Во Косово денеска почнува пописот на населението, резултатите се очекуваат по три месеци


По повеќе од две години одлагање, во Косово денеска ќе започне пописот на населението, домаќинствата и становите/куќите, вклучително и на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, во процес кој ќе трае шест недели, односно до 17 мај годинава, јави дописникот на МИА од Приштина. Во пописот ќе бидат ангажирани околу 3.500 попишувачи и …

Во Косово денеска почнува пописот на населението, резултатите се очекуваат по три месеци Read More »

Во Црна Гора започна пописот на населението и домаќинствата


Денеска, по две одложувања, почна пописот на населението и домаќинствата во Црна Гора. Како што соопштија од Монстат, од рано изутрина на терен ќе бидат попишувачи на Дирекцијата за статистика. Попишувачите во наредните денови ќе бидат на терен од 8 до 20 часот. Планирано е пописот да трае 15 дена, но можно е тој да …

Во Црна Гора започна пописот на населението и домаќинствата Read More »

Пописот во Црна Гора повторно одложен, новиот датум е 3 декември


Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ доцна синоќа изјави дека неговата влада одлучила да го одложи за 3 декември пописот на населението во Црна Гора, што требаше да почне денеска. Претходно, најголемата опозициска партија во Црна Гора, Демократската партија на социјалистите, најави дека нема да учествува во пописот на населението додека не се исполнат сите услови предвидени …

Пописот во Црна Гора повторно одложен, новиот датум е 3 декември Read More »

Пописот на населението во Албанија продолжен до 15 идниот месец


 Државниот институт за статистика на Албанија, ИНСТАТ, вечерва соопшти дека пописот на населението и домаќинствата, што требаше да заврши на 30 овој месец,  продолжува до15 следниот месец. Во соопштението на ИНСТАТ, се наведува дека „околу 3 отсто од подрачјата на  целата територија на Република Албанија се уште се не попишани, затоа рокот се продолжува за …

Пописот на населението во Албанија продолжен до 15 идниот месец Read More »

Црна Гора: Спаиќ најави одложување на пописот за еден месец


  Мандатарот за состав на црногорската влада Милојко Спаиќ најави дека новата извршна власт заедно со парламентарното мнозинство ќе предложи одложување на пописот на населението за еден месец. Пописот е закажан за периодот од 1 до 15 ноември. Лидерот на Движење Европа, Спаиќ истакна дека за легитимитет на пописот важно е учеството на опозицијата во …

Црна Гора: Спаиќ најави одложување на пописот за еден месец Read More »

Пописот во Албанија оди кон неуспех, особено за малцинствата, вели лидерот на грчката партија


  Лидерот на грчката партија за заштита на човековите права, ПБДНЈ и пратеник во албанскиот парламент, Вангел Дуле, во изјава за медиумите изрази резервираност за пописните резултати, пред сè за веродостојноста на податоците за националните малцинства. Дуле нагласи дека за пописот немало ангажирани попишувачи од малцинствата, што условило етничката припадност да ја пишуваат како што …

Пописот во Албанија оди кон неуспех, особено за малцинствата, вели лидерот на грчката партија Read More »

ДПС одлучи да го бојкотира пописот на населението во Црна Гора: Се врши етнички инженеринг


Главниот одбор (ГО) на Демократската партија на социјалистите (ДПС) одлучи да го бојкотира претстојниот попис на населението, потврди Монтенегрин њуз. Таа партија побара одложување на пописот за најмалку шест месеци, за да ги добие сите законски и формални услови за одржување на тој процес. Бидејќи тоа не се случи, Генералното собрание одлучи на бојкот, на …

ДПС одлучи да го бојкотира пописот на населението во Црна Гора: Се врши етнички инженеринг Read More »

Во Албанија денеска почнува пописот на населението и домаќинствата


Во Албанија денеска почнува една од најзначајните статистички операции, пописот на населението и домаќинствата, на кој за првпат дадените одговори попишувачите ќе ги внесуваат во електронски уреди- таблети. Како што соопшти Институтот за статистика, ИНСТАТ, навреме се преземени сите потребни подготовки и се очекува истиот да заврши во предвидениот рок од шест седмици. – Оваа …

Во Албанија денеска почнува пописот на населението и домаќинствата Read More »

Албанија: Парични казни за лицата кои ќе одбијат да дадат податоци на пописот


Се финализираат подготовките за пописот на населението и домаќинствата на целата територија на Албанија, што ќе почне на 18 септември, потврди директорката на албанскиот Институт за статистика, (ИНСТАТ), Елса Дули. Таа додаде дека за оваа статистичка операција ќе бидат ангажирани околу 7.000 попишувачи, за што во тек е јавен повик, и оти вкупните трошоци за …

Албанија: Парични казни за лицата кои ќе одбијат да дадат податоци на пописот Read More »

Бирото за попис на САД уште еднаш го одложува објавувањето на податоците од пописот во 2020 година


 Бирото за попис на САД објави дека повторно ќе го одложи објавувањето на детали од пописот во 2020 година за следната година. Тие бројки нема да бидат објавени до септември 2024 година, повеќе од четири години по пописот. Објавувањето на податоците за големината на домаќинствата и семејствата исто така е одложено, но исто така ќе …

