Бурите се случуваат токму на време за Греми наградите, на кои многу познати личности се собраа …

Калифорнија ја погоди големо невреме, го нарекоа „Ананас експрес“ Read More »

Поројни дождови и поплави во Сан Диего: Граѓаните евакуирани (видео)


Интензивниот дожд во Сан Диего предизвика поројни поплави, поради што беа евакуирани стотици луѓе, а затворени се автопати и градски улици. Водената стихија носела автомобили и навлегла во подрумите на многу згради. Градоначалникот на Сан Диего, Тод Глорија, прогласи вонредна состојба и ги повика жителите да избегнуваат непотребни патувања. Како што објави Њујорк Тајмс, за …

Поројни дождови и поплави во Сан Диего: Граѓаните евакуирани (видео) Read More »

Давос: Климатските промени во наредните децении се закануваат со смрт на милиони луѓе


Последиците од климатските промени во наредните децении веќе се смртна закана за неколку милиони луѓе и ќе предизвикаат сериозни болести и високи трошоци за здравствените системи, се вели во извештај објавен во вторник во Давос. Поплавите се најголем ризик, се наведува во заедничкиот извештај на Светскиот економски форум (СЕФ) кој оваа недела се одржува во …

Давос: Климатските промени во наредните децении се закануваат со смрт на милиони луѓе Read More »

Поплави во источна Австралија


Обилните дождови предизвикаа поплави во делови од источна Австралија, поплавувајќи патишта, отсекувајќи градови и оштетувајќи имот, додека властите ги советуваат жителите на ниските места да се евакуираат. Во неколку региони во југоисточниот дел на Квинсленд и северниот дел на Нов Јужен Велс во последните три дена наврнала количина еднаква на најмалку два месеци врнежи. Во …

Поплави во источна Австралија Read More »

(Видео) Поплави во Австралија, градот ќе се евакуира. Крокодил плива низ улиците


Реекордна количина на врнежи е причина за огромните поплави во Австралија, на крајниот север на Квинсленд. Властите наведуваат дека ова е најлошата поплава некогаш забележана во Австралија, а на улиците дури е забележан и крокодил, пишува Би-би-си.   Екстремните временски услови предизвикани од тропски циклон фрлаат годишно количество дожд во некои австралиски области. Фотографиите објавени …

(Видео) Поплави во Австралија, градот ќе се евакуира. Крокодил плива низ улиците Read More »

Евакуација и вонредна состојба во делови од Франција поради поплави


Илјадници француски жители беа евакуирани од своите домови како последица на поплавите кои ги зафатија северните и источните делови на земјата. Рекордните врнежи предизвикаа излевање на реките од коритата, а владата прогласи вонредна состојба во стотици градови и села. Фондот за итни случаи изнесува 50 милиони евра, а тие пари ќе ги користат локалните власти …

Евакуација и вонредна состојба во делови од Франција поради поплави Read More »

Поплави на северот на Франција


Непрекинатите поројни дождови во последните денови во северна Франција предизвикаа излевање на речните корита, поплавени домови и обработливо земјиште и наложија евакуација на локалното население. Повеќе од 100 населени места се во состојба на готовност, а околу 200 училишта во областа беа затворени. Спасувачките екипи мораа да евакуираат и добиток. Министерот за животна средина Кристоф …

Поплави на северот на Франција Read More »

Најмалку 41 лице загина во поплавите во североисточна Индија


Најмалку 41 лице загина во поплавите во една долина во североисточна Индија, предизвикани од излевање на глечерното езеро на Хималаите. Поплавите однесоа повеќе од 270 куќи и 11 мостови, а илјадници луѓе мораа да бидат евакуирани, соопштија локалните власти. Кога се излеа, езерото ја проби најголемата хидроелектрична брана во државата Сиким, поплавувајќи села во долината. …

Најмалку 41 лице загина во поплавите во североисточна Индија Read More »

Најмалку осум лица загинаа во поплавите во Мексико, а шест во Гватемала


Најмалку осум лица загинаа, а три се повредени откако обилни дождови предизвикаа излевање на река во мексиканската држава Халиско. „Нетипичните“ врнежи целосно уништија четири куќи, а се проценува штетата на уште 50 згради, изјави локалниот функционер Густаво Роблес. Тој рече дека локалните власти, кои соработуваат со федералната влада за прогласување вонредна состојба, добиле информација дека …

Најмалку осум лица загинаа во поплавите во Мексико, а шест во Гватемала Read More »

Предупредување за поплави во Велика Британија: За еден ден може да наврне колку за еден месец


До крајот на неделата може да падне дожд во еден ден колку и за еден месец низ Велика Британија, што ќе предизвика поплави опасни по живот, предупредуваат експертите. Портокалово предупредување за дожд е издадено низ делови од јужна Англија, вклучувајќи ги Девон и Сомерсет. Жолто предупредување од синоќа има за невреме со грмотевици е објавено …

Предупредување за поплави во Велика Британија: За еден ден може да наврне колку за еден месец Read More »

Либија: Во бурата „Даниел“ загинаа најмалку 150 луѓе


Најмалку 150 лица загинаа во силното невреме што ја погоди источна Либија. Невремето донесе обилни дождови кои предизвикаа поплави, а оштетени се куќи и патишта, соопштија денеска владини извори. Властите прогласија вонредна состојба, ги затворија училиштата и продавниците и воведоа полициски час од недела. Бурата „Даниел“ ги погоди либиските градови Бенгази, Сус, Ал Бајда, Ал-Марџ …

Либија: Во бурата „Даниел“ загинаа најмалку 150 луѓе Read More »

Јужниот дел на Кина поплавен седми ден по обилните врнежи


Поради обилните дождови што ги донесе тајфунот Хаикуи, кој сега е тропска бура, јужна Кина е поплавена веќе седми ден, а голем број жители и патишта се блокирани. Во руралниот округ Бобаи во регионот Гуангкси, спасувачите на чамци се обидуваат да ги евакуираат луѓето на безбедно од вода длабока повеќе од два метри, јавија државните …

Јужниот дел на Кина поплавен седми ден по обилните врнежи Read More »

Расте гневот во Грција против владата за лошото справување со поплавите


  АТИНА – Владата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис е под жестоки критики поради справувањето со уште една природна катастрофа, бидејќи бројот на жртвите од силните поплави во централна Грција се искачи на 10 лица, а обемот на катастрофата остана непознат. Со цели села под вода, спасувачките екипи со хеликоптери, чамци и булдожери продолжија во …

Расте гневот во Грција против владата за лошото справување со поплавите Read More »

Регионот зафатен од невреме: Поплави и огромни бранови во Грција, Турција и Бугарија, има жртви


Грција, Турција и Бугарија се погодени од силно невреме и поплави во кои загинаа најмалку седум лица, меѓу кои и двајца туристи кои беа однесени од поројните дождови во камп во северозападна Турција. Али Јерликаја, турскиот министер за внатрешни работи, изјави дека уште четири лица се водат како исчезнати по силните поплави во камп во …

Регионот зафатен од невреме: Поплави и огромни бранови во Грција, Турција и Бугарија, има жртви Read More »

Поплавени приморски градови на бугарскиот брег на Црно Море


Крајбрежниот регион на јужна Бугарија е погоден од обилни врнежи од дожд, што резултираше со големи поплави во туристичките места на Црното Море, јави ДПА. Многу хотели и куќи денеска биле поплавени, јавуваат бугарските медиуми. Властите во градот Царево прогласија вонредна состојба откако реката Велека излеа од коритото. Според БТА во Царево загинале две лица. …

Поплавени приморски градови на бугарскиот брег на Црно Море Read More »