Бирото за попис на САД уште еднаш го одложува објавувањето на податоците од пописот во 2020 година Read More »

Пописот на населението во Албанија почнува на 18 септември, ќе чини 16,8 милиони евра


Пописот на населението, домаќинствата и становите во Албанија ќе почне на 18 септември и ќе трае шест седмици, соопшти државниот институт за статистика, ИНСТАТ.   Во однос на трошоците за пописот, ИНСТАТ пресметува дека ќе бидат потрошени 16,8 милиони евра, при што трошокот по жител е блиску до просекот на европските земји.   – Спроведувањето …

Пописот на населението во Албанија почнува на 18 септември, ќе чини 16,8 милиони евра Read More »

Објавена првата публикација од Пописот 2021


 Клучните податоци за населението, домаќинствата и становите од Пописот 2021 од сега се достапни и во првата публикација под наслов: „Вкупно резидентно население, домаќинства и станови во Република Северна Македонија, Попис 2021“. Како што соопшти Државниот завод за статистика, по обработката на податоците и објавувањето во сетови, во првата публикација од Пописот 2021 преку 22 …

Објавена првата публикација од Пописот 2021 Read More »

Симовски: Единствена валидна категорија е резидентно население


Единствена валидна категорија е резидентно население и тоа е согласно сите стандарди на ОН кои важат за сите земји во светот и ги прифати и Евростат, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на прашање од МИА, за тоа кои податоци треба да се користат од Министерството за информатичко општество и администрација при …

Симовски: Единствена валидна категорија е резидентно население Read More »

МИОА: Усогласувањето за правичната застапеност при вработувања во јавниот сектор е со податоци од вкупно попишаните лица


При усогласување на податоците од последниот Попис, а во врска со вработувањата во јавниот сектор согласно принципот на правична и соодветна застапеност што се врши со Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор од Министерството за информатичко општество и администрација за МИА велат дека за основа се земени предвид податоците добиени од вкупниот број …

МИОА: Усогласувањето за правичната застапеност при вработувања во јавниот сектор е со податоци од вкупно попишаните лица Read More »

Над 90 проценти од домаќинствата користат вода од водовод, а над 12 илјади флаширана


Според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење над 91 процент користат вода од јавен водовод, додека над 12 илјади или над два проценит од домаќинствата користат флаширана вода за пиење, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика. Од вкупно …

Над 90 проценти од домаќинствата користат вода од водовод, а над 12 илјади флаширана Read More »

Од 1 до 31 октомври Попис на населението на Србија со електронски прашалници


На пописот на населението што ќе се одржи во Србија од 1 до 31 октомври 2022 година за првпат ќе се користат електронските прашалници, а прелиминарните резултати ќе бидат познати до крајот на ноември, беше речено на прес-конференција во Републичкиот завод за статистика (РЗС), јави дописникот на МИА од Белград. Според Снежана Лакчевиќ, помошник директор на РЗС, на пописот на населението ќе бидат …

Од 1 до 31 октомври Попис на населението на Србија со електронски прашалници Read More »

Речиси 35 отсто од македонските граѓани се со основно образование или неписмени


  Државниот завод за статистика објави нови податоци од пописот кои се однесуваат на образованието. Од нив произлегува дека само околу 20 отсто од граѓаните во Македонија се високообразовани, за разлика од, на пример, Канада каде тој процент надминува 60 отсто. Наспроти тоа, дури 35 отсто од граѓаните кај нас или се неписмени, или почнале …

Речиси 35 отсто од македонските граѓани се со основно образование или неписмени Read More »

Во Србија во октомври ќе се одржи пописот на населението, домаќинствата и становите


 Пописот на населението, домаќинствата и становите во Србија, што поради епидемијата од Ковид-19 беше одложен за 2022 година, ќе се одржи во октомври, потврдија за Блиц во Републичкиот завод за статистика, јави дописникот на МИА од Белград. Блиц во денешниот број наведува дека по 11 години пописот ќе се одржи од 1 до 31 октомври …

Во Србија во октомври ќе се одржи пописот на населението, домаќинствата и становите Read More »

Просечното домаќинство за 20 години намалено за половина член


Просечното домаќинство во државата во последните 20 години има загубено по половина член и бележи намалување од 3,6 членови во 2002 година, на 3,06 членови во 2021 година. Ова е тренд во сите општини освен во Чаир, Шуто Оризари и Чашка во кои има раст и во Сарај, Градско и Пехчево, каде има стагнација. Општина …

Просечното домаќинство за 20 години намалено за половина член Read More »

Симовски: Податоците за 132.000 лица се земени од регистрите и тие се дел од пописот


За 132.000 лица кои не беа опфатени со теренското спроведување на пописот, податоците се преземени од регистрите и тие се дел од пописот, вели директорот на ДЗС, Апостол Симовски. Симовски во гостување на „Утрински брифинг“ ги појаснува причините поради кои овие лица не биле опфатени со теренското попишување на статистичката операција. – Тие 132.000 лица …

Симовски: Податоците за 132.000 лица се земени од регистрите и тие се дел од пописот Read More